JustPaste.it

До:
Државен просветен инспекторат
ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54
1000 – Скопје

 

Од:

______________________________________

      (вашето име и презиме)

______________________________________

      (вашата адреса)

______________________________________

      (Град)

 

Телефонски број:

 

______________________________________

 

Предмет: Претставка врз основа на член 3,4 и 5 од Законот за постапување по претставки и предлози(Сл. Весник на РМ бр.82/08, 169/08, 156/15 и 193/15), против општинско основно училиште  ________________________ кое се наоѓа на  Бул. ________________________ Град _______________, како и против самиот директор на истото училиште, поради дискриминација врз основа на вакциналниот статус на моето дете _________________,  поради незапишување на моето дете во прво одделение, а со тоа моето дете не може да започне да го посетува прво одделение, спротивно на 2 став 2 и член 46 став 2 од  Законот за основно образование (Сл. Весник на Република Македонија бр. 103/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11,42/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15,  98/2015, 145/2015, 30/2016, 127/2016 , 67/2017 и 64/2018).

 

            На ___________ година, во предметното училиште се обидов да го запишам во прво одделение моето дете. Од страна на предметното основно училиште одбија да го запишат моето дете. Едноставно одбија да ми ги примат документите поради тоа што моето дете не е вакцинирано со определена вакцина.

             Пред да продолжам со претставката, и детално да ги напишам правните прописи кои се прекршени со ваквото однесување, од страна на предметното основно училиште  на насловот ќе му укажам дека официјалниот став на Министерството за образование и наука, пренесен преку медиумите, според кој „вакцината не може да биде услов за упис во градинка и училиште.“ и тоа  преку новинарската статија  од 22 април 2018 година на новинската агенција Нетпрес со наслов „Десковска му се спротистави на Филипче, вакцините не се услов за образование“, во истата статија го пишува следното „Ниту едно дете не смее да остане надвор од образовниот систем – порачуваат од Министерството за образование. Од таму велат дека вакцината не може да биде услов за упис во градинка и училиште. Од Кабинетот на министерката Рената Десковска со порака до здравствените власти – да најдат други механизми со кои ќе ги едуцираат родителите и ќе го зголемат опфатот на имунизација. Во Уставот на Република Македонија, е наведено дека основното образование е задолжително. Ова значи дека ниту едно дете не смее да остане надвор од образовниот систем... По ваквиот став од МОН, сега и министерот Венко Филипче го смени ставот од вчера и вели дека разговараат со Министерствата за образование и труд и социјална политика, во која насока да се прават измени. Посочува дека родителите треба прво да се советуваат.... Филипче рече дека услов за запишување во градинка и во училиште ќе биде децата да бидат вакцинирани започнувајќи од септември. Денеска тој, по реакцијата од МОН го смени ставот. Во моментот разговараме за тоа дали е потребно да се направи промена во некој дел од регулативата, секако дека ни едно дете нема да остане без образование заради тоа што тоа е задолжително и со Устав загарантирано.... вели за ТВ 24 Венко Филипче – Министер за здравство.“ Истиот став, иако во меѓувреме Република Македонија има нов министер за образование и наука, не е променет.  

            Доказ: http://netpress.com.mk/deskovska-mu-se-sprotistavi-na-filipce-vakcinite-ne-se-uslov-za-obrazovanie/

            Понатаму, ќе укажам на веќе постоечката пракса на Народниот правобранител, каде што по поднесена претставка од страна на родител/старател, успешно се имаат запишани деца во прво одделение. Тука Државниот просветен инспекторат ќе го упатам на Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2018 година, каде што самиот Народен правобранител има напишано „Народниот правобранител, повикувајќи се на Меѓународната Конвенција за заштита на правото на детето, Пресуди на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, како и на Уставот, Законот за основно образование, Законот за спречување и заштита од дискриминација, сметајќи дека е крајно дискриминаторско и спротивно на закон постапувањето на училиштето поради што го одбил уписот во прво одделение поради фактот што детето не било вакцинирано....“

            Доказ: http://ombudsman.mk/upload/Godisni%20izvestai/GI-2017/GI-2018.pdf ,   страница 112

            Од горенаведената статија, како и проверката на истото од страна на Државниот просветен инспекторат во Министерството за образование и наука, кај Народниот правобранител, како и сопствената пракса, веднаш ќе се забележи дека „вакцината не може да биде услов за упис во градинка и училиште.“ Во конкретниот случај, предметното Основно училиште, не е ниту над законите, ниту над Министерството за образование и наука, да воведува самостојно свои политики и услови на запишување, кои како што ќе се види во нормативниот дел на оваа претставка, се спротивни и надвор, пред се на Уставот на РМ, потоа Законот за основното образование, како и останатите позитивни-законски прописи, односно меѓународното право, а посебно спротивно на ставовите изразени во пресуди на Европскиот суд за човекови права, кои се задолжителни за почитување, во конкретниот случај, од страна на основното училиште, и конечно, ставовите на Министерството за образование и наука.

            Во таа смисла, најпрвин, согласно член 46 став 2 од Законот за основното образование со кое „При запишувањето на детето во прво одделение родителот е должен да достави потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа“. Во однос на тоа дека самиот закон, не бара да бидат примени сите задолжителни вакцини, туку се бара потврда само за примените задолжителни вакцини, а како што напомнав погоре, според ставот на Министерството за образование и наука „вакцината не може да биде услов за упис во градинка и училиште.“, односно и според самиот Министер за здравство, Венко Филипче  „секако дека ни едно дете нема да остане без образование заради тоа што тоа е задолжително и со Устав загарантирано“.

            Како што веќе напомнав погоре согласно ставот на Министерството за образование, изјавено на новинари, во новинарската статија е следниот  „вакцината не може да биде услов за упис во градинка и училиште.“, а и според самиот Министер за здравство, Венко Филипче  „секако дека ни едно дете нема да остане без образование заради тоа што тоа е задолжително и со Устав загарантирано“.

           Кога ќе се увиди дека согласно член 46 став 2 од Законот за основното образование, од моја страна, помеѓу другото, треба да доставам само потврда за примените задолжителни вакцини, што значи, само кои вакцини ги има примено моето дете, а не дека моето дете е должно да ги има примено сите задолжителни вакцини како услов за запишување, а во таа смисла, предметното основно училиште, не може да бара исполнување на некои услови, кои што не само што ги нема во Законот за основното образование, туку се и спротивни на ставовите на Министерството за образование и наука, во однос на тоа дека вакцината не може да биде услов за упис во основно училиште.

            Во таа смисла, предметното основно училиште не смее да донесе одлука дека моето дете не смее да го посетува истото, поради тоа што се она што е потребно законски за посетување на моето дете на предметното основното училиште, е исполнето од моја страна, а во таа смисла е во конзистентност погоре спомнатиот став на Министерството за образование и наука дека  „вакцината не може да биде услов за упис во градинка и училиште.“.  Предметното основно училиште е должно да ги почитуваат позитивните-законски прописи на Република Македонија, како и ставовите на Министерството за образование и наука.

 

          Прибавување на документација по службена должност

            Пред детално да ги изанализирам прописите од домашното и меѓународното право кои се повредени со дејствијата на предметното основно училиште, од голема важност на насловот е да му ги предочам релевантните одредби од Законот за општата управна постапка(Сл. Весник на РМ бр. 124/15) , а во врска  член 46 став 2 од Законот за основното образование со кое „При запишувањето на детето во прво одделение родителот е должен да достави потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа“. Како што ќе се види, доколку од било кои причини, било кој, не само јас, не сум во можност да ја извадам истата потврда(зафатеност или било која друга причина), предметното училиште по службена должност е должно да ја прибави истата потврда. Исто така само ќе укажам тука бидејќи  Законот за општата управна постапка практично ги презема определени одредби од Законот за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност(Сл. Весник на РМ бр.79/13), и поради тоа нема да ги анализирам одредбите од истиот, а се со цел да се избегне непотребно повторување, а насловот може истото по службена должност да го превери.

            Најпрвин на насловот ќе му укажам дека согласно член 2 став 1 од новиот Закон за општата управна постапка, а во однос на примената на Законот за општата управна постапка и другите закони, пропишано е дека „Овој закон се применува за сите управни дејствија на јавните органи и на давателите на услуги.“, а додека согласно ставот 2 “ Со посебните закони одделни работи може да се уредат поинаку од овој закон, доколку не се во спротивност со основните начела и целта на овој закон и не ја намалуваат заштитата на правата и правните интереси на странките загарантирана со овој закон.“ . Очигледно е дека предметното основно училиште не смее да ги одземе и намали моите права загарантирани со Законот за општата управна постапка.

            Како што ќе увиди насловот од понатамошниот текст, предметното основно училиште доколку тврди дека некои документи не се доставени, во тој случај, предметното основно училиште било должно да постапи согласно  член 10, 56  и 57  од Законот за општата управна постапка и по службена должност(ex officio)  истите да ги прибави. На пример, потврдата што е потребно да се приложи при запишување согласно член 46 став 2 од Законот за основното образование

             Најпрвин,  според членот 10 став 1 од Законот за општата управна постапка(Начелото на утврдување на материјалната вистина),  „Јавниот орган треба да ги утврди сите факти и околности што се од битно значење за правилно утврдување на фактичката состојба во управната постапка.“, односно согласно ставот 2 „Јавниот орган е должен по службена должност да ги прибави, разгледа и обработи информациите кои се чуваат во службената евиденција и регистрите, под услов пристапот до овие информации да не е забранет со посебен закон.

            Потоа, изведувањето докази по службена должност  е утврдено со член 56 став 1 од Законот за општата управна постапка,  кој гласи „Јавниот орган е должен да ги утврди фактите и околностите што се од значење за управното дејствие со изведување на потребните докази и податоци., потоа ставот 2 гласи „ Под докази и податоци, во смисла на овој закон, се подразбираат исправите (уверенија, сертификати, потврди и друго) кои се издаваат од надлежен орган за кои води службена евиденција, а што служат за утврдување на фактичката состојба врз основа на која се решава за правата, обврските или правните интереси на странките.“ за да потоа ставот 3 гласи „Доказите и податоците, за кои органот надлежен за решавање води службена евиденција, ќе се смета дека странката ги има поднесено со барањето.“ , и конечно ставот 4 гласи „Доказите и податоците ќе се смета дека странката со барањето ги има поднесено и доколку за истите службена евиденција води друг орган, а истите органот надлежен за решавање е должен да ги прибави по службена должност по електронски пат, ако странката даде претходна согласност нејзините лични податоци да бидат употребени во постапката за остварување на определено право или правен интерес.“

            Потоа, постапката за изведување на доказите по службена должност е одредена со  член 57 став 1 од Законот за општата управна постапка, односно  „Службеното лице кое ја води постапката е должно по службена должност по електронски пат да ги прибави доказите и податоците за фактите за кои службена евиденција води јавниот орган надлежен за решавање.“, додека ставот 2 гласи „Службеното лице ќе постапи согласно со ставот (1) на овој член и во случај кога во однос на фактите службена евиденција води друг јавен орган, односно друг субјект кој води регистар за податоци.“ а ставот 3 гласи „Јавниот орган, односно субјектот кој води службена евиденција е должен бараните докази и податоци да ги достави по електронски пат во рок од три дена од денот на приемот на барањето.“

            Сметам дека е потребно повторно да нагласам дека согласно член  2 став 1  од Законот за општата управна постапка „Овој закон се применува за сите управни дејствија на јавните органи и на давателите на услуги.“, а додека согласно ставот 2 “Со посебните закони одделни работи може да се уредат поинаку од овој закон, доколку не се во спротивност со основните начела и целта на овој закон и не ја намалуваат заштитата на правата и правните интереси на странките загарантирана со овој закон.“.

                Од членовите 10, 56 и 57 од Законот за општата управна постапка, јасно и недвосмислено, може да се утврди дека предметното основно училиште има должност, по службена должност - ex officio,  да ги прибави сите потребни документи, а кој се наоѓаат кај други органи а во однос на моето Барање за запишување на моето дете во прво одделение, а доколку тврди дека определени документи ги нема. 

 

Прописи од домашното и меѓународното право кои се повредени со дејствијата на основното училиште

              Најпрвин, однесувањето на предметното основно училиште е спротивно  на член 46 став 2 од Законот за основното образование, како веќе напоменавме, поради тоа што не се дозволува моето дете да го посетува предметното основно училиште, за да може да се стекне со задолжителното основно образование. Истото е спротивно на Членот 26 од Универзалната декларација за човекови права на ООН, член 2, 28 и 29 од Конвенцијата за правата на децата, член 13 став 1 од Меѓународниот пакт за економски социјални и културни права, потоа членот 14 од Повелбата за основните права на Европската унија, членот 2 од Протоколот број 1 на  Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи. Исто така се прекршува и член 1,3 и 8 од Конвенцијата за работниците со семејни обврски, како и членот 9 и 44 од Уставот на РМ. Исто така ќе го потсетам насловот дека се наоѓаме во 21 век, кога образованието е основно човеково право, и да се одбие образование на дете е тешка дискриминација.

               Причината за ваквото однесување на предметното основно училиште е вакциналниот статус на моето дете. Моето дете, нема примено определени вакцини, што е сосема законски, согласно постојаните законски прописи во РМ, а и согласно ставот на Министерството за образование и наука. Ние родителите имаме право на избор. Тоа е како законско така и природно право. Во таа смисла е и членот 2 од  Конвенцијата за заштита на човековите права и достоинството на човечкото суштество во однос на примената  на биологијата и медицината(Сл. Весник на РМ бр. 55/09), член 2 (Првенство на човечкото суштество), кој гласи,  „Интересите и добросостојбата на човечкото суштество ќе преовладуваат во однос на единствениот интерес на општеството или науката“ и членот 5, кој гласи „Интервенција во областа на здравството може да се изврши единствено кога засегнатото лице доброволно ќе се согласи на тоа, врз основа на дадена информација“. Во тој правец е и Законот за заштита на правата на пациентите (Сл. Весник на РМ бр.82/08, 12/09, 53/11 и 150/15), односно член 4 став 1 точка 2, потоа член 5, 6, 14 и 15.

             Во таа смисла, важноста на вклучувањето на детето во составот на развој и образование, од што порана возраст е елаборирана и во документите на Европската Унија, известувањето од Европската комисија од 17 февруари 2011(6264/11) -  страница 3,  во која се наведува дека „раниот развој и образование е битен темел за успешно доживотно образование, социјална интеграција, личен развој и понатамошната вработливост. Надополнувачката средишна улога на семејството, раниот развој и образование има длабоки и трајни влијанија кои не можат да ги постигнат мерките кои се превземаат во понатамошниот живот“.  За големата важност на институционален ран развој и образование и неговата добробит за поединците и општеството во целина, говорат и заклучоците  на Советот на Европската Унија (2011/C 175/03), објавени во Службениот Весник на Европската Унија на 15 јуни 2011 година.

            Согласно  Законот за основно образование, и тоа членот 46 став 2 според кој „При запишувањето на детето во прво одделение родителот е должен да достави потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа“. Од анализата на членот 46 став 2 може да се утврди дека родителот при уписот во основно училиште треба да достави потврда, за примени вакцини. Членот 46 став 2 не вели дека за упис потребно е да се има  задолжително примени задолжителни вакцини, како услов за запишување на децата во прво одделение во основните училишта. Во таа смисла е и одредбата за проверка на вакциналниот статус на децата, според Правилникот за имунопрофилакса, хемиопрофилакса, лицата кои подлежат на овие мерки, начинот и изведување и водење на евиденција и документација (Сл. Весник на РМ бр. 177/15), и тоа член 83 став 1 точка 3, одредба според која „Вакциналниот статус задолжително се проверува: При запишување во сите видови училишта од основно училиште до високообразовни установи”.

             Согласно член 44 од Уставот на РМ „Секој има право на образование. Образованието е достапно на секого под еднакви услови. Основното образование е задолжително и бесплатно.“

             Членот 26 од Универзалната декларација за човекови права на ОН гласи „Секој има право на образование. Образованието е бесплатно, барем што се однесува до наставата во основните училишта и базичното образование. Наставата во основните училишта е обврзувачка. Стручната настава и наставата за занимања мора да биде дадена на располагање, а високообразовната настава мора на сите подеднакво да им биде дадена, во согласност со нивните способности. Образованието мора да биде насочено кон целосниот развој на човековата личност и јакнење на почитувањето на човековите и основните права. Тоа треба да даде придонес кон разбирањето, толеранцијата и пријателството меѓу сите нации и сите расни и религиозни групи и да даде поддршка на активноста на Обединетите нации за зачувување на мирот. Родителите имаат примарно право на избор на видот на образованието што децата треба да го стекнат.

            Согласно Конвенцијата за правата на децата (Службен Весник на РМ бр.12/02), член 28, кој гласи,  „Државите членки му го признаваат правото на детето на образование и поради постепено, остварување на ова право врз основата на еднакви можност, посебно: a) Го прогласуваат основното образование за задолжително и бесплатно за сите.“

            Согласно членот 13 став 1 од Меѓународен пакт за економски социјални и културни права „Државите - страни на овој пакт го признаваат на секое лице правото на образование. Тие се согласуваат дека образованието треба да е насочено кон целосен развој на човечката  личност и достоинство и да го зајакне почитувањето на човековите права и основни слободи. Освен тоа, тие се согласни дека образованието треба да му овозможи на секое лице да игра корисна улога во слободното општество, да го унапредува разбирањето, толеранцијата и пријателството меѓу сите народи и сите расни, етнички или верски групи и  да го поттикнува развојот на дејноста на Обединетите нации за зачувување на мирот. Потоа со ставот 2. Државите - страни на овој пакт, со цел за обезбедување на потполно користење на ова право, признаваат дека: а) основното образование треба да биде задолжително и бесплатно, достапно за сите .“

             Ставот 1 од  членот 14 од Повелбата за основните права на Европската унија гласи „Секој има право на образование и на пристап до професионална и континуирана обука.“ Согласно членот 2 од Протоколот број 1 на  Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи „Никому не може да му се одземе правото на образование. Во своето дејствување во областа на образованието и наставата, државата ги почитува правата на родителите да обезбедат образование и настава во согласност со своите верски и филозофски убедувања.“

            Европскиот суд за човекови права во Стразбур, во 1968 година по делата 1474/62, 1677/62, 1691/62, 1769/63, 1994/63, 2126/64 (1 EHRR 252) се има изјаснето декa правата заштитени согласно членот 2 од протоколот број 1 се :

  1. Право на пристап до постоечките образовни институции во било кое време.
  2. Право на ефективно образование.
  3. Право на официјално признание на ученикот/студентот за успешното завршено образование.

       Тука ќе напомнам дека ставовите изразени во пресудите на Европскиот суд за човекови права се задолжителни, во конкретниот случај, за предметното основно училиште.

           Со незапишувањето на моето дете во предметното основно училиште, моето дете не може да го продолжи образованието во предметното училиште, а со тоа ние  сме дискриминирани. Oвластените службени лица бараат моето дете да биде комплетно вакцинирано, мислејќи дека законот предвидува услов задолжително примени задолжителни вакцини, и дека тоа претставува услов за запишување. Но тоа не е точно.  Очигледно законодавецот се одлучил за задолжително имање на потврда, но не и задолжителност да бидат примени истите вакцини. Потврдата за вакцинација, односно имунизација, која се добива  во здравствениот дом на местото на живеење, служи како доказ дека детето ги има примено сите вакцини согласно календарот на вакцинација, односно само определени вакцини, или воопшто дека нема примено ниедна вакцина. Таа произволна одлука, на  овластените службени лица, кои вршат прием на децата во основните училишта, најпрвин да се дозволи упис, а потоа сосема спротивно да се постапува, е и спротивна на Законот за заштита на децата, Законот за основното образование, а во таа смисла и Законот за спречување и заштита од дискриминација. Во Македонија, во месец Март, 2015 година,  умреа две бебиња поради вакцината ДТП. Согласно позитивните законските прописи на Република Македонија, службените лица можат да одговараат и тоа не само дисциплински, туку и прекршочно согласно член 172-а од Законот за основно образование, а во врска со член 2 став 2 од истиот закон, а истото дејание претставува кривично дело согласно член 137 од Кривичниот законик. Европскиот суд за човекови права, има утврдено дека недоброволното вакцинирање е спротивно на членот 8 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи(Салвети против Италија , по дело број 42197/98), и за истото ќе се пишува во продолжение на оваа претставка.         

          Задолжителноста на основното образование во РМ, може да се види и во член 172 став 4 од Законот за основно образование кој гласи „Глоба во износ од 60 до 80 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на родителот, односно старателот ако ученикот не е запишен во рокот утврден во членот 47 став (1) од овој закон.“, додека член 47 став 1 гласи „Во прво одделение на основното училиште родителот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години.“. Во таа смисла истото дејствие е спротивно на членот 2 од Конвенцијата за правата на децата, бидејќи се врши дискриминација врз основа на возраста, на дете кое е постаро од 6 години.          

            Забраната на дискриминацијата над децата во правното законодавство во Р. Македонија е уредено со Законот за заштита на децата. Во истиот закон, членот 4 гласи „Во примената на одредбите од овој закон се тргнува од принципите на заштитата на правото на живот и развој на детето, заштитата на најдобриот интерес на детето, обезбедување на минимум стандард за секое дете под еднакви услови, исклучување на каква било форма на дискриминација, почитување на правото на детето на слобода и безбедност на личноста, на сопствено мислење и слободно изразување, здружување и образование, услови за здрав живот и остварување на други социјални права и слободи на детето.“. Потоа во членот 12 став 1 од Законот за заштита на децата, пишува „Се забранува секоја дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, потекло, национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус или која било друга основа., додека со ставот 6 „Државата и институциите на системот се должни да ги преземат сите потребни мерки за да ги обезбедат правата на детето и за спречување на сите облици на дискриминација и злоупотреба без оглед на местото каде што се извршени овие дејствија, тежината, интензитетот и нивното времетраење.“, така што во членот 13 ставот 1 од Законот за заштита на децата „Се забранува секаков вид на директна или индиректна дискриминација и малтретирање во остварување на правата и облиците на заштита на децата утврдени со овој закон.“. Понатаму, согласно членот 14 став 1 од Законот за заштита на децата „Директна дискриминација постои кога со барателот или корисникот на заштита на децата се постапува, се постапувало или би се постапувало понеповолно во однос на друго лице или група во фактичка или можна споредлива или слична ситуација, врз дискриминаторска основа“ додека согласно ставот 2 „Индиректна дискриминација постои кога барателот или корисникот на заштита на децата се става во понеповолна положба во споредба со други лица или група лица, преку навидум неутрални прописи, одредби, критериуми, програми или практики, освен кога произлегуваат од легитимна цел, а средствата за постигнување на таа цел се пропорционални, односно се соодветни и неопходни.“ Член 11 од Законот за заштита на децата гласи „Како дете, во смисла на овој закон, се смета секое лице до наполнети 18 години живот, како и лица со пречки во телесниот и менталниот развој до наполнети 26 години живот.

            Запишувањето на децата  во основното образование во РМ, односно стекнување на статус на ученик,   е согласно Законот за основното образование. Согласно член 2 став 1 „Секое дете има право на основно образование, потоа со ставот 2 се забранува дискриминација по основ на пол, раса, боја на кожата, национална, социјална, политичка, верска, имотна и општествена припадност во остварување на правата од основното воспитание и образование, утврдени со овој закон. Со членот 4 се пропишува, “Основното образование е задолжително, трае девет години и се организира во три воспитно - образовни периоди и тоа од прво до трето одделение, од четврто до шесто одделение и од седмо до деветто одделение.“ Потоа со член 5 „Родителот, односно старателот на ученикот (во натамошниот текст: родителот) е должен да му овозможи на своето дете да ја исполни обврската за задолжително основно образование и воспитание.“ Членот 8 став 1 гласи, „Деца со странско државјанство или деца без државјанство, кои престојуваат во Република Македонија имаат право на основно образование под еднакви услови како децата државјани на Република Македонија.“ потоа став 3 гласи „Деца државјани на државите членки на Европската унија имаат право на основно образование под еднакви услови како и децата државјани на Република Македонија.“ Со гореспоменатите членови, може да се заклучи дека, секое дете(апатрид, бипатрид, или само ако е државјанин на РМ), имаат право на основно образование, под исти услови. Со членот 2 се забранува било каква дискриминација, додека со членот  4, се наведува дека основното образование е задолжително, а со член 5 се наведува дека родителот е должен да ја исполни обврската за задолжително образование, на своите деца. Со членот 8 став 1 и 3, нормативно, Законот ги изедначува, апатридите, децата со странско државјанство, децата со домашно државјанство и децата кои се државјани на државите членки во Европската Унија. Во таа смисла, во Европската унија, вакцините не се задолжителни, всушност не се ни во Македонија. Доколку некое дете треба да се запише, а е државјанин на некоја од земјите членки на Европската унија, каде што вакцините не се задолжителни, дали тоа дете ќе се одбие само поради вакциналниот статус, односно бидејќи неговите родителите, согласно регулативата од Европската Унија,  каде што не се задолжителни вакцините, одлучиле да не ги вакцинираат, и само поради тоа ќе се одбие запишување во училиште? Во таа смисла е членот 46 став 2 од Законот за основното образование според кој „при запишувањето на детето во прво одделение родителот е должен да достави потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа.“, дали во таа потврда ќе има дека се примени или не определени вакцини, тоа е право на избор на родителите.

            Овластените службени лица кои работат во училиштата од родителите, бараат нешто што не е пропишано со закон, да ги имаат задолжително примено сите вакцини, како што напоменав веќе истото се казнува, дисциплински, прекршочно, односно кривично, спротивно е на член 46 став 2 од Законот за основното образование и ставот на Министерството за образование и наука, а како што можеше да се прочита во воведот на оваа претставка, според кој „вакцината не може да биде услов за упис во градинка и училиште.“

            Сега ќе се навратам на членот 46 став 2 од Законот за основното образование и подетално ќе го изанализирам истиот, според кој „При запишувањето на детето во прво одделение родителот е должен да достави потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа.“  Во самиот став главниот услов што налага дека треба да се исполни при запишување на детето во училиште, за да се стекне детето со статус на ученик, родителите се должни да достават „потврда за примени задолжителни вакцини“. Законот не вели дека е потребно е да се имаат задолжително примени задолжителните вакцини, како услов за запишување. Значи, законодавецот е јасен и прецизен, треба да се достави потврда и ништо повеќе. Таа потврда, во нејзе може да има дека се примени, сите вакцини, 5 вакцини, или ниедна вакцина. Всушност согласно постојните законски прописи во РМ, родителите имаат право на избор, дали ќе го вакцинираат или нема да го вакцинираат своето дете, тоа е нивно, како природно, така и законско право. Како што може да се види, законодавецот  кога го напишал текстот на одредбата од членот 46 став 2 од Законот за основното образование, знаел дека од најразлични причини, е невозможно сите деца, да ги имаат задолжително примено сите вакцини. Секогаш има определен дел на деца, кој од најразлични причини, не примиле определена вакцина, и поради тоа еден дел од децата би останале без своето, природно и основно човеково право, загарантирано и тоа со членот 26 од Универзалната декларација за човекови права на Обединетите Нации, Членот 28 од Конвенцијата за правата на децата, потоа, член 13 од Меѓународен пакт за економски социјални и културни права, член  14 од Повелбата за основните права на Европската унија, како и со член 2 од протоколот број 1 од Европската конвенција за човекови права и основни слободи. Уставното загарантирано право, согласно член 44, кое гласи „Секој има право на образование. Образованието е достапно на секого под еднакви услови. Основното образование е задолжително и бесплатно.“ За да не се случи нешто такво, определено дете да не може да се запише  во училиште, предвидено е исклучиво да се достави потврда, но не е предвидено дека истите вакцини е задолжително да се примат, како услов за запишување во основното училиште.

       Државата не е таа што дава права, туку таа само ги гарантира правата кои веќе ги имаат државјаните на Република Македонија. Тие права, пред се, се природни права.

            Согласно член 50 став 1 од Законот за основното образование „ Родителот има право да го запише детето во основното училиште во реонот во кој живее или каде што постојано престојува.“ и со ставот 2 „Родителот може да го запише детето во друго основно училиште во истиот или друг реон ако за тоа има согласност од училиштето во кое се запишува.“. Од овој член може да се види дека родителот, не само што има право да го запиши детето во реонот во кој живее, туку има право на избор и може да го запише и во друго училиште што е надвор од реонот каде што има живеалиште, и предметното основно училиште нема апсолутно никакво право да го попречува истото.

            Со членот 52 од Законот за основното образование „Основното училиште е должно да го извести овластениот просветен инспектор на општината за децата кои не се запишани, односно учениците кои неоправдано не го посетуваат основното училиште повеќе од 30 дена.“ –  Во овој член  може да се забележи дека школото е должно да го извести овластениот просветен инспекторат на општината, по што се ќе се отвори прашањето, зошто родителите не го запишале сопственото дете, на што одговорот би бил поради дискриминација поради вакциналниот статус од страна на училиштето. Потоа со членот 53 од Законот за основното образование „Забрането е телесно и психичко малтретирање на ученикот.“

             Дополнителниот подзаконски акт, Правилник за имунопрофилакса, хемиопрофилакса, лицата кои подлежат на овие мерки, начинот и изведување и водење на евиденција и документација, при што член 83 став 1 точка 3 гласи, „Вакциналниот статус задолжително се проверува: „При запишување во сите видови училишта од основно училиште до високообразовни установи“ Како што можете да се види проверката на вакциналниот статус НЕ значи задолжително примање на определена вакцина или потребата да се примат сите вакцини, како основ доколку сите не се примени, а со тоа не може предметното основно училиште, со незапишувањето да ни забрани  моето дете  да посетува основно образование, во предметното основно училиште, а само поради тоа што не се примени сите, дел од вакцините или никоја од вакцините. Се што основното училиште треба  да провери, дали и кои вакцини детето  ги има примено и толку. Ништо повеќе. Истото постапување од страна на училиштето претставува  дискриминација врз основа на вакциналниот статус на моето дете. Со тоа се врши и вознемирување на нас како родители.

              Во тој однос може да се каже дека во Р. Македонија не постои правна одредба според кое детето при запишување во училиште потребно е да ги има задолжително примено сите вакцини. Но, за момент ако речеме дека има имало, истата одредба е правно дерогирана според Законот за заштита на правата на пациентите (Сл. Весник на РМ бр.82/08, 12/09,  53/11 и 150/15) член 4 став 1 точка 2, потоа член 5, 6, 14,15, како и член 5 од Конвенцијата за заштита на човечките права и достоинството на човечкото суштество во однос на примената во биологијата и медицината (Сл. Весник на РМ бр.55/09),  во врска со  член 26 и 27 од Виенската конвенција за договорно право (Службен лист на СФРЈ бр.30/72), а во однос на член 118 од Уставот на РМ. Во таа смисла, Република Македонија не може да се повика на внатрешното право за неисполнување на определен меѓународен договор. Потоа, прекршен е и членот 2 од Протоколот број 1 на  Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи. Европскиот суд за човекови права во пресудата по делото 42197/98 од италијанката Иларија Салвети утврдува: „Судот смета дека задолжителното вакцинирање како недоброволна медицинска интервенција е во спротивност со правото за почитување за личниот живот како што е загарантирано во член 8 од конвенцијата за човекови права и основни слободи“.

 

                Во нашата правна регулатива, Законот за заштита на правата на пациентите - закон кој ќе биде детално анализиран воспоставува определени ПРАВА. Тоа право е право да се одбие медицинска интервенција(Член 5, 6, 14, 15). Истиот закон според член 4 став 1 точка 2, ја воспоставува и ја дефинира вакцинацијата како медицинска интервенција.   Во таа смисла како lex specialis може да се јави и Конвенцијата за заштита на човековите права и достоинството на човечкото суштество во однос на примената на биологијата и медицината, која исто така во понатамошниот текст ќе биде детално обработена, како што е веќе напомнато  меѓународните договори ратификувани од законодавниот орган, на формален начин се изедначени со домашните закони, а истите има поголема правна сила од законот.

                  Согласно член 4 став 1 точка 2 од Законот за заштита на правата на пациентите „”Медицинска интервенција” е секој преглед, третман или друга активност со превентивна, дијагностичка, терапевтска цел или со цел за рехабилитација што ја презема овластен здравствен работник“. Како што може да се види вакцинацијата претставува медицинска интервенција. Според член 5 став 1 од истиот закон „Пациентот ги има правата пропишани со овој или со друг закон или со ратификуван меѓународен договор, конвенции, декларации и други меѓународни документи што се однесуваат на заштитата на правата на пациентите“, додека со ставот 2 „ Пациентот има право на остварувањето на правата, пропишани со овој закон, без дискриминација... или кој и да е друг статус“ согласно членот 6 став 1 „Правото на пациентот на учество во одлучувањето го опфаќа правото на информираност и правото на прифаќање или одбивање на определена медицинска интервенција“ „Согласно член 14 став 1 „ Пациентот има право да прифати или да одбие определена медицинска интервенција....„ Додека со членот 15  ставот 1 „ За пациентот кој не е при свест, за пациентот кој е примен во здравствена установа без негова согласност, за деловно неспособен или малолетен пациент, освен во случаи на неодложна медицинска интервенција, изјавата од членот 14 на овој закон ја потпишува неговиот родител, законскиот застапник, односно старателот.“ Веќе му укажав на насловот дека согласно членот 5 од Конвенцијата за заштита на човековите права и достоинството на човечкото суштество во однос на примената на биологијата и медицината „Интервенција во областа на здравството може да се изврши единствено кога засегнатото лице доброволно ќе се согласи на тоа, врз основа на дадена информација“.Исто така врз основа на член 5 од Законот за заштита на правата на пациентите, Универзалната декларација за биоетика и човекови права, која на 33-тата генерална конференција на УНЕСКО, на 19 октомври 2005 година ја усвои, согласно Член 6 – Согласност 1. Било каква превентивна, дијагностичка и терапевтска медицинска интервенција може да се изведе само со претходно слободно и информирана согласност на засегнатото лице, врз основа на релевантни информации. Каде што е соодветно, засегнатото лице треба да изрази изречно и може да се повлече во било кое време и од било кои причини и без неповолни последици и штета ...“       

                  Три работи се тука многу важни. 1 . Со нашето родителско однесување не сe повредуваaт одредби од Законот за основно образование, бидејќи истото однесување е гарантирано со Уставот, законите и меѓународните договори и 2. дури и кога некој би сакал да го занемари фактот, наведени под број 1, не може да се пребегне фактот дека никоја Демократска држава не би посегнала така лесно, посебно не по репресивниот систем со цел да се санкционира детето, односно родителот на ваков начин, а во таа смисла забраната за запишување на детето е незаконска. 3. Самото Министерство за образование и наука, како што наведов во почетокот на оваа претставка, го потврдува фактот дека „вакцината не може да биде услов за упис во градинка и училиште.“

                   Исто така Законот за семејство (Сл. Весник на РМ Бр. 183/2014 – Пречистен Текст), е јасен по тоа прашање и тоа член 45 став 1 “Родителското право им припаѓа на мајката и на таткото подеднакво“. Со ваквиот потегот на самото основно училиште  се меша во приватниот и семејниот живот на родителите.

             Според член 11 став 2 од Уставот на РМ „Се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување“ , а со тоа и било какво индиректно или директно однесување на јавната власт, а со цел претставување на определена категорија на лица која според своето убедување, односно уверување, одлучила или не за преземање на определени дејствија. Во таа смисла се прекршени и членот 8 став 1 алинеја 1 и 3 и членот 11 од Уставот на РМ.  

              Согласно членот 2 од Протоколот број 1 на Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи „Никому не може да му се одземе правото на образование. Во своето дејствување во областа на образованието и наставата, државата ги почитува правата на родителите да обезбедат образование и настава во согласност со своите верски и филозофски убедувања.“

                 Според Протоколот број 12 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи(Сл. Весник на РМ бр. 30/2004 година), Член 1 став 1 кој гласи, „Уживањето на секое право предвидено со закон ќе биде обезбедено без дискриминација врз било која основа како пол, раса, боја, јазик, религија, политичко или друго мислење, национално или социјално потекло, поврзаност со национално малцинство, имот, раѓање или друг статус “. Потоа став 2 од истиот член гласи „Никој не смее да биде дискриминиран од страна на јавен орган по било која основа наведена во став 1.“  Во таа смисла, прекршени се и членовите 1,4,14, и 21 од Повелбата за основните права во Европската унија. Потоа прекршени се членовите  2 и 26, од Универзалната декларација за човековите  права на ОН. Исто така и членот 2 и 28 од Конвенцијата за  правата на детето. Се прекршува и членот 13 од Меѓународен пакт за економски социјални и културни права

            Согласно член 2 од Законот за спречување и заштита од дискриминација (Сл. Весник на РСМ бр. 101/19) „Цел на овој закон е обезбедување на принципот на еднаквост и спречување и заштита од дискриминација во остварување на човековите права и слободи.“, понатаму, согласно член 3 став 1  „Овој закон се однесува на сите физички и правни лица. “ за да членот 3 став 2 точка 2 гласи „Овој закон се применува од страна на сите државни органи, органи на единиците на локалната самоуправа, правни лица со јавни овластувања и сите други правни и физички лица во областа на: образование, наука и спорт“ , за да понатаму членот 4 став 1 точка 1, ја дефинира  Еднаквоста, како начело според кое сите луѓе се рамноправни, односно изедначени во уживањето и остварувањето на сите права и слободи.  Понатаму, согласно членот 5 „Се забранува секоја дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, потекло национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус или која било друга основа (во натамошниот текст: дискриминаторска основа).“. Во таа смисла, според Законот за спречување и заштита од дискриминација,  и тоа членот 6,  „Дискриминација е секое разликување, исклучување, ограничување или давање првенство што се заснова на дискриминаторска основа, со сторување или несторување, што имаат за цел или резултат спречување, ограничување, признавање, уживање или остварување на правата и слободите на одредено лице или група на еднаква основа со други. Ова ги опфаќа сите форми на дискриминација вклучително и оневозможување на соодветно приспособување и оневозможување на пристапност и достапност на инфраструктурата, добрата и услугите.“ Во конкретниот случај, се ограничува правото на моето дете на образование, односно не се признава, ниту уважува правото на моето дете да биде запишано во прво одделение, во предметното основно училиште.  Согласно членот 8 став 1 од Законот за спречување и заштита од дискриминација „Директна дискриминација постои кога со едно лице или со група се постапува, се постапувало или би се постапувало понеповолно во однос на друго лице или група во фактичка или можна споредлива или слична ситуација, врз дискриминаторска основа. , додека согласно ставот 2 “Индиректна дискриминација постои кога преку навидум неутрални прописи, одредби, критериуми, програми или практики, се става некое лице или група во понеповолна положба врз дискриминаторска основа во споредба со други лица или група лица, освен кога произлегува од легитимна цел, а средствата за постигнување на таа цел се пропорционални, односно се соодветни и неопходни. “ Понатаму, предметното основно училиште, со ваквите дејанија врши вознемирување на мене како родител. Во таа смисла, согласно член 10 став 1 од Законот за спречување и заштита „Вознемирувањето претставува несакано постапување кон лице или група лица врз дискриминаторски основи што има за цел или последица, повреда на достоинството или создавање на заканувачка, непријателска, понижувачка или застрашувачка средина, пристап или практика.“

            Значи, се вознемируваат поединци, односно група на луѓе(родители), кои одлучиле да ги искористат своите родителски, како законски, така и природни права, комплетно да не ги вакцинираат или да не ги вакцинираат со поедини вакцини. Тоа вознемирување претставува еден вид на психолошки притисок врз родителите, а со тоа се повредува достоинството, односно се врши понижување на самите родители. Тоа вознемирување, односно дискриминација се врши така што се бара нешто од родителите да направат, нешто што воопшто со ниеден закон во РМ не е пропишано дека е потребно родителите да го направат, со цел да го запишат своето дете во основно училиште.

          Во очекување на позитивен писмен одговор на оваа претставка, согласно член 9 од Законот за постапување по претставки и предлози, останувам со срдечни поздрави.

 

 

 

 

_________________________                                               Со почит,

         (Место и датум)                                                           ___________________________

                                                                                                           (потпис)