JustPaste.it

Лагите на Анѓушев и судирот на интереси! Антикорупциска We have a problem

Медиумскиот мрак си го направи своето, се помалку медиуми се одлучуваат да ја обелоденат вистината. Како одговорни граѓани не смееме да молчиме и мораме да изнаоѓаме начини на запознавање на јавноста за секоја недоследност на власта.

Документиве кои ќе ги ставам во продолжение јасно покажуваат дека вицепремиерот Кочо Анѓушев не лажел кога рече дека се повлекува од раководните структури во своите компании. Повлекувањето на Анѓушев од управните функции во неговите фирми беше продадено од медиумите блиски до власта како голем чекор на транспарентност и отчетност, но очигледно не е се така како што ни се претставувало.

 

file1.png

 

Документиве кои потекнуваат од Централниот регистар со датум 21 декември 2017 година покажуваат дека до тој момент Кочо Анѓушев сеуште се води како сопственик и управник на компаниите, иако уште во јули месец минатата години јавно рече дека се повлекува од управувачките функции во компаниите.

 

file12.png

 

file13.png

Порталите беа преполни со насловите Анѓушев се повлече од управувачката структура на компаниите во негова сопственост, гестот беше поздравен од сите, но за жал очигледно не станувало збор за вистината, што се гледа од документиве во продолжение.

Ја повикуваме антикорупциска во интерес на граѓаните на Република Македонија да го истражи случајот и да утврди дали  Анѓушев се јавува како управител во неговите компании и покрај тоа што е вицепремиер.