Згрозен сум од начинот на кој власта сака да не остави без работа. На илјадници рудари ни е загрозена егзистенцијата со новиот закон за минерални суровини кој го изготвува власта. Сакаат да ги избркаат инвеститорите, кои имаат платено концесија кон државата стотици милиони евра, додека нивнитѕе фирми копаат на црно и прават огромни профити. Вака ли држава ќе градиме? Вака ли за народот ќе работиме? Не нема иднина додека вакви не водат. Ова го постирам тука зошто ако го објавам моето име ќе ми биде загрозена мојата и безбедноста на мојата фамилија.
Фирма на Вице Заев незаконски врши ископ на глина институциите молчат
Веќе подолг период механизација на фирмата на братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев - Тотал инжинеринг ДООЕЛ Струмица, врши незаконски ископ на глина локалитет во близина на беласичкото село Раборци. Според информации до кои дојдовме Тотал инжинеринг на Вице нема дозвола за експлоатација, туку дека единствено има дозвола за геолошки истражувања, под што се прикрива нелегалниот ископ на глина која завршува во печките на Еленица.
Од фотографиите кои ќе ги поставам овде се гледа дека Тотал инжинеринг на далеку ги поминале границите на обичните истражувања, па местото кое некогаш било ритче го срамниле и направиле огромен кратер.
Камионите со ископаната глина завршуваат во преработувачките капацитети на Еленица, фирма за производство на цигли, исто така во сопственост на Вице Заев , каде е сосопственик заедно со Трајче Заев, прв братучед на премиерот и Вице од чичко.
Ископот се врши секојдневно и засилени, а како што се гледа од фотографиите и нема некој посебни обележја дека се врши ископ или дека се работи за простор на кој се движи тешка механизација. Самото место е целосно незаштитено и не обезбедено.
Незаконита експлоатација на минерални суровини е регулирана со чл.225-а од КЗ, кој пропишува казна од 3 месеци до 8 години, додека за правното лице кое врши експлоатација е предвидена парична казна.
Незаконскиот ископ ја оштетува државата двојно, покрај неплаќањето на концесија за ископ, ископаната глина не поминува ниту низ книговодствената евиденција на фирмата како за истата би се платило данок од страна на Тотал инжинеринг. Така не оданочениот производ, реално не постои односно е дел од сивата економија, со што практично ниту Еленица истата ја плаќа. Колку на овој начин е оштетена државата останува допрва да видиме. Дали е ова е единствениот ваков пример или постојат и други. Кој го дозволува ова и зошто државните органи молчат и покрај очевидноста на случајот се прашања кои како државните органи, така и Заев мора да ги одговорат.
Според информациите кои излегуваа во медиумите изминативе години е дел од фирмите на кланот Заеви кои само во 2012 година оствариле нето добивка од над 2 милиони евра. Тотал инжинеринг, според податоците објавени од медиумите истата година имала остварено нето добивка од над 2.5 милиони денари.
Стапувањето на функцијата премиер на Зоран Заев очигледно му донесе и бизнис бенефит. Фирми на Заев купија удел во текстилниот гигант Герас Цунев, додека сега вршат нелегален ископ на минерални суровини.