Аце Коцевски Афион update 2.0
Како продолжение на претходните објавените информации за кандидатот за Градоначалник на Општина Велес, а воедно и поранешен градоначалник на Општина Велес, со овој документ сакаме да ве запознаеме со уште поголем скандал кој се однесува на кандидатот за градоначалник и милионер Аце Коцевски.
Имено, човекот кој бил 9 години градоначалник и кој претендира повторно за истото место, човекот кој што треба да биде прв кој ќе ги заштити граѓаните од урбаната мафија и нелегалните градби во градот, лично ја предводи градежната мафија во Велес.
Аце Коцевски преку својата фирма АФИОН ДООЕЛ, на плацот од 5.000 м2 во индустриската зона во УЗУС, каде што гради објект вреден милион евра, си дал за право на истиот тој плац надвор од дозволеното и надвор од законот да изгради дополнителни два објекти. Него не му бил доволен објектот од околу 2.000 м2 и без дозвола изградил уште два објекти. Двете дивоградби се на вкупна површина од околу 500 м2. На градежното земјиште надвор од планот изградил настрешници во кои се складираат градежни материјали без одобрение за нивно поставување или градење. На сликата подолу прикажани се овие две дивоградби.
За да биде иронијата уште поголема, Аце Коцевски, човек кој претендира повторно да биде градоначалник на Велес и кој за себе вели дека се залага за нови зелени површини во градот, овие две дивоградби ги изградил на место каде што според планот било предвидено да се изгради зеленило! Тој го добил одобрението за градба врз основа на планот кој предвидел и зеленило, но очигледно за Коцевски во неговата алчност за заработка и профит тоа не значело ништо. Можете да замислите, човекот кој бил градоначалник и кој очајно сака повторно да биде градоначалник, човек од кој граѓаните ќе очекуваат да ги заштити од дивоградбите, подига нелегални градби врз површини предвидени за зеленило затоа што тоа е интерес на неговата фирма и сопственото богатење.
Но иронијата со овој случај е уште поголема. Носител на советничката листа на СДСМ за Велес на овие избори е Ненад Коциќ, човек кој себе си се претставува како да е најголемиот екологист во светот. Тој е доскорашен претседател на „Еколошко друштво Вила Зора“ во Велес и немало ден кога не излегол пред телевизија да се удира во гради и да се самопромовира за прв заштитник за здрава животна средина и повеќе зеленило во Велес. Овој самонаречен екологист, и прв соработник на Коцевски на овие избори, премолчува изградба на дивоградби на место предвидено за зеленило. Не смее да се гради врз зеленило, освен ако не се работи за Аце Коцевски и неговата алчност за лично богатење. Ете тоа е логиката и системот на вредности на Ненад Коциќ, носител на советничката листа на СДСМ, лажниот независен екологист од Велес кој очекува да биде претседател на Советот на Општината. Подолу е прикажана слика на која се гледа планот според кој Коцевски добил одобрение за градба и на која многу јасно се гледаат површините предвидени за изградба на зелени површини - сега овие површини се узурпирани со изградените две дивоградби.
Но овој скандал не завршува тука. Од податоците до кои ние успеавме да дојдеме, а може да се видат и во имотниот лист на фирмата АФИОН ДООЕЛ, објектот не е ставен во употреба и не е запишан во имотен лист. Незапишан објект, а во истиот АФИОН ДООЕЛ на Аце Коцевски врши дејност! Целосно противзаконски! Согласно законот за градење, секој објект кога ќе се изгради потребно е да се стави во употреба по претходно извршен технички преглед. Оваа постпка во овој случај не е спроведена и објектот не е ставен во употреба и истиот не е запишан на имотен лист што јасно се гледа од документот.
Тоа практично значи дека објектот во кој фирмата на Аце Коцевски врши дејност односно продажба на градежни материјали, алати, опрема и машини согласнои закон претставува градилиште и истиот треба да е означен како градилиште и на истиот не смее да се врши дејност и не смее да се дозволи пристап на луѓе, освен градежните работници.
Дополнително, поради тоа што објектот не е запишан на Имотен лист, АФИОН ДООЕЛ, а со тоа и Аце Коцевски не плаќаат данок на имот за објектот кој што очигледно го поседува меѓутоа го нема на имотен лист.
Општина Велес, УЈП и Пазарната инспекција потребно е сериозно да се позанимваат со овој случај односно да се утврди кој и на кој начин му дозволил на АФИОН ДООЕЛ на Аце Коцевски да врши трговска дејност во објект кој не постои на имотен лист, односно објект кој што не е ставен во употреба и претставува градилиште!!!!
Извадoци од Закон за градење:
„Член 83
(1) Изведувачот е должен градилиштето да го загради заради спречување на неконтролиран пристап во градилиштето со соодветна ограда на начин што работата во градилиштето нема да ги загрози минувачите.
(2) На градилиштето кое се протега на поголем простор (железнички пруги, патишта, далноводи и слично), деловите од градилиштето кои не можат да се оградат, мора да бидат заштитени со одредени сообраќајни знаци или означени на друг начин.
(3) Градилиштето мора да биде означено со информативна табла која задолжително треба да содржи име, односно назив на учесниците во изградбата, назив и вид на градбата која се гради, надлежниот орган од членот 58 на овој закон, број и датум на издаденото одобрение за градење, како и назнаката дека се работи за заштитено недвижно културно наследство согласно со закон, ако таа градба е запишана во Националниот регистар на културно наследство.
Член 87
(1) Градбата ќе се стави во употреба по издавање на одобрение за употреба за градбите од прва категорија од членот 57 на овој закон, по изготвување на извештај за извршен технички преглед од надзорен инженер во кој е констатирано дека градбата може да се стави во употреба за градбите од втора категорија, и за надградбите во случаите од членот 59-ѕ став (1) од овој закон, а градбите наменети за индивидуaлно домување со бруто развиена површина до 300 м2 (освен надградбите во случаите од член 59-ѕ став (1) на овој закон) ќе се стават во употреба по давање на изјава заверена кај нотар под полна материјална и кривична одговорност од изведувачот со која ќе потврди дека објектот е изграден во согласност со одбрението за градење и основниот проект или проектот на изведена состојба.
Член 93
(1) Надлежниот орган од членот 58 на овој закон ќе издаде одобрение за употреба за градбата во рок од 15 дена од денот на извршениот технички преглед, ако комисијата која го извршила техничкиот преглед во записникот констатира дека градбата може да се даде во употреба.
Член 161
(1) Глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице сопственик на објект, ако:
1) го употребува објектот или негов дел без одобрение за употреба (член 93 став (1)),
2) избришана 21
3) за управител на одржување определи лице без лиценца (член 98 став 3)).
(2) Глоба во износ од 1.000 до 2.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице сопственик на објект за прекршокот од ставот (1) точка 1 на овој член.
(3) Глоба во висина од 30% од одмерената казна за правното лице, ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член и на одговорното лице во правното лице.“
За да биде овој скандал уште поголем и веројатно во истиот да се вклучат и други институции веројатно придонел самиот Аце Коцевски. Проектант на објектот, а воедно и надзор над градењето на истио, е фирмата ТИПИНГ Јагода ДООЕЛ која што е во 100% сопственост на Јагода Стојковска, сопруга на градежниот инспектор кој што работи во Општина Велес, Гроздан Стојковски. Гроздан Стојковски пак од друга страна бил единствен градежен инспектор во времето кога Аце Коцевски бил градоначалник, а Коцевски директно негов надреден. Дали поставувањето на овие дивоградби и непостапувањето на Општина Велес по истите се поради конфликтот на интерес кој овде го има проектантот и надзорот на овој објект е работа со која што треба да се позанимава Општина Велес, ама очигледно и други институции.
Замислете Инвеститор АФИОН ДООЕЛ, Проектант ТИПНГ ЈАГОДА ДООЕЛ, изведувач АФИОН ДООЕЛ, надзор над градбата ТИПИНГ ЈАГОДА ДООЕЛ, Инспекциски надзор над сето ова Гроздан Стојковски (сопруг на сопственикот и управител на ТИПИНГ ЈАГОДА ДООЕЛ). Целата оваа операција е изведена помеѓу еден човек а тоа е Аце Коцевски и двајца сопружници инспектор и проектант и надзор!!!
Почитувани, овој скандал не е обичен, ова е скандал од големи размери, ова е класичен случај како градежната мафија работи во Велес и тоа на чело со поранешниот градоначалник Аце Коцевски кој повторно има желба да биде на тоа место. Сите овие работи кои ги има направено јасно покажуваат зошто Аце Коцевски сака повторно да биде градоначалник. Со овој скандал потребно е да се занимаваат, јавното обвинителство, Општина Велес, Пазарна инспекција и Управата за јавни приходи.
Ова не е крај, наредните денови ќе следи уште !!!!