104 седница 10.05.2010
Јани Макрадули: Благодарам.
Согласно Деловникот за работа на ова Собрание, предлагам точка 11, Законот за електронски комуникации, да се повлече од денешната седница и за тоа ќе дадам образложение:
Има четири причини зошто овој закон треба да се повлече денес од расправа.
Прво, затоа што тој не е во согласност со Деловникот за работа на ова Собрание.
Законот за електронски комуникации е донесен со европско знаменце, има 150 члена и да ја потсетам јавноста, беше услов за Македонија да добие кандидатски статус, еден од условите.
Денес, се менуваат 92 члена, без европско знаменце, без директиви и со тоа е прекршен членот 135 од Деловникот и согласно член 135 и 136 овој закон не смее да се најде на дневен ред на ова Собрание.
Второ, овој закон ги крши сите овие девет директиви од Европска комисија, во однос на партизацијата на Комисијата, во однос на груевизација на Комисијата и Агенцијата за електронски комуникации, со одредени членови се бркаат странските инвеститори во оваа област и е спротивен за Законот за заштита на личните податоци. Сепак, најстрашно од се е тоа што овој закон го легализира прислушкувањето во Република Македонија, надвор од Законот за следење на комуникации.
Јас, апелирам до јавноста, да ја тргнат глупавата и недоветна изјава на министерот Милошоски, да го занемарат овој трик игра на ДУИ и да се посветат на Законот за електронски комуникации со кој со овие измени Министерството за внатрешени работи излегува надвор од рамките за следење на комуникации, си дава свои ингеренции и си поставува своја опрема таму каде што сака.
Ја користам оваа прилика да апелирам до сите овластени лица во операторите да не си играат играчки и да не го кршат законот, бидејќи без разлика што се само технички лица кои работат во операторите, и за нив ќе следи кривична постапка доколку влезат и се фатат на орото на ВМРО-ДПМНЕ и ги следат и присклушкуваат сите луѓе во Република Македонија, без разлика дали се од опозицијата или од ВМРО-ДПМНЕ.
Заради сите овие причини пратеничката група на СДСМ бара точката 11 да се симне од дневниот ред и да се донесе на начин како што се носат законите со европско знаменце.
Трајко Вељаноски: Благодарам и јас.
Предлогот на Јани Макрадули точката 11 да се тргне од дневен ред, го ставам на гласање.
Ве повикувам да гласаме.
По предлогот гласаа 68 пратеници, за гласаа 12, воздржани нема, против гласаа 56 пратеници.
Констатирам дека предлогот не е усвоен.
Според тоа предложениот дневен ред го ставам на гласање.
104 седница 11.05.2010
Минуваме на точка 11 - Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации - прво читање.
Предлогот на законот и извештаите на Комисијата за транспорт врски и екологија, како матично работно тело и на Законодавно-правна Комисија ви се доставени односно поделени.
Отворам општа расправа.
Ги повикувам предлагачот и пратениците кои сакаат да говорат по општата расправа по Предлогот на законот да се пријават за збор.
Благодарам.
Службите нека поделат листинг на пријавени пратеници за збвор.
Има збор заменикот министер за транспорт и врски, повелете.
Гиран Михајловски: Благодарам почитуван претседателе, почитувани дами и господа пратеници,
Би сакал да дадам едно образложение по однос на измените и дополнувањата на законот за електронски комуникации.
Имено со предложените измени на Законот за електронски комуникации направени се пошустински измени на одредбите во Законот врз база на утврдени недоречености, проблеми при неговата имплементација и спроведување, со тоа што измените се направени во согласнсот со последниот Извештај на Европската комисија кој во делот на комуникациите е позитивен со определени укажувања кои се однесуваат на регулирањето на градењето, користењето и одржувањето на електронските комуникациски мрежи и инфраструктури.
Со предложените измени во Законот јасно се дефинираат надлежностите на соодветни институции со што се овозможува дополнителен развој на конкуренцијата и либерализацијата во електронските комуникации, влез на нови оператори, воведување на нови услуги, поприфатливи цени за граѓаните на Република Македонија, подобрување на регулацијата во делот на електронските комуникации, повисок степен на транспарентност кон операторите на пазарот на електронските комуникации, како и повисок степен за заштита на правата на крајните корисници.
Со предложениот закон инвеститорите, значи инвеститорите кои градат станбени или деловни згради се обврзуваат да обезбедат пристап за поставување на електронска комуникациска мрежа, односно опрема со поставување на таканаречена пристапна кабелска канализација.
Со овие измени на Законот за електронските комуникации ќе се придонесе кон дополнителен развој на електронските комуникации во Република Македонија, а истовремено ќе се создадат услови за воведување на современи технологии, односно за воведување на оптички водови до секое домаќинство.
Исто така со овој предложен закон на операторите и на давателите на услуги им се наметнува обврска стандардниот претплатнички договор кој што го склучуваат со претплатниците претходно да го достават на одобрување до Агенцијата.
За операторите кои што во рок од 15 дена нема да му одговорат на претплатникот по односно на доставениот приговор е предвидена парична казна во висина од 2 до 4% од остварениот приход. Се допрецизираат одредбите кои се однесуваат на обезбедувањето на универзалната услуга со што се постигнува целосна усогласеност со директивата за универзална услуга, а и се дава можност на Агенцијата на транспарентен и недискриминаторски начин да избере повеќе даватели, оператори или правни физички лица за обезбедување на услугите кои се опфатени со универзалната услуга.
Со воведувањето на новите одредби кои се однесуваат на изградбата, одржувањето, употребата на јавните електронски комуникациски мрежи и придружни средства се врши регулации во оваа област, односно се воспоставуваат прецизни услови и обврски бидејки изградбата, одржувањето и потребата на јавните електронски комуникациски мрежи се работи од јавен интерес за Република Македонија.
Со Предлог законот исто така се допрецизираат одредбите кои се однесуваат на делот на обезбедување на конкуренцијата, односно на обврските кои им се наметнуваат на оператори со значителна пазарна моќ, како што се обврските за транспарентност при интерконекција и пристап, избор и предизбор на оператор, регулацијата на малопродажната цена, воведувањето на посебно сметководство, а што допринесува да обезбедување и поголема заштита на конкуренцијата на пазарот на електронски комуникации.
Согласно предложените измени и дополнување на Законот за електронските комуникации за граѓањето на Република Македонија, ќе се овозможи поголема транспарентност во објавата на инфорамциите за цените и квалитетот на услугите кои ги нудат операторите, без надоместок по барање на претпклатниците во рок од 5 дена од денот на примање на барањето ќе им се доставува детална сметка со приказ на поединечните податоци за сите видови телефонски услуги.
Се воведува рок за решавање на спор во случај на приговор максимално од 42 дена. До колку претплатникот поднесе приговор во врска со износот на сметката, операторот не смее истиот да го исклучи се додека доенсувањето на конечна одлука, а претплатникто е должен да го плати износот на месечната претплата во определениот рок. До колку претплатникто не го плати износот на месечната претплата во определениот рок, операторот има право претплатникот да го исклучи.
Одбивањето да се внесат лични податоци во јавниот телефонски именик, нивното потврдување, измени или бришење со измените да биде бесплано, кое е исто така една од бенифициите кои се предвидуваат кон корисниците на овие услуги.
На крајот би сакал да кажам дека за изготвување на измената на Законот за електронските комуникации беше формирана Меѓуресорска работна група која во текот на 2009 година работеше на предлог на текстот.
Во контекст на подобрување на овој Закон, по однос на неговите измени и дополнувања од страна на Агенцијата за електронски комуникации, беа организирани јавни расправи со сите оператори крајни корисници, граѓани, односно чинителите на пазарот на електронските комуникации. Особено значајни се сугестиите, мислењата во однос на либерализацијата на пазарот на електронски комуникации искажани на Меѓународниот форум за телекомуникцаии организиран во соработка со Европската комисија во Охрид 2009 година.
Законот со комплетните измени беше доставен до Европската комисија на мислење и по истиот во ноември 2009 година беше добиено позитивно мислење, со мал број на забелешки, сугестии кои сите беа целосно прифатени, а потоа и вградени во текстот на измените.
Потоа измените на Законот за електронските комуникации беа доставени на мислење до државните институции и до операторите на електронските комуникациски мрежи и услуги во Република Македонија.
Од страна на операторите беа добиени предлози и коментари, каде со цел да се придонесе кон подобрување на овој закон, истите тие предлози од операторите беа имплементирани во законот.
Исто така, за измените и дополнувањата на овој Закон контактирани се и ресорните минситерства, односно минситерствата кои ја тангираат оваа проблематика, тоа е Министерството за информатичко општество, потоа Министерството за внатрешни работи , како и заменик премиерот за економски прашања, Секретарјатот за европски прашања, Министерството за правда и Секретарјатот за законодавство.
На крјаот уште еднаш би сакал да напоменам дека овие измени и диооплнувања не предизвикуваат финансиски импликации врз Буџетот на Република Македонија. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам и јас.
Господинот Макрадули Јани има збор, повелете.
Јани Макрадули: Благодарам почитуван претседателе, заменик министере, колешки и колеги пратеници,
Многу е тешко во 10 минути да проанализирате 92 члена или имам 6,5 секунди по член. Вие избравте да зборувате за се и сешто, само не за суштинскиот ден, а тоа е дека од денеска со носењето на овој закон во Македонија Министерството за внатрешни работи, односно ДБК ќе прислушкува секој, секаде 24/7 и тоа не само нивните мобилни телефони, не само фиксните телефони, туку и лаптопповите и компјутерите по дома.
Ова е еден типичен ВМРО-овски закон или начин на носење по ВМРО-принцип, а тоа е надвор од Деловникот. Во кој што пратени се 10 члена до Европската делегација кои што се усогласени и 80 кои што се криминални. Ќе речат потоа два тројца пратеници дежурни за оваа тема, па дајте амандмани. Во една нетранспарента процедура која што го карактеризира законот за апсолутна Грујовизација на електронските комуникации, со куп на еврпски одредби во електронските комуникации, легализација на незаконското прислушкување и поставување на Министерството за внатрешни работи како единствен орган кој што ќе си игра играчки со сите граѓани. И овие од опозицијата, која што го прави денес, ама и со вас пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кој што го прави и денес, ама кога ќе ви дојде мечката пред врата доцна ќе биде, кога ќе се читате што сте разговарале, ќе биде дозна. Ама тоа нека служи на вашата чест и совест зошто не го подигнувате гласот на завршувањето на проектот на диктатурата во Република Македонија, а тоа се прави со овој закон.
И сега е многу тешко да зборуваме за технички работи за да не го дефокусираме вниманието, само сакам да му порачам на, ја не верувам дека и ова и минситерот, без разлика што има судска потврда дека е со душевна болка и растроение го направил, туку ова е направено од амандмани од ДБК кои што дирекно ги превзеде ингеренциите и го поништија Законот за следење на комуникации.
Значи, тука Министерството за транспорт и врски врска нема. Туку овој закон само ќе им овозможи на Министерството за внатрешни работи, читај и ДБК да си игра Биг Брадер во Македонија. Жртви сте и вие, само тоа зависи од капацитетот, ваш демократски дали сакате да се спротивставите, или не и дали сакате да учествувате во оваа валкана диктатура во Република Македонија.
Инаку заменик минситре, вие можете да ми зборувате колку сакате, да ја имате поддршката од Собранието за да носите европски закон, ама вие имате обврска ако транспонирате ЕУ дирактиви, да ни дадете табела со усогласување. Вие имате директиви од 2009 година 136/2009 и 140 од 2009 година од 25 ноември кои што не сте ги имплементирале. Зошто ако сте ги ијмплементирале ќе сте ставеле коресподнентна табела.
Тоа што претседателот на Собранието ви дозволил надвор од членот 135 да имаме ваков закон денеска, тоа е проблем на демократските капацитети во Македонија.
А за каква област се работи само ќе ви прочитам една од членовите во директивата, а тоа е дека земјите членки, кандидатите не треба да ги интерпретираат членовите кога ќе ги имплементираат во домашното законодавство, туку да ги препишат од збор до збор. Значи ова е област во кој што нема импровизации, во кој што не се трпат интерпретации, во кој што душевната болка и растроение не може да биде алиби и никој не може да го оправда ова што се случува во Македонија, а тоа е диктатурата и Биг Брадарот кој што владее во овој момент.
Имено со овој закон Министерството за внатрешни работи презема само ингеренции да е единствен овластен орган за следење на комуникациите, со овој закон, тоа вие не го кажавте.
Со овој закон Министерството за внатрешни работи избира да го поништи Законот за следење на комуникации и следи секој, секаде 24/7. Во Законот за следње на комуникации можете максимум да пратите еден човек 30 дена, вие нас не растуривте секој ден, години и години. Единствена добра работа што имате во законот, што барате од оператотрите да не се осеќа дека не прислушкуваат, фала богу од сега ќе зборувам ќе нема ехо и вака почисто ќе се разбирам со тие што зборувам, бидјеки не мислам да престанам да зборувам ради Никола Груевски и Сашо Мијалков, не. Или да го користам мојот лаптоп. Не. Ќе продолжам и домашниот компјутер да го користам и овој лаптоп. Вие кога ќе се свестите, тоа не знам.
Со овој закон избирате не само мобилните телефони и фиксните, туку да ги следите и компјутерите и лаптоповите и ПС компјутерите дома што ги имаат луѓето, со овој закон. Со овој закон велите дека операторите не само што треба да купат опрема за прислушкување по сопствена цена, туку да купат и линк од кај операторот до телеком операторот и плус замислете, Министерството за внатрешни работи ќе му каже каква опрема и од каде да купат, односно ВМРО-вска фирма која што се бави со тоа или не се бави, како камерите што ги намести градежен работник, камерите низ Скопје, се купени од фирма што ви беше кандидат за градоначалник во една општина, и тој е градежен работник, тој не е компјутерџија или телекомуникациски инжињер, вие ќе му кажете да купите од каде, ќе им кажете на операторите од каде и каква опрема.
Со овој закон вие воведувате да ги пратите луѓето, вас, ние си знаеме за нас, вас без разлика од нивната телекомуникациска активност зборувал не зборувал, пишувал на компјутер не пишувал, самите ќе бидете дел од тоа Биг Брадар сценарио.
Со овој закон Министерството за внатрешни работи станува единствен овластен орган, кој што ќе ја избере опремата, ќе ги натера операторите да ја купат, ќе ги следи луѓето, ќе ве следи 24/7 надвор од Законот за следење на комуникациите и вие збор не кажавте заменик министре за оваа работа.
Јас и вчера кога побарав да се симне оваа точка од дневен ред упативе еден апел, ќе го повторам сега.
Согласно Законот за следење на комуникации во операторите постојат овластени лица за оваа работа. Сакам да им порачам и добро да размислат во каква шема влегуваат. Тоа што им претел Министерството за внатрешни работи не ме интересира. Тие имааат законска обврска, Закон за следење на комуникации, да го почитуваат тој Закон. Ако работат по овој Закон, СДСМ кога ќе дојде на власт, ќе поднесе кривични пријави против луѓето кои работат во операторите, а го кршат Законот за следење на комуникации. Овде Министерството за внатрешни работи си дава свои ингеренции. Вие ќе му ги изгласате, не му треба Јавен обивнител, не му треба истражен судија. Сам ќе си прислушкува, бидејки тоа заменик минситерот го напишал во Законот. Дека должност е на операторите во реално време да информираат се и сешто.
И затоа, тоа што не е европски и се врши Груевизација на комисијата, бидјеки замислете од 5 луѓе, тројца работеле во Кабинетот на Груевски работеле кога Груевски бил минситер за фианнсии. Луѓето поима немаат за електронски комуникации, поима немаат и замислете само еден пример ќе дадам како тоа сакате да го решите.
Во досегашниот Закон имаше обврска Комисијата да се состанува еднаш месечно, сега со овој закон, ама тоа не го кажува заменик министерот, Комисијата ќе се состанува четири пати годишно. За колку плата? 120 илјади денари, Па кои се бе тие Супермен, Чак Нориси кои што за 4 состаноци ќе добијат 120 илајди денари, а која им е единствената задача, Груевизацијата и на електронски комуникации. Кога ќе му се сони на премиерот четврти оператор, тие само треба да кажат да, четврти оператор. Тоа што нема држава со три рентабилни оператори на 2 милиони жители, не го интересира тоа премиерот Груевски, тоа што имаме најскап СМС, цена на СМС во Европа, тоа исто не го интересира премиерот Груевски, него го интересира имиџот. Па тој за тој имиџ ќе ги натера граѓаните на Македонија да плаќаат 50 милиони повеќе камата отколку што треба.
Па затоа колеги од ВМРО-ДПМНЕ, а случајно мечката да не е и пред вашата врата, ај размислете си. Благодарам .
Трајко Вељаноски: Заменикот министер за транспорт и врски има реплика, повелете.
Горан Михајловски: Благодарам почитуван претседателе,
Значи во интерес на јвансота, на дневен ред е Закон за електронски комуникации, а не закон за следење на комуникациите.
По однос на дискусијата која што се однесуваше за прислушкувањето, според Законот за следење на комуникациите се прислушкуваат таргет групи или граѓани кои се занимаваат со кривични дела, за кои е покрената кривична постапка, односно граѓани кои работат против интересите интигритетот и суверенитетот на Република Македонија.
Значи, што е промената, не е точно дека со овој закон ќе се врши прислушкување и следење и т.н. како што беа искажани во дискусијата, едноставно со овој дел од законот, во членовите каде што се врши измената се кокретизира и се објаснува концептот на техничкиот дел. Додека постапката, условот и начинот на следњето се објаснува во претходниот Закон, а тоа е Законот за следење на комуникациите.
Што се однесува до директивите кои беа укажани, а не се имплементирани тоа се директивите од 2009 /136 и 2009/140, тоа се директиви коиуште и земјите членки на Европската унија ги немаат имплементирано, имаат рок до 25.05.2011 да ги имплементираат.
Што се однесува пак до делот за техничката орпема за кое е надлежно Министерството за внатрешни работи тоа се мсили за опрема интерфејст која е специфична и служи само за следење на комуникациите и тоа треба да биде нормално стандаризирана со опремата која постои во Министерството за внатрешни работи.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Господинот Јани Макрадули контра реплика, повелете.
Јани Макрадули: Господине заменик министер вие имате 7 членови за следење на комуникациите или за прислушкување. Цитирам: „На овластениот орган за следење на комуникации (читај МВР) операторите се должни да му овозможат постојан и директен пристап до своите елекртонски комуникациски мрежи како услови за самостојно одредување на моменталното…“ и да не читам понатаму „независно од нивната телекомуникациска активност“. Ова ви е нов член. Или ги следите луѓето за откривање на кривични дела, водење кривична постапка или „кога тоа го бараат интересите на безбедност и одбраната на Република Македонија“. Не. Кога ќе добиете налог од истражен судија, од јавен обвинител, а не кога ќе му сони во ДБК да си играат играчки со нас и со вас. Тоа ви фали овде. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Пратеникот Котевски Никола има реплика, повелете.
Никола Котевски: Ви благодарам претседателе,
По однос на дискусијата на колегата Макрадули, би сакал да реплицирам по однос на делот кога се зборува за таканареченото, од негова страна легализирање на незаконско прислушкување и прашањата што се поврзани по однос на тоа.
Сега кога го читаше делот од членот од предложениот закон, мислам дека требаше да го прочита во целост, а не само да го чита парцијално тој став. Јас, во интерес на јавноста би кажал, би го прочитал ставот од членот 73 во предложените измени и дополнувања на овој закон, каде што јасно се вели „Операторите на јавни комуникациски мрежи и давателите на јавни комуникациски услуги се должни на барање на надлежните државни органи да им достават податоци за моменталната географска, физичка и логичка локација на терминалната опрема на своите претплатници, односно корисници, независно од нивната телекомуникациска активност кога е тоа потребно заради спречување или откривање на кривични дела заради водење на кривична постапка или кога тоа го бараат интересите на безбедноста и одбраната на Република Македонија на начин утврден со закон“. Значи, се врши усогласување на овој закон со Законот за следење на комуникациите.
Ако го имаме во предвид и фактот дека Законот за следење на комуникациите беше донесен во 2006 година, значи една година после донесување на Законот за електронски комуникации, логично со овие предлог – измени да се ври усогласување на овие два закони.
Јасна е интенцијата од вашите дискусиии и на комисии и сега на пленарна седница, дека сакате да наметнете мислење и впечаток дека со овој закон ќе се нарушуваат правата на граѓаните во делот на следење на комуникациите. Јасно се гледа дека ова следење на комуникации ќе се ври во рестриктивен број на случаи определени со закон. Се врши усогласување на овие два закони.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Господинот Макрадули Јани има контра репплика, повелете.
Јани Макрадули: Господине Котевски прочитајте што пишува следниот став. Јас сега, засега добро читам. „ На овластениот орган за следење на комуникации (читај МВР) операторите на јавно комуникациски мрежи и даватели на јавни комуникациски услуги се должни да му овозможат постојан и директен пристап до своите електронски комуникациски мрежи како и услови за самостојно одредување на моменталната географска, физичка или логичка локација на терминалната опрема(тоа се и лаптоповите) односно корисници независно од нивната телекомуникациска активност“. Каде читате тука „согласно закон“? Каде читате?
Каде читате? Ми е гајле, вас ве прислушкуваат. Свесни ли сте што правите. Не робувајте, ве прислушкуваат. Свестете се, не ги браните работите што не се бранат.
Не знаете во какво време живееме? Ние сме отрпнале, ама вие дали знаете кога ќе разберете и кога ќе се прочитате, стенограм од ДБК, како изгледа тоа.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Јани Макрадули: Авировиќ вие молчете, барем вие сте криминалец и мажот ви.
Трајко Вељаноски: Благодарам, само без нервоза молам.
Има збор госпоѓа Гелова Стојанова Соња, повелете.
Соња Гелова Стојанова: Благодарам претседателе.
Реформите што ги прави Владата на Република Македонија во областа на електронските комуникации од 2009 година, доведоа до значителен прогрес и развој на пазарот на електронските комуникации во Република Македонија. Затоа, овој закон оправдано е да се подржи како потреба од негово носење. Потврда дека тоа е така е во последниот извештај од Европската комисија со укажување што се однесува на регулирање на градењето, користењето и одржувањето на електронски комуникациски мрежи и инфраструктури.
Со предложените измени на Законот ќе се решат утврдените недоречености и проблеми при неговата имплементација и спроведување, но исто така и укажувањето од Извештајот на Европската унија.
Со Предлогот на законот се врши допрецизирање на одредбите кои создаваат одредени забуни околу појавата за можно преклопување на надлежностите помеѓи Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за електронските комуникации. Со ова се отстранува и забелешката дадена на Поткомитетот за стабилизација и асоцијација која се одржа во Скопје во 2009 година.
Измените и дополнувањата на Законот за електронските комуникации се однесуваат на следните работи: Утврдување на нови надлежности на Министерството за транспорт и врски во насока на обезбедување развој за дигитална конвергенција помеѓу електронските комуникации, услугите на информатичкото општество и медиумите.
Исто така Министерството за транспорт и врски ќе врши хоризонтално усогласување со другите правни прописи кои имаат поврзано со електронските комуникации, градење, просторни уредување и стандардизација.
Со предложениот закон инвеститорите кои градат станбен или деловен простор т.е. згради се обврзуваат да обезбедат пристап т.е. опрема за таканаречена пристапна кабелна канализација. Со тоа да им се овозможи на сопствениците на зградата слободен пристап на оператор, а на сите оператори пристап до зградата под еднакви и недскриминирачки услови.
Голем дел од измените се однесуваат и на зголемување на транспаретноста и отчетноста на работењето на Агенцијата за електронските комуникации. Во таа насока допрецизирани и дополнети се одредбите кои се однесуваат на работењето на Агенцијата и процесот на донесување на одлуки, се воведува одредба што прецизно ја дефинира содржината на стстутот на Агенцијата. Се предлага за било која промена на статутот на Агенцијата за електронски комуникации задолжително и претходно да се бара согласност од Собранието на Република Македонија.
Понатаму се допрецизираат одредбите со кои се регулира обврската за водење на посебно сметководство за правни лица кои имаат ексклузивни и посебни права за обезбедување услови во други сектори. Со измените, покрај другото, се утврдуваат нормите и прописите и техничките спецификации кои се сметаат за релеватни за изградба на електронски комуникациски мрежи. Се допрецизираат прашањата во однос на интерконекцијата, обезбедувањето пристап кон телекомуникациските мрежи, конкуренцијата и либералиацијата. Допрецизирање на одредбите за универзална услуга и преносливост на броеви како и одредени измени со цел поголема заштита на потрошувачите.
Со досегашното решение му се даваше можност само на еден оператор да ги обезбедува услугите опфатени со универзалната услуга со што можеше да се случи создавање на монопол во оваа област. А што беше и една од основните причини што Агенцијата до сега не избра давател. Но овие измени, Предлог на закон, се допрецизираат одредбите кои се однесуваат на обезбедување на универзалните услуги со што се постигнува целосна усогласеност со директивата за универзална услуга и се дава можност на Агенцијата на транспарентен и недискриминирачки начин да избере повеќе даватели, оператори или правни и физички лица за обезбедување на условите што се опфатени со универзалната услуга.
Со овој Предлог закон се допрецизираат одредбите кои се однесуваат на начинот и постапката на издавање на одобрение за користење на радио френквенции со што се обебедува поголема флексибилност и ефикасност при нивното доделување.
Во делот на заштита на правата на корисниците се воведуваат нови одредби со кои се регулираат услугите со додадена вредност бидејќи досегашната пракса покажа дека повеќе од граѓаните се доведуваат во заблуда од страна на одредени даватели на услуги со давање на нејасни и непрецизни информации особено кога се работи за квизови при што често граѓаните добиваат енормно високи сметки за користење на телефонските услуги.
Со предложените законски измени се точно допрецизирани услоите, начинот и обврска на давателите за овие услуги при обезбедувањето на услугите, а до колку истите постапуваат во спротивност со законските одредби се предвидени високи парични казни од 4 до 7% од вкупниот приход.
Се утврдува рок од 5 дена во кој операторот, при барање на претплатникот, е должен да му достав и бесплатна сметка со детален приказ на податоци. Се обезедува во случај на доставен приговор од претплатник по основ на висината на сметката истиот е должен до конечното решавање по приговорот да го плати сами износот на месечната претплата, а не како што беше досегашното решение да се плати целата сметка.
На операторите и на давателите на услуги им се наметнува обврската стандардниот претплатнички договор кој што го склучуваат со претплатниците претходно да го достават на одобрување до Агнецијата. За операторите кои во рок од 15 дена нема да му одговрат на претплатникот по однос на доставениот приговор предвидена е парична казна од 2 до 4 % од остварениот приход.
Со донесувањето на измените на Законот за електронските комуникации ќе се придонесе кон унапредување на постојната состојба, побрз развој на електронските комуникации во Република Македонија како и создавање услови за воведување на следната генарација на електронски комуникациони мрежа.
Законот за електронските комуникации е од многу голема важност за граѓаните на Република Македонија и ќе им овозможи и добивање на нови иноватни услуги, добивка на услуги по пониски цени, обезбедување на јавни говорници, обезбедување на телефонски именик, обезбедување на служба на информации, поголема сигурност и права како корисници.
Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации има за крајна цел да се направи целосно усогласување со законската регулатива на Европската унија во насока на реформата што ја прави Република Македонија во делот на електронските коминукации, особено во делот на либерализацијата на мобилната и фиксната телефонија, но и во развојот на областа на широкопојасниот интернет во која област Република Македонија станува лидер на регионот. Потребата од донесувањето на овој Предлог измени на Законот за електронските комуникации е од големо значење. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Има збор господинот Чинговски Томе, повелете.
Томе Чинговски: Од брзина носење на ваков суштински закон, дали имавме потреба пред се вака набрзина претседателот уште невратен од службено патување да ни го наметне како точка на дневниот ред на пленарнава седница? Убеден сум дека и предлагачот знае дека ваквиот начин не е добар, меѓутоа земени се некои рокови, обврски во Владата што мора да се исполнат, да се испочитуваат и затоа вака набрзина носиме закони претседателе пред да ја информираме јавноста и ги информираме пред се пратениците. Материјалите и вие знаете ги побаравме на Комисијата, ги добивме дури во петокот. Вчера беше прв работен ден кога ние можевме да ги разгледаме материјалите што ги побарав на Комисијата. Вчера прв пат имав можност да ги разгледам материјалите.
Друго логичко прашање е до изготвувачот и до заменик министерот. Значи со овие измени се менуваат две третини од Законот. Зошто, кога кажувавте на Комисијата дека овие измени и дополнувања сте ги правеле повеќе од година дена, зошто не прејдовте на реализација на нов закон. Во тој случај ќе бевте приморани да ги вклучите и операторите и пошироката македонска јавност во изготвувањето на тој закон и не ќе имавме вакви сомнежи и не ќе имавме дебати во насока во која ни ние ни вие ја посакувате, а мора да оди во таа насока затоа што текстот на законот тоа ни го кажува, затоа што измените и дополнувањата што ни ги нудите даваат само сомнеж и на граѓаните и опозицијата и ние сме впрочем граѓани. И се јавува сомнеж, особено поголем сомнеж се јавува кај со што недоволно сме стручни во оваа област и кои недоволно ја познаваме оваа материја. Меѓутоа доволно ги читаме законите за да видиме каде настанале аномалиите.
И друго конктактираме со оние заинтерсирани странки кои , заинтересирани се сите граѓани, но најповеќе овој закон ќе им користи на операторите, воедно и на граѓаните во Република Македонија. Зошто оние кои се најзаинтересирани, кои најмногу се инволвирани, зошто не се вклучени, зошто нивните информации, почитуван заменик министер кажува дека добиле друг текст на закон многу поразличен од овој што сега во моментот го имаме во собраниска процедура? И забелечките биле едни, а сега имаме друг закон што закон не кореспондира со првчниот што на операторите им бил понуден. И оттука доаѓа и сомнежот дали воопшто вие на Европската комисија сте и го понудиле истиот текст.
Кај мене има сомнеж, вистина ви кажувам. Вие можете да ми кажувате до утре дека не е така, меѓутоа вашето одбивање да отвориме поширока јавна дебата, да вклучиме еминентни личности од оваа област ме упатува во таа насока, верувајте ме упатува на таа насока. Зошто би ви верувал во целост кога операторите го кажуваат тоа. Нема потреба да ви верувам.
А ако дозволите, додуша еден од вас беше на Комисијата беше расположен да од овде извлечеме на првава пленарна седница кога ќе дискутираме по оваа тема беше расположен да донесеме заклучок да има и јавна дебата, помеѓу првото и второто читање, така е ако не се лажам. Бевте заинтересирани, рековте да, ако дозволи претседателот, односно до колку се изгласа, да. Значи дајте ја таа можност да отвориме, во тој случај сомнежите ќе бидат минимизирани. Вака ви кажувам искрено дека јас и понатаму ќе се сомневам во искреноста во оној мал дел каде што имате добри измени, велам мал дел добри измени. Другото е катастрофа, се е на штета и на операторите и на граѓаните. Добро кажа мојот почитуван колега, и вас сите од власта ќе ве засега еден ден и ќе ви биде криво што сте дале подршка на ваквиот текст на законот. Меѓутоа тогаш ќе ви биде многу касно.
Со овој закон имам впечаток дека само се легализира прислушкувањето, дека се овозможува поголем опсег, дури и географски да можеме да ги лоцираме сите оние корисници, не само на мобилната телефонијата, туку и на други апарати кои што можат да се лоцираат, меѓутоа овде едно добро што тој што ќе го прислушкуваат ќе му обезбедите квалитетен прием. Значи нема да има ехо, нема да има шумови, нема да има ред други недостатоци во неговиот прием и во тој случај тоа е, според еден од членовите во законот во кој пишува, обврска на операторите да обезбедат таков прием на тој прислушкуваниот.
Е затоа ја користам оваа прилика во името на сите прислушкувани и во име да ви заблагодарам за тој член што го изменивте дека сите прислушкувани ќе имаат сега квалитетен прием. Тоа е мислам многу добро што сте го направиле и сега прислушкуваните ќе бидат пресреќни, верувајте ми. Со овие измени и дополнувања тие ќе бидат пресреќни и презадоволни.
Друго што навистина мислам нема никаква логика што операторите ги приморувате податоците да ги чуваат во Република Македонија. Зошто го правите ова, зошто кога од ваквиот начин Република Македонија од чувањето на податоците на операторите на Република Македонија државата апсолутно немаат никаков интерес. Никаков интерес нема, ајде да има некаков интерес ќе сфатам, имате голема дупка во буџетот и ве сфаќам дека на било кој начин од секој граѓанин, од секој оператор, од се нешто да земете средства и да некоја дупче таму ви буџетот да наполните. Меѓутоа немате интерес, немате ни финансиски интерес. Зошто операторите ги приморувате да ги чуваат податоците во Република Македонија. Зошто не им дозволите да ги чуваат онаму каде што им е најефтино.
И тоа можам да ве сфатам, затоа што задолжен за странските инвестиции во Република Македонија е Мизо кој што еве во овие 4 години донесе многу инвестиции и би кажал во сума нула, нула инвестиции во Република Македонија и еден од членовите кој што им забранува на другите оператори и на секој заинтересиран странски инвеститор, сака не во оваа област, во било која област да инвестира, вие му ставате рампа, буквално му ставате рапма. Еве видете ќе рече што се случува во комуникациите, со каков член им забрануваат да ги чуваат податоците онаму каде што му е најефтино, што нас другите инвеститори Бог знае што ќе ни направи нас Владата на Република Македонија. Бог знае каква друга рампа ќе постават. Најголемата рампа ние ја имаме, Мизо го имаме таму и тоа најголемата рапма што може да биде. Меѓутоа со закониве и со неколку други рампички за странските инвеститори, а од друга страна се фалите дека се грижите, дека треба да имаме странски инвестиции во Република Македонија. Мислам дека добро е да има квалитетен комуникациски пристап до сите згради.
Но, ќе ве прашам како ќе го направите сето тоа. Зошто тоа не го направи Владата, да обезбеди квалитетен пристап до секое едно домаќинство. Зошто ги задолжувате инвеститорите. Како инвеститорите во една изградена зграда пред 20 или 30 години и инвеститорот ќе обезбеди квалитетен комуникациски прием?!
Тоа сакам да го слушнам затоа што законите кои што ги носиме треба да се имплементираат на терен. Како тоа ќе го обезбедиме. Тоа го пишува во членот 26 во ставовите 6 и 8. Значи и друго, уште подобро, како инвеститорот во рок од 60 дена во една зграда која има 45 стана на секое едно домаќинство ќе му обезбеди квалитетен прием. Тоа многу ме интересира. Се еден во зградата ќе е недоволно задоволен и инвеститорот ќе трча преку операторите, преку не знам кого, да му обезбеди квалитет. Таман ќе му обезбеди на едниот, па другиот ќе се јави незадоволен. И се тоа во недоглед. Најверојатно и гледам дека сите овие кои што градат згради ви сметаат затоа што еве вие Владата на Република Македонија гради станови, комерцијални станови кои што ги нуди на луѓето кои што се со помали примања, на самохраните мајки или на младите брачни парови и замислете си по 850 евра. Многу сака државата да им помогне. За 50 стана 1,5 милион евра профит и така сака да им помогне на своите граѓани. Па немојте така. Сите овие членови што дел од нив ги цитирав се многу штетни за граѓаните. Многу штетни и за операторите и за сите оние инвеститори без разлика дали се странски или домашни инвеститори. Значи за секој оној кој што сака да инвестира во Република Македонија пред се добро треба да размисли дали тоа треба да го направи. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам и јас.
За реплика е јавен и има реплика заменикот министер за транспорт и врски, повелете.
Горан Михајловски: Благодарам почитуван претседателе.
Во однос на оваа дискусија сакам да напоменам малку во интерес на јавноста дека при изготвувањето на измените и дополнувањата на овој закон беа консултирани операторите, законот им беше пратен, тоа се ВИП, НЕОТЕЛ, ОНЕ и Т-мобиле, тоа се оператори од кои што добивме повратен одговор, а инаку до сите оператори беа пратени измените на законот.
Што се однесува до делот на чување на податоците во државата, со вадење на податоците на граѓаните на Република Македонија, надвор од државата и тие подоцна да се пласираат во други странски држави се нарушува она дискреционо право и заштита на граѓаните на Република Македонија по однос на нивните податоци односно по однос на приватност.
Што се однесува до делот на, како беше кажано во дискусијата, за квалитетен сигнал, тоа се мисли на инвеститори и во образложението и во законот е кажано, се мисли на инвеститори кои градат згради, значи кои се веќе во изградба, а не на веќе изградени згради. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Има контра реплика господинот Чинговски Томе, повелете.
Томе Чинговски: Благодарам претседателе.
Почитуван министре, ве молам кога се јавувате за збор, зборувајте ја вистината. Точно е ги консултиравте, со друг текст не со истиот текст. Зборувајте ја еднаш, бидете храбар, зборувајте ја вистината. На аргумент излезете со аргумент, а немојте со лага. Ве молам, вие велите дека доколку ја чуваат датата на податоци надвор од странство дискреционото право ќе биде нарушено. Па тие ги прислушкуваат граѓаните за тоа дискреционо право не зборувате? Како не ви е срам да влегувате тука во таква дискусија. Па досега ги чуваа па немаше никакви проблеми. Вие и досега и одсега ги присклушкувате граѓаните, за срамота.
А велите за зградите што во иднина ќе се граделе, ако е така во тој случај има обесправени кои што изградените згради не ќе има доволно квалитетен прием. Меѓутоа да ви кажам за ваша информација, во законот пишува и за изградените. Прочитајте го барем законот.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Тука ја прекинувам седницата.
Продолжуваме во 15,05 часот.
(Пауза од 14,05 часот до 15,08 часот.)
Светлана Јакимовска: Продолжуваме со работа.
Има збор господин Ќуркчиев Никола, повелете.
Никола Ќуркчиев: Благодарам потпретседателке.
Почитувани колеги, почитуван заменик министер, добро е, ми се чини четворица пратеници за овој закон, па изгледа дека е доволно.
Ќе ги искористам првите неколку миниту, почитувани колеги да кажам зошто овој закон го сметам за еден од многу важните, закон во кој што не треба да има политика, закон за кој што навистина ќе се води дебата, меѓутоа ќе нема политички поделби. Работата всушност со законот за електронски комуникации навистина е пресериозна работа и колку е можно би требало да ја изоставиме политиката.
Работите почитувани колеги излегоа на површина можеби ако се сеќавате кон крајот на 2006 година со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт и тогаш се направи господине заменик министер еден обид експресно да се смени законот уште тогаш. Бидејќи тоа не успеа, се направи еден друг обид да се смени директорот и тоа не беше успешно, па се предложи спојување на Агенцијата за елекронски комуникации со Советот за радиодифузија. И откако добивте црвен картон од Брисел се смиривме малку и почнавме да правиме нешто друго. Она што не смееше да го направиме, тешки да ги направевме оние првите работи, па ќе моравме да ги поправаме. Вака се направи еден страшен притисок, една страшна тензија и почна сериозно партизација на независните регулаторни тела во Република Македонија и таа трае и ден денес.
Почитувани колеги, таа работа со жалење треба да ја констатира и позицијата и опозицијата. Нема секогаш да биде вака, нема секогаш да бидете позиција. Еден ден ќе бидете опозиција и ќе видите каде всушност треба да се продолжи. Во Република Македонија и ден денес траат упадите и партизацијата на независните регулаторни тела и јас би рекол не само тоа, туку се оди до таму да се прави персонализација на функции, точно човек за определена функција, ако треба шест пати ќе го смениме законот или некоја одредба од законот.
Почитувани колеги, затоа Република Македонија кај граѓаните, а и надвор од Република Македонија знае дека честото менување на законите ја урива правната сигурност и Република Македонија не случајно е сместена во редот на земји со нестабилна легислатива. Едно од клучните министерства кое секои шест месеци ги менува законите, тоа е Министерството за транспорт и врски. Тоа го знаете и вчера го зборував тоа. Но господине заменик министер, има ли потреба да се срамиме сите ние со едни вакви законски проекти, има ли потреба и Собранието и сите пратеници кои дискутираат, па на крајот на краиштата и вие да се срамите со ова што ни го нудите како измена. Мора ли вака да ги гледаме работите, може ли да биде навистина малку поинаку?
Јас имам едно прашање, меѓутоа не е тука генералниот секретар, ќе го поставам се разбира. Имено, дали јас како претседател на Комисија имам право да ставам знаменце на некој закон кој ќе го добијам или да го извадам знакот на европското знаменце и зошто воопшто е воведена таа пракса во Парламентот. Кој го избриша знаменцето од овој закон, со чија наредба, кој има право да го направи тоа? Може да даде некој одговор? Или ќе се правиме и понатаму недоветни дека некој или нешто може да прави како сака и кога сака.
Затоа, моето прашање е упатено до вас дали ние во легална процедура разгледуваме ист закон кој го носевме пред определен временски период, на кој што стоеше европското знаменце. Значи дали е иста постапката. Времето ми оди, да завршам, сметам дека барем заменикот министер го должи тоа да го објасни на граѓаните на Република Македонија, на операторите, на сите оние кои што го имаат прочитано овој закон или кои се бават со оваа област, што всушност се случува.
Господине заменик министер може ние овде да се убедуваме, на крајот ќе победи парламентарното мнозинство, тоа сите го знаат. Меѓутоа, сите понекогаш немаме право да дискутираме кога ќе дојде некој од страна и ќе ни ја даде вистинската оценка.
Дозволете ми да ја прочитам вашата оценка за минатата година што вие сте направиле. Во сферата на електронските комуникации, ова е извештајот од Брисел, на полето на телекомунакациските мрежи не може да се извести за никаков напредок во оваа област, земјата не е подготвена. Треба да читам понатаму. Јасно е се. Тоа вас не ве загрижува, туку продолжувате да правите упади вакви какви што ги правите сега.
Не знам од каде да почнам. Една од главните работи зошто почна со партизацијата, три работи, за три минути. Еве, да речеме Комисијата за чиј претседател зборувавме пред неколку дена госпоѓица Гордана Ивановиќ, вели една од мисиите е да создадеме поповолни услови, како што се вели на веб-страницата, за ефективна и одржлива конкуренција на пазарот на електронски комуникации, да им служи на корисниците итн. Во Агенцијата дали знаете колку луѓе има вработени, дали знаете дека во Секторот за општи и заеднички работи има десет пати повеќе луѓе отколку во Секторот на планирање на пазарот, што е основната функција, ама за тој хаос никој не сака да зборува и никој не сака да спомне. Не можете вие господине заменик министер надвор од ЕУ-директивите да се мешате во планот за намена на радиофреквенциските опуси. Членот 55 е приказна за себе, не Агенцијата, велите директорот ќе го прави планот. Па добро, знаете ли што правите со тоа? Министерот кога ги најавуваше овие долгоочекувани измени и дополнувања на законот, една од работите со кои се пофали е дека ќе се воспостават целосен телефонски именик кој ќе ги опфаќа броевите на сите оператори и не заборави да каже дека изборот на давателот на оваа услуга ќе го направи Агенцијата, односно сега вие велите директорот, со кој ќе се договори во четири очи со тој и тоа ќе биде добро. Е не е добро, заради тоа што ЕУ - директивите. Велат дека мора прво да ги прашате корисниците дали сакаат да бидат во именикот или не, откога ќе ја направите таа анализа потоа ќе дојдете овде во Парламентот и ќе дискутираме која директива вие всушност ја имплементирате. За членот 14, што сакате да направите со него, кое искуство уште да го избришете. Кога го носевме законот се расправавме дека директорот на Агенцијата мора да има богато искуство, меѓутоа и да има 30 години работен стаж искуство пет години најмалку треба да биде во областа, за вас тоа не важи. Повторно менувате, повторно бришете се. Имате ли потреба од тоа? Е па така е кога економисти ставате да бидат директори и претседатели на Комисијата. Е затоа добивате вакви оценки од Брисел.
И на крајот, за хаосот со обврската за изградба на инфраструктура на зградите, добро, знаете што се случува, дадовте изјава пред малку дека за старите изградени згради тоа нема да важи. Ве прашувам ќе важи или нема да важи. Ајде прочитајте го ве молам членот 26. Прочитајте што внатре пишува или ако не ни е срам на сите, ги замолувам сите колеги прочитајте го членот 26 и ставот 2, ќе видите што предлагачот предвидел. Господа, замислете ако заборавиле нешто во законот да напишат или нешто не е регулирано тоа ќе се регулирало со нормативните и технички спецификации на Европскиот телекомуникациски институт за стандардизација итн. Па тој Институт ви даде негативна оценка, ви даде црвен картон. Станете направете нешто.
Светлана Јакимовска: Благодарам.
За реплика е пријавен заменикот министер за транспорт и врски, повелете.
Горан Михајловски: Благодарам почитувана потпретседателке.
По однос на дискусијата на почитуваниот пратеник би се задржал кратко, јас не знам од кој извештај читавте почитуваниот господин, ова е официјален извештај од Европска комисија за 2009 година каде што се има дадено добар напредок во областа на електронските комуникации и информатичките технологии. Благодарам.
Светлана Јакимовска: Благодарам.
За збор е пријавена госпоѓа Димевска Катерина, повелете.
Катерина Димевска: Благодарам почитувана потпретседателке.
Би сакала да се вклучам во расправата и јас во однос на Предлог на законот за измени и дополнувања на Законот за електронски комуникации и да го кажам моето размислување по овој закон. Имено сакам да кажам дека Законот за електронски комуникации прв пат беше донесен во февруари месец 2005 година, а стапи на сила во март 2005 година. Областа на електронските комуникации се регулира со пакет на директиви на Европска Унија, официјалниот став на Европска комисија во 2005 година беше дека Законот за електронски комуникации е целосно усогласен со пакетот на шестте директиви од 2002 година на Европската Унија кои ја регулираат оваа област. Исто така сакам да потсетам дека во 2005 година овој закон се донесе од страна на тогашното парламентарно мнозинство кога СДСМ беше на власт. Значи тие пет директиви би сакала за потсетување да ги споменам, тоа е директивата 2002/19, директивата 2002/22, директивата 2002/58, 2002/77 и директивата 2002/20 и 21. Значи со измените во овој закон кој што денес го расправаме не се имплементираат нови директиви и затоа забелешката која што ја имавме од страна на колегите на СДСМ на расправата на матичната комисија зошто нема коресподентна табела мислам дека и самите знаат, бидејќи не се применуваат нови директиви во овие измени нема потреба од коресподентна табела, а инаку сакам да потсетам дека оној работен материјал кој што го бараа колегите од СДСМ го добивме веќе преку претседателот на Комисијата за транспорт и врски господинот Тито Петковски и ценам дека тој материјал го имаат сите пратеници. Значи со овој законски текст не се врши имплементирање на нови директиви туку се врши допрецизирање на некои одредби и надминување на проблеми констатирани при неговата имплементација. На Подкомитетот за стабилизација и асоцијација одржан на 28.01.2010 година дадено е позитивно мислење по Предлог измените и кажано е дека се усвоени имплементирани заблешките од Европската Унија.
Исто така сакам да потенцирам заради јавноста обврска на Подкомитетот за стабилизација и асоцијација одржан на 28.01.2010 година е по усвојувањето на измените од страна на Собранието на Република Македонија во овој законски текст истите повторно да се пратат во Европската Унија така да нема простор да правиме нешто неусогласено со ЕУ- директивите. Би сакала исто така да кажам дека се препорачуваат измени на директивите за електронските комуникации за земјите кои се членки на Европската Унија. Тие директиви, не би сакала сега заради времето затоа што имам повеќе работи да кажам значи во Програмата на Министерството за транспорт и врски овие директиви се внесени за да се имплементираат и за да започне процес на измени на Законот за електронските комуникации веднаш по усвојувањето на измените на законот кои се во собраниска процедура и кои што денес ги расправаме. Тоа се директиви, еве сосема на кратко од 2006/24, 2009/136 и 2009/140. Сакам исто така да потенцирам дека ова директива од страна на Ирска во Европскиот клуб на правата била покрената постапка за нејзино поништување, по многу дебата во 2008 година Европскиот суд за права ја отфрла постапката за нејзиното поништување. Значи сите земји членки на Европската Унија имаат обврска да ги вградуваат директивите кои се препорачуваат и да постапуваат.
Ние како република, денес со овие измени кажав што ги правиме, меѓутоа една работа би сакала да потенцирам, сакам да прашам и да потсетам што всушност се предлага и што ќе се изгуби доколу некој во Собранието на Република Македонија каже дека денес нема да даде подршка на овие измени на закони.
Прво, бенефитот од донесувањето на законот ќе имаат како корисниците исто така и операторите. Би се осврнала прво на она што добиваат корисниците односно граѓаните со донесувањето на овие измени на законот.
Значи вака, обезбедување на целосен телефонски именик, податоци во целосниот телефонски именик треба редовно да се ажурираат, а најмалку еднаш годишно.
Телефонска служба за информации за сите оператори.
Јавни говорници прилагодени за сите лица вклучително и на лицата со посебни потреби.
Фиксна телефонска линија на било која локација во Република Македонија по прифатлива цена, нема да има непостојна техничка можност, како што досега имавме.
Без надоместок по барање на преплатниците во рок од пет дена од денот на приемот на барањето ќе им се доставува детална сметка со приказ на поединачните податоци за сите видови на телефонските услуги.
Се воведува рок за решавање на спорот во случај на приговор, максимално во рок од 42 дена. Доколу претплатникот поднесе приговор во врска со износот на сметката операторот не смее истиот да го исклучи се до донесување на конечна одлука, а претплатникот е должен да го исплати износот на месечната претплата на определениот рок. Доколку претплатникот не го плати износот на месечната претплата во определениот рок операторот има право претплатникот да го исклучи.
Одбивањето да се внесат лични податоци во јавниот телефонски именик, нивното потврдување, измената или бришењето со измените се предвидува да биде бесплатно.
Се регулираат условите со додадена вредност, операторите кои ги обезбедуваат овие услови при нивното огласување ќе бидат обврзани на разбирлив и јасен начин да ја објаснат услугата и нејзината цена.
Се забранува давање погрешни или нецелосни информации за користење како што е цената, возраста на нивното користење итн, операторите кои ги обавуваат овие услуги ќе мора да обезбеди на почетокот на секој повик на овие услуги да ја најави цената и почетокот на наплатата како и да овозможи прекин на повикот во разумен рок доколу претплатникот тоа го сака.
Утврден е рокот за одговор на приговор во корисникот како и постапката за упатувањето на приговорот.
Стандардните претплатнички договори ќе ги одобрува агенцијата и ќе следи како тие се почитуваат.
Инсталацијата за зградите ќе се прави на тој начин што сите оператори ќе можат да пристапат до зградата, а станарите ќе имаат можност да бидаат на кој оператор ќе разговараат.
Се воведуваат одредби што ќе овозможат полесно поставување оптички кабел до секоја зграда односно домаќинство доколку со изградбата на станбената или деловната зграда или друг објект настанат пречки во приемот на радио и на телевизиските програми на аудиовизуелните даватели на медиумски услуги односно радиодифузери, инвеститорот на таа зграда или објект е должен во рок од 60 дена од денот на утврдувањето на пречките на сопствен трошок да обезбеди прием на радио или телевизиски програми со еднаков квалитет каков што постоел пред настанувањето на пречките.
Операторите, сопствениците и корисниците на радиостаниците во случај на воена состојба или непосредна опасност на независноста и интеритетот на државата како и во случаите на големи несреќи и елементарни непогоди се должни својата електронска комуникациска мрежа и радио станица да ја дадат на користење на надлежни органи, правни лица или служби за итни повици и бесплатно да обезбедат пренос на пораки и известување во случај на опасност по животот и здравјето на луѓето или на имотот поголема вредност или на животната средина.
Ова се предностите што граѓаните на Република Македонија ќе ги добијат со донесувањето на измените и дополнувањата на овој законски текст. Ценам дека сите оние кои ќе гласаат против овој закон се против овие бенефити што граѓаните треба да ги добијат од овој закон.
Исто така, сосема на кратко, ќе ги спомнам предностите на операторите:
Обезбедување на транспарентен оператор што работи недискриминаторски и инклузивно.
Регулаторот добива надлежности поврзани со градењето и просторното планирање.
Можност за започнување на бизнис во областа на универзалната услуга.
Конкретни измени во насока на либерализација и конкуренција.
Сакам уште една работа да спомнам, доколку времето ми дозволи, сакам да потенцирам дека беше спомнувано околу тоа дека во делот на членот за заштита на личните податоци, сакам да кажам дека сите оние активности што ќе се преземат околу таа работа, ќе бидат согласно закон. Нема да се врши, како што се спомнуваше на Комисијата, злоупотреба во насока на она што значи ...
Светлана Јакимовска: Благодарам.
Катерина Димеска: Се ќе се спроведува во согласност со законот што тоа го предвидува. Благодарам.
Светлана Јакимовска: Благодарам.
За реплика е јавен Макрадули Јани, повелете.
Јани Макрадули: Благодарам почитувана колешке потпретседател.
Кои материјали ви се доставени колешке Димеска од претседателот на Комисијата за транспорт и врски?
Работните материјали.
Добро, тие не се достапни до пратеничката група на СДС и членовите. Тоа го кажувам јавно, но веројатно кај Силвана Бонева се и таа ги распределува во Собранието.
Значи, колешке Димеска, бидејќи ви дадоа да прочитате текст, да ви кажам што прочитавте. Ја прочитавте Одлуката за примена на Стратегија за универзална услуга во Република Македонија, потпишана од Владо Бучковски, донесена на Владата на Република Македонија мај 2006 година. Значи, универзалната услуга, јас сега да бев Анета Стефановска ќе кажев знаете ли што е универзална услуги и интерконекција? Ама не сум Анета Стефановска. Почитувам дека ви дале текст да го читате, за кој што врска немате што прочитавте.
Универзалната услуга ја донесе Програмата СДСМ во мај 2006 година, ја има во Законот, ја има во Агенцијата за електронски комуникации.
Знаете зошто не е избран оператор, оти не можете да најдете некој будала, да му кажете ајде ставете во Митрешинци три телефонски говорници. Не му се исплати. Ниту на ВИП, ниту на ОНЕ, ниту на друг. Ставете во Сарамзалино пет телефонски говорници. Не им се исплати. Затоа што и да сакате да направите, тоа нема да го најдете. Не можете, за жал, тоа да го направите.
Но, бидејќи сте градежен инженер, ќе ве прашам тоа што е од вашата област. Во законот вели „сопствениците на изградена станбена зграда мора на сите оператори да им обезбедат пристап за постапување, одржување и развој на електронски комуникации“. Ќе ве прашам, во Капиштец, каде што живее Сашо Мијалков, има 14 катови, има по четири станови, тоа се 56 станови. Колку би го чинеле, еве како градежен инженер, пресметајте вие, сопственикот на таа зграда, ако постои, бидејќи таа зграда ја изградил некој 1982-1983 година. Каде ќе го најдеме сопственикот на зградата да изгради од почеток комуникациски канали за сите оператори, три телефонски и четири кабловски? Еве, како градежен инженер одговорете ми вие, и како во тие 56 станови, познавајќи го менталитетот на нашиот народ, ќе обезбедите квалитетни услуги и тој ќе мора да ги поправа нонстоп. Еве, како градежен инженер одговорете ми на тоа што е градежна работа. Благодарам.
Светлана Јакимовска: Благодарам.
Контра реплика госпоѓа Димеска Катерина, повелете.
Катерина Димеска: Благодарам почитувана потпретседателке.
Почитуван колега вие ги побаравте работните материјали и тогаш ви беше кажано дека нема нови директиви вградени во овој Предлог на закон. Ова е техничко доусогласување таму каде што се констатирани одредени неправилности. Јас ги читав на почеток точно знам што читав и што кажував. На почетокот ги читав сите директиви кои што на почеток се земени како препорака од Европската унија и кои што се вградени во основниот текст донесен 2005. тоа го кажав.
Второ, материјалите ги добивме, Министерството тоа што го вети го направи, ги пушти материјалите и јас го прашав и вчера претседателот на Комисијата за транспорт и врски доставени се и ги има претседателот на Комисијата за транспорт и врски.
Второ, сакам да бидеме јасни пред македонската јавност, ова сакам да го потенцирам дека регулаторот добива надлежности поврзани во насока што значи со градењето и просторното планирање затоа што усогласување со нормативите, прописите и техничките специфики содржани во препораките на Европската унија за градење на тој комуникациски мрежи се градат на влез на странските оператори.
Светлана Јакимовска: Благодарам.
За реплика е пријавен господинот Ќуркчиев Никола, повелете.
Никола Ќуркчиев: Благодарам потпретседателке.
Почитувана колешке немаше да се јавам за реплика доколку не ја кажевте последната реченица дека сите оние кои што зеле учество во оваа расправа демек се против тоа граѓаните имаат подобри услуги во делот на електронските комуникации. Навистина тоа го мислите? Навистина мислите дека ние се јавуваме да дискутираме само заради тоа да граѓаните имаат полоши услуги? Сакате да дискутираме по законот? Па јас прв кажав дека нема потреба од политика. Ај, кажете ми ве молам имате минута контра реплика, колку директиви на Европската унија се имплементирани во овој закон. Јас ќе ви кажам дека девет се прекршени. Кажете ми вкупно колку?
Втора работа, дали знаете што се случува со дел од овие директиви за кои што зборуваме? Половина од нив се променети во Европската унија, во Брисел. Се усогласени. Кога таа промена ќе дојде овде? Бројот можеби ќе остане ист, пак ќе се повикувате? Ќе ја крстите поунаку? Па, ве молам? На крајот на краиштава вие не смеевте зборот универзална услуга да го споменете, а не да си дозволите да дискутирате за таа работа. Четири години не ви текна што е тоа универзална услуга. И денес зборувате за неа? Сакате да ви прочитам нешто од законот? Имам време.
Во законот, овој што е предложен од господава денеска овде од заменикот министер се вели дека универзална услуга е минимален пакет од определени услуги со определен квалитет достапен по прифатлива цена за сите крајни корисници во Република Македонија без оглед на нивната географска локација. Да видиме како стоел во законот. Се вели универзална услуга е пакет од минимален број на јавни електронски комуникациски услуги со определен квалитет достапен по прифатлива цена за сите крајни корисници во Република Македонија без оглед на нивната географска локација. Ќе ми ја кажете разликата? Објаснете им ја граѓаните која е разликата.
Светлана Јакимовска: Благодарам.
Контра реплика госпоѓа Димеска Катерина, повелете.
Катерина Димеска: Благодарам почитувана потпретседателке.
Почитуван колега јас јасно ги прочитав сите предности кои што граѓаните на Република Македонија ќе ги добијат после донесувањето на овие измени на законот. Јас се надевам дека денеска на пленарната седница и вие ќе гласате за законот за да не се соочите со спротивното, да бидете против овие предности кои што граѓаните на Република Македонија треба да ги добијат прво.
Второ, сакам да ми кажете, точно презицирајте ја која директива е прекршена. Јас ги прочитав сите директиви кои што се вградени во основниот текст, сега се врши само допрецизирање. И уште една работа, да не заборавиме почитуван колега која што ја кажав, еве уште еднаш ќе ја повторам, после донесувањето и усвојувањето на измените од страна на Собранието на Република Македонија. Истите повторно ќе се вратат во Европската унија така да нема простор да правиме нешто неусогласено со европските директиви. Ако вие како опозиција сте спротивставувате на одредени работи и делови од законот, овде нема прочка. Значи Европската унија нема да дозволи да биде нешто прекршено. Благодарам.
Светлана Јакимовска: Благодарам.
Има збор господинот Котевски Никола, повелете.
Никола Котевски: Благодарам потпретседателке.
Почитувани пратеници, би сакал и јас да го кажам моето размислување по однос на предложените измени на Законот за електронски комуникации.
Би започнал од оној дел од дискусијата на колегата Ќуркчиев каде што зборуваше за резултатите во делот на политиката на информатричко општество и медиуми кои што се наведени во извештајот од Европската комисија. Јас не знам кој извештај тој го читаше, но во последниот извештај од минатата година во Поглавјето 10 - Информатичко општество и медиуми во заклучокот јасно стои и сега ќе го цитирам. „Може да се наведе дека е постигнат напредок во областа на електронските комуникации и услугите на информатичкото општество. Зголемена е конкуренцијата на пазарите на електронските комуникации како резултат на процесот на либерализација во корист на потрошувачите“. Мислам јасно е кажано дека е постигнат значителен напредок во оваа сфера и мислам дека тој резултат треба да се потврди и признае од страна на опозицијата. Од страна на опозицијата во нивната дискусија и на комисија и денес на пленарна седница провејуваа три тези.
Првата теза дека овој закон не е европски и дека е во спротивно со европските директиви за кои што претставниците од Министерството и колешката Димеска добро образложи на што се базираат овие измени. Јас само би кажал неколку дополнувања она што го кажаа од Министерството за транспорт и врски дека овој закон е подготвуван една година од меѓуресорска работна група, е правен во консултација со сите заинтересирани страни и е правен во консултација со надлежните тела од Европската комисија. По однос на истиот беа одржани јавни расправи и дебати. Кога ќе гледаме во целина од аспект на транспарентноста во донесување на овој закон, не можеме да речеме дека се работи за носење на брзина на овој закон и дека е во спротивност со европските директиви. Имајќи го предвид фактот дека и по донесување на овој закон од страна на Собранието, овој закон ќе биде доставен до Европската комисија да добиеме повторно размислување од нивна страна. Мислам дека таа теза дека овој закон се коси со европските директиви и дека не е европски, паѓа во вода.
Втората теза што провејуваше во дискусиите, дека се врши партизација на Агенцијата за електронски телекомуникации на Комисијата, вклучително, мислам дека ова е теза што се промовира по однос на сите комисии и сите кадровски решенија што се нудат од парламентарното мнозинство имаат задача од опозицијата, се она што ќе предложиме за кадровско решение да биде оквалификувано како партиски војник, како партиски послушник на Владата, на владеачкото мнозинство итн. Мислам дека во неколку примери во минатото тоа го демантиравме и кога се дискутираше за работата за Боцевски, вице премиерот за европски прашања во тој период, се велеше дека е партиски војник на ВМРО-ДПМНЕ, па сега испадна дека е партиски војник на ЛДП.
Мислам дека од тој аспект не треба да ги дисквалификуваме луѓето кои работат на овие комисии и треба да им се даде можност нивната работа да се цени според резултатите од истата. Мислам дека до сега, од 2006 па наваму, сите луѓе кои ги именувало Собранието, а се членови на оваа Комисија придонесе за овој позитивен извештај од страна на Европската комисија.
Трета теза што ја промовираше опозицијата е наводното незаконско прислушкување. Со ова сакаше да се наметне мислење во јавноста дека ќе се врши на некој начин кратење на човековите права и ќе се прислушкува секаде и во секоја ситуација.
Мислам дека во претходната реплика со пратеникот Макрадули го прочитав ставот 7 од предложениот член 73 на овој закон.
Сега дополнително ќе го прочитам ставот 1 одф членот 74 што се предлага од страна на Владата.
„Операторите на јавни комуникациски мрежи и давателите на јавни комуникациски услуги се должни на свој трошок да обезбедат соодветна опреме и интерфејс за спроведување на мерката следење на комуникациите што ќе се врши под услови и на начин утврдени со закон“. Потенцирам, за спорведување на мерката следење на комуникациите што ќе се врши под услови и на начин утврдени со закон. Јасно се посочува на Законот за следење на комуникациите, каде што со овој предложен член се врши усогласување помеѓу двата закони.
Имајќи го предвид фактот што постојниот член 115, што сеуште не е изменет, во ставот 1 вели - операторите се должни на свој трошок да обезбедат соодветна опрема и интерфејс за законито прислушкување на комуникациите на нивните мрежи.
Кога ќе направиме една споредба помеѓу овие два става, мислам дека нема суштинска разлика дека се кажува исто. Се врши усогласување на овој закон со Законот за следење на комуникациите.
Понатаму, само кратко би сакал да кажам некои работи што беа како причина за измена и дополнување на Законот за електронски комуникации. Зголемување на транспарентноста во работењето на Агенцијата и Комисијата за електронски комуникации, значи било која промена на Статутот мора да добие согласност од Собранието на Република Македонија.
Годишните извештаи и Годишната програма за работа на Агенцијата јавно ќе бидат достапни на веб страната на Агенцијата.
Со предлог одредби се допрецизира нивната содржина, изгледот на нивната содржина.
По барање на Собранието, во рок од 30 дена да се достави извештај за работењето и пократок од една година.
Потоа, дневниот ред, записниците и донесените одлуки од страна на Комисијата да бидат објавени на веб страната од Агенцијата во рок од седум дена. Мислам дека овие одредби укажуваат на транспарентност и секој граѓанин во Република Македонија ќе може да го следи работењето на Агенцијата за електронски комуникации, на Комисијата за електронски комуникации.
Согласно последниот извештај на Европската унија, каде што имаше забелешки за недоволна регулираност при доаѓањето користењето и одржувањето на електронските комуникациски мрежни инфраструктури се воведени нови одредби што го регулираат ова прашање.
Утврдено е кои норми, прописи и технички спецификации се сметаат за релевантни при изградбата на електронските комуникациски мрежи.
Во контекст на обезбедување на конкуренција и либерализација, со почетокот на градбата на станбени и деловни згради инвеститорите ќе бидат обврзани да изградат и кабелска каналска инфраструктура за пристапната електронска комуникациона мрежа за потребите на сопствениците во таа зграда, во согласност со проектите, врз основа на актот што ќе го донесе Агенцијата. Значи, Агенцијата ќе донесе акт со што ќе се прецизираат сите овие активности. Исто така со предложениот закон се допрецизираат одредбите за интерконекција односно поврзување на мрежите помеѓу различните оператори.
Обезбедување на транспарентна и ефикасна постапка за користење на фрекфенциите од фрекфенцискиот спектар и ова е суштински за либерализација на пазарот. Воведување на нови услуги и ефикасно користење на овој ресурс.
Во делот на Предлог законот се опфатени повеќе прашања кои се од интерес на заштита на корисниците. Тука е значајно што се воведува рокот за решавање на спор во случај на приговор максимум 42 дена. Поголема транспарентност во објава на цените и квалитетот на услугите кои операторите ги нудат.
Операторот не може да исклучи претплатник кога има спор во врска со износот на висината на сметките се до решавање на спорот. Претплатникот ќе биде должен само да ја плати претплатата до решавање на спорот.
Има и други измени кои што ги опфаќа овој Предлог на закон за кој што ќе дискутираме и во второто читање во Комисијата од аспект на сето ова што претходно го кажав јас ќе дадам поддршка во оваа фаза на донесување на овој закон. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам и јас.
Господинот Макрадули Јани има реплика, повелете.
Јани Макрадули: Благодарам претседателе.
Господине Котевски, еве неколку примери каде што не се имплементираат директивите.
Зголемената дискрециона моќ, односно одлуката наместо комисијата да ја носи само претседателот е спротивно на европските директиви.
Менувањето на скалестиот мандат на траењето на членовите е спротивно на европските директиви, точно што го пишува.
Најстрашното, најстрашното вика - планот за намена на радио фрекфенциските опсези што го донесува Агенцијата согласно со меѓународните акти се менува дека по мислење на Владата. Таква глупост нема. Меѓународната организација на поделба на фрекфенции вели - Македонија има три, Грција седум, оваа 15. Сега Владата ќе си ги избира, планот ќе го прави. Тоа е единствена држава во светот во кој што Владата си ја зема таа ингеренција.
И она што вие упорно ја манипулирате јавноста господине Котевски, јас тоа кажав, можеби вас ова ќе ви се случи односно ќе ве преслушкуваат. Да прочитаме заедно - на овластениот орган за следење на комуникации, тоа е Министерството за внатрешна работи, операторите се должни да му овозможат постојан и директен пристап до своите електронски комуникациски мрежи како и услови за самостојно одредување на моменталната географска, физичка или логичка локација на терминалната опрема на сите претплатници односно корисници независно од нивната телекомуникациска активност. Каде читате закон каде читате надлежен орган. Разбирате.
Не ми го читајте ставот 7 прочитајте си го ставот 8. Ставот 8 му дава на Министерството за внатрешни работи кој што со амандман е сменет отпосле, само немаат храброст да го признаат тоа. И овој текст не бил кај операторите, туку со амандман на ДБК се сменети овие работи, да можат да ги преслушкуваат сите луѓе и граѓани на Република Македонија, вклучувајќи ги и членовите на ВМРО ДПМНЕ. Јас не можам како да ви го објаснам тоа поинаку. Вие ќе го браните некако тоа, ама ова вас ќе ви се случи или ви се случува. Затоа велам јас, вие сега може тоа да го игнорирате, може да го елиминирате, ама ова, тоа што му се случува денес на опозицијата и на одредени членови на ВМРО ДПМНЕ, може би ќе ви се случи и вас. Не дај Боже. Непријатна е таа ситуација. Ама со овој закон се пропишува дека, на барање на Министерството за внатрешни работи. Мора да се дадат сите податоци. Нема закон за следење на комуникациите овде. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам и јас.
Господинот Котевски Никола, има контра реплика, повелете.
Никола Котевски: Добро, вие го прочитавте ставот 8 од членот 83, јас претходно го прочитав во претходната реплика кога дискутирав, тоа е ставот 7 од истиот член и јасно се укажува во тој став дека секое вклучување ќе се врши согласно со закон и во определен број на случаи. Значи, доколку некој, го злоупотреби тоа, значи го прекрши законот, како и за секоја друга работа во општеството ќе си сноси законски санкции како што се предвидени согласно законот. Мислам дека предложените членови се многу прецизни и постојано упатуваат на усогласување со Законот за следење на комуникации, Мислам дека тоа е многу јасно и нема нешто што е спорно во предложениот закон.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Има збор госпоѓа Бендевска Весна, повелете.
Весна Бендевска: Почитувани колеги, немате ниту еден аргументиран доказ, дека вака предложените измени на Законот за електронски комуникации содржеле препораки од европски директиви. Не постои европска директива, ниту ќе постои некогаш која ќе предвидува веќе постоечки независен регулатор да биде под директна контрола на Владата. Тоа е предлог, содржина на овие измени, така да нашата теза дека со овој закон и со овие предложени измени мора да се постигне прво класична партизација на Агенцијата за електронски комуникации, бидејќи сега таа треба да одработи една многу важна партиска, вмро-вска задача. Таа треба да ги следи неистомислениците и за секој кој не е член или припадник на ВМРО ДПМНЕ, но се согласувам и со тезата на Макрадули, од кога ќе успеете да ги класифицирате сите неподобни личности во сопствени фајлови, за кои верувајте некои идни состави на Собранието ќе мора да носат уште четири-пет закони и уште толку независни комисии за да ги лустрираат. Верувајте дека со носењето на овој закон дефакто потврдуваме она што е тренд особено во последно време. Се откажуваме ли од нашата европска иднина. Со вакви закони се откажуваме. Мислите наивни се нашите монитори од Европската комисија. Еден куп закони донесовме сосема спротивно од она за кои говорат европските директиви. Не постои колеги европска директива која го легализира прислушкувањето на начин и во услови каде што немаме обезбедено владеење на правото, ниту основна заштита на човековите права и слободи. Тоа значи само монтирање на партиско општество. Големиот брат ќе не гледа, слуша и следи. Самиот Орвел буквално не можел да замисли кога го проектирал своето дело 1984 година, ваква монтирана, колегата Спасеноски се смее, а најмалку треба да се смееме, треба да жалиме и да плачиме.
Зошто велам дека треба да се партизира и зошто мислам дека е ова упатство за независно регулаторно тело.
Во 2005 година овој закон беше донесен со европско знаменце и со него за прв пат Македонија доби независен регулатор во областа на електронските комуникации. Зошто независен? Бидејќи беше правно лице, чии членови беа на конкурс бирани од Собранието и комплетна кадровска структура и комплетно независно во своето финансирање. Ниту денар од буџетот. Тоа се основните претпоставки да можеме да кажеме да претпоставка е дека членовите на Агенцијата ќе можат независно од власта да ја работат својата работа, да ја регулираат областа за која се создадени.
Сега гледајте ве молам како изгледа ВМРО ДПМНЕ-вските измени на овој закон.
Во членот 6 министерот, и потвотно стои “министер надлежен“, недефиниран министер. Во 2005 година не постоеше министер за информатичко општество, сега стои, меѓутоа претпоставувам персонално Јанакиевски е попогоден да ги брка овие работи отколку Ивановски. Но нејсе, овој пат со овие измени господинот Јанакиевски како министер надлежен за оваа област ќе треба да дава согласност на тендерската постапка за избор на давател на универзална услуга. Па, ви се молам кој е тука независен регулатор. Министерството е извршна власт, политички, партиски орган. Тоа е еден од класичните упади.
Членот 7 кој се менува и вели “Република Македонија била основач на Агенцијата, но основачки права има Собранието“, нонсенс од правен аспект. Претпоставувам тука ќе треба да се вели, или пак не мислел предлагачот дека Собранието на Република Македонија не може да се поистовети со Република Македонија. Затоа, претпоставувам заменик министерот ќе има било каков одговор.
Во менувањето на членот 12, во новиот член 10, иако во досегашната комисија членството се бираше со ротирачки мандат, за да не дојде до преголема дистрибуција на моќ од еден петочлен состав со различен мандат беа бирани членовите. И тоа сега по вашиот терк треба да биде еднаш ќе ги бираме, кога сме на власт, ќе имаат пет години мандат, ќе можат да ја одработат работата и во услови кога ВМРО ДПМНЕ би ги изгубило изборите.
Меѓутоа, ве молам, прочитајте го десетиот став од членот 12, по членот 10 кој вели вака: “ако член на комисија има директен или индиректен приватен интерес во врска со донесување на одлуки самата комисија ќе реши има ли или нема конфликт на интереси и ќе го задолжи да гласа или не членот“. Па, колеги имаме закон за судир на интерерси. Комисијата треба да регулира пазар на електронски услуги, а не дали Петар Есмеров или Гордана Ивановиќ се партиски војници на ВМРО ДПМНЕ. Се, и членуваат во по два три управни одбори во државни органи. Не знаете вие? За тоа најмногу знае, прашајте го претседателот на Комисијата за избори и именување.
Имаме партиска комисија на ВМРО ДПМНЕ без грам познавање од областа, но доаѓаме до клучниот момент. Што треба сега да одработи? Што треба сега да одработи и за тоа најмалку четири пати годишно ќе се состанува и ќе има коефициент на плата месечна 4. Колеги пратеници сите се насочени кон високите плати на пратеникот избран на слободни избори. 3,5 е нашиот коефициент. Кажете ми зошто партиските војници во оваа комисија на ВМРО ДПМНЕ ќе треба да земаат плата колку судиите. Со која логика, што ќе работат? Тие мора да имаат значајна партиска задача.
Да не должам, доказ дека навистина ќе следи класичен упад во независноста е во новиот член 78. Замислете, надзор над законитоста на работењето на Агенцијата ќе врши Министерството. Каков независен регулатор имаме? Зависен од Миле Јанакиевски. Значи, нема да имаме веќе независен регулатор.
Што ќе работи? Ќе следи комуникации.
Навистина елаборираа во своето кратко време моите колеги, не постои директива во која ваквото следење на комуникации е дозволено. Немојте да тврдите дека ова е усогласување на закон со Законот за следење на комуникациите. Следењето на комуникации во Законот е ограничено временски на максимум една огдина. Во Законот за електронски комуникации не постои временско ограничување.
И, ве молам потсетете се дека веќе го донесовме Законот за внатрешни работи, каде што на УБК, во член 23 му дадовме слободни раце да може согласно закон да собира тајни податоци на начин недефиниран од Закон и сетете се само за прочуениот закон за национална криминалистичко разузнавачка база на податоци каде што се велеше „за секое лице“, не кое може да стои криминално дело, “треба да постои само основ на сомневање“, а не “основана сомнеж“. Не само дека сторил кривично дело, туку и дека бил жртва на тоа дело, бил сведок на некое дело, дури бил виден во географска близина на осомничениот ќе има свое досие во Министерството за внатрешни работи, кое е и орган кој е должен да ја состави базата и согласно овој закон орган кој буквално ќе ја држи во раце цела опрема за следење, начин и постапка без можност за нивна контрола. Тоа значи дефинитивно губење на претпоставката дека Република Македонија има ефикасен метод да ги заштитува согласно Уставот загарантираните основни човекови права и слободи, меѓу кои правото на приватност е гарантирано во сите европски конвенции.
Навистина Советот на Европа и Македонија е потписник на конвенција за превенција од тероризам. Не сме ја ратификувале сеуште, меѓутоа, знаете ли колку е тенка и црвена линијата помеѓу ефикасна борба против организиран криминал и заштита на човекови права и слободи. Но, кога во Република Македонија, читајте во член 115 до сега опремата за следење мораше да биде резултат на спогодба меѓу министер за транспорт и врски, министер за одбрана и министер за внатрешни работи, сега по предлогот кој е пред нас на маса тој е само во рацете на Гордана Јанкуловска. Ќе и помага и Сашо Мијалков. Се се затвара во еден круг, законите веќе ги монтиравте, Агенцијата ќе треба да ги спроведе.
Убедена сум дека ќе следи по кој знае кој пат, значителна реакција од Европската комисија за донесување на вака не европски закон за следење на комуникациите.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Има реплика заменик министерот за транспорт и врски, повелете.
Горан Михајловски: Благодарам почитуван претседателе.
Во интерес на јавноста, што се однесува за работењето на Агенцијата за електронски комуникации, нормално и Комисијата Европската Комисија има дадено позитивен став, меѓутоа мојата реплика беше по однос на појаснувањето на надзорот над законитоста на работењето на Агенцијата, во членот 78 став 3. Тоа е усогласено со Глава 3 од Законот за организација и работа на органите на државна управа.
Значи, овој надзор, за работењето на законитоста на Агенцијата за електронски комуникации е усогласен врз база на законот за организација и работа на органите на државна управа. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Контра реплика има госпоѓа Весна Бендевска, повелете.
Весна Бендевска: Па, господине заменик министер ајде видете го материјалот од Владата на Република Македонија во поглед на мислење за работата на Агенцијата за електронски комуникации и прочитајте го последниот став. “Владата цени дека треба да се преоценат планиратените износи на определени расходи во однос на репрезентација, службени патувања итн. итн.“.
Досега, согласно закон финансирањето не е од буџет. Со кое право Владата дава вакво мислење ќе го прашате вицепремиерот Зоран Ставрески. Еве како изгледа класичен владин упад во едно независно регулаторно тело, макар да и таму си ја поставивте партиската војничка Гордана Ивановиќ, макар таму да ви е државниот секретар за одбрана и господинот Лове Нелоски. И тие тројцата не можат, а да не реагираат на ваква навистина скандалозното мешање на Владата во независен регулатор.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Има реплика господинот Александар Спасеноски, повелете.
Александар Спасеноски: Благодарам претседателе.
Почитувана колешке Бендевска, почитувани колеги пратеници, немав намера да се јавам за збор, но заради тоа што начинот на кој што пристапивте во вашиот говор во однос на споменатото законско решение не се разликува од некои други пристапи во однос на некои други законски решенија. Обично секогаш тргнуваме така со апокалитични позиции во однос на иднината и целта на одреден закон, но на крај излегува дека сепак тоа не било така, така ќе биде и ќе покаже времето за случајот на предложените измени на Законот за електронски комуникации.
Меѓутоа, бидејќи бев спомнат, сметам дека станува збор за исклучлително сериозна сфера. Важно е граѓаните да знаат дека станува збор за законско решение кое што се менува после пет години од неговото донесување, после првата измена од 2005 година, денеска се наметна потребата од повторна измена на ова законско решение, а го знаеме фактот дека станува збор за пазар кој што е прилично динимизиран. Знаеме дека станува збор за законско решение кое што во времето кога било донесувано во Република Македонија имаше еден мобилен оператор, начинот на кој што функционираат интернет провајдерите, целокупниот пазар беше сосема поинаку во 2005 година наспроти ова што се случува денеска во 2010 година. Во таа смисла мислам дека станува збор за прилично тесно градо размислување дека со овие измени се настојува да се постигне нешто друго, а не да се создаде законско решение кое што одговара на потребите на пазарот на електронските комуникации во 2010 година наспроти законските решенија кои што беа донесени во 2005 година. Меѓутоа, заради вас, заради пратениците и заради јавоста мислам дека е многу важно да разбереме дека овој закон има 7-8 основни цели. Тие се причината и тие се целта на донесувањето на овој закон. Нив ќе ги прочитам.
Првата и основната цел е дека ќе се постигне со донесувањето на овој закон развој на конкуренцијата и либерализацијата во електронските комуникации. Тоа значи многу поефикасна услуга, многу поефтина услуга и многу подостапна услуга до граѓаните.
Втората цел е либерлизација на електронските комуникации, влез на нови оператори, воведување нови услуги по прифатливи цени за граѓаните, подобрување на регулацијата во делот на електронските комуникации, повисок степен на транспарентност кон операторите на пазарот на електронските комуникции.
Последната, седма цел, повисок степен за заштита на правата на крајните корисници.
Јас знам дека ние можеме да имаме одредени сомневања во однос на други аспекти на законот, меѓутоа основната причина за измени на законот за електронски комуникаици пет години по донесувањето на првиот текст е единствено поврзано со фактот дека станува збор за исклучително динамичен пазар, станува збор за исклучително динамична сфера поврзана со мобилни оператори, поврзано со интернет, поврзано со мултимедијални содржини.
Оттаму сосема е логично, дури јас би рекол, можеби е малклу доцна имајки го во предвид фактот дека станува збор за исклучително динамичен пазар да правиме измени пет години по донесувањето на првиот закон. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Госпоѓа Весна Бендевска има контра реплика, повелете.
Весна Бендевска: Колега Спасеноски како копретседавач на мешовитиот комитет јас мислев дека ќе говорите за друго. Мислев ќе имате лична реакција само заради тоа што еден закон донесен со европско знаменце и одлично маркиран во тогашниот извештај од Европската комисја сега се менува во свои ¾ и тоа без европско знаменце. Тоа значи само едно.
Ако сме имале европска регулатива сега вие не ја балканизирате, ја ВМРО-зирате и затоа очекувам од вас како копретседавач на мешовиот Комитет да дадете одговор, да кажете колеги дајте ова да го вратиме, бидејќи ако имаше знаменце за тоа ќе требаше и колегата Петар Поп Арсов да закаже Комисија и Националниот совет за евроинеграции да се произнесуваат го ратификуваме ли веќе донесениот европски закон, или го подобруваме. Директива нема што нема европско знаменце, тоа на вас ви е подобро јасно отколклу на било кој друг.
Затоа, ве молам, апелирам до вас, барем заради вашата висока функција убедете ги вашите да не носиме неевропски закон по кој знае кој пат.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Има реплика госпоѓа Катерина Димеска повелете.
Катерина Димеска: Благодарам претстедателе.
Почитувани колеги, почитувана колешке.
Сакам да реплицирам на крајот од денешниот ден кога веќе ја завршуваме расправата по однос на овој закон мислам дека сите тези кои што ги дискутиравте и на самата комисија и денес во Собранието за наводно не знам каква наменра по измените на законот паднаа во вода, уште еднаш сакам заради македонската јавност да потенцирам дека денешниот предлог на закон со измените кои што ќе ги усвоиме во Собранието на Република Македонија обврска е да оди повторно во Европската комисија, така да нема простор да се прави нешто што нема да биде усогласено со Европските препораки. Тоа е една работа.
Втора работа. Почитувана колешке, сите препораки кои што се дадени при самото донесување уште 2005 година се вградени во текстот на законот. Сега само се врши допрецизирање. Ние не правиме внесување на некоја нова директива, тоа е другата работ. Третата работа, сакам да кажам дека има позитивен извештај во она што значи електронски комуникации за Република Македонија и ценам со донесувањето на овие измени на Законот, ние го избираме вистинскиот чекор. Ги набројав предностите и бенефициите кои што граѓаните на Република Македонија ќе ги имаат со доенсување на овој закон. Тоа е факт почитувана колешке.И уште една работа сакам да ви кажам, за тезите кои што ги дискутиравте дека ќе се прави злоупотеба во насока на она што значи слушање по судски налог и она што значи постапка. Морам да потенцирам уште еднаш ,сето тоа ќе се спроведува во рамките на законот, се ќе биде во законска рамка. Затоа почитувани колеги ценам дека на денешната седница ќе го промените вашиот став и ќе дадете поддршка на Предлог измените кои што ги имаме пред нас за да овозможиме РМ да се движи кон она што значи насока и патоказ кон Европската унија.
Овој закон, не е закон со кој што ние како Собранието односно како држава можеме да си правиме авантури или да бркаме политика. Ова е многу сериозен закон и мораме сите да иамме сериозен пристап при донесувањето на овој закон. Затоа беа организирани јавни расправи, затоа се правеше консултација со сите европски фактори и мислам ова што денес се предвидува во законот и вие сте убедени дека треба да се направи, меѓутоа не можете затоа што од старт кажавте дека нема да дадете поддршка.
Мислам дека и образложенијата кој што претставникот од Министерството за транспорт и врски ги даде на матичната комисија беа аргумени во насока на поддршка на овој закон.
Почитувани колеги, уште еднаш сакам да аплирам дека законот се донесува за корист на граѓаните и за корист на операторите за дорегулирање на оваа мошне чувстивтлна област која што треба да ја регулираме со овие предлог на измени. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Има контра реплика госпоѓа Бендевска Весна, повелете.
Весна Бендевска: Колешке, пратениците од Социјал демократскиот сојуз, верувам, од цела опозиција до сега не гласале во корист на антиевропски закон, тоа нема да ни е прв пат и бидете сигурни нема да е последен пат. Не европските закони, ВМРО-вските закони ќе си ги гласате сами и ќе си ја понесувате одговорноста. Прашајте го вашиот претседател на Собранието, зошто законот без европско знаменце кој дојде во петок на 30 април во собраниска процедура, самито беше отсутен до 4 мај, го стави како точка на дневен ред на седница на 10 мај, без да почитува дека матичното тело, заинтересираните работни тела можеби ќе сакаат да го разгледуваат на седница, а Деловникот ни налага 5 минимум работни дена за да може да се одржи. Тоа, претпоставувам е една од причините, сакавте на брзина и без никаква јавна расправа да поминете ВМРО-вски закон. Немајте никаква дилема, сами ќе си го донесете, а потоа и сами ќе ги трпите критиките.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Грозданов Цветко има реплика, повелете.
Цветко Грозданов: Благодарам претседателе,
Јас немав намера да се јавам но поради параноичноста, изнесувањето на опозициајта во смисла на она што се следењето на комуникациите, сакам да кажам збор, два, поточно да реплицирам на госпоѓата Бендевска.
Госпоѓо Бендевска, точно е си носиме ВМРО-ровски закони и тие закони од 2006 година до 2010 година ја симнаа Република Македонија од она што се нарекуваше 107 место на 71 место со борбата против организираниот криминал по она што се извештаите на Транспаренснлн интрнешенл. Јас ќе напомнам дека од 2002 година до 2006 година ниту едно место, кога тогаш гласавте комунистички или социјал демократски закони, не го поместивте овој начин или ова скалило или борбата против организираниот криминал. 4 години се ноѓавте на 107-то место, поточно Република Македонија се наоѓаше на 107-то место по организираниот криминал. И на крајот на криштата направивте големи грешки, заблуди, затоа што податоците кои што се користат, значи ние донесовме претходно и други закони за следење на комуникациите. Една од нив беше и националната база за криминалистичко разузнувачката база на податоци во која што имаме точно регулиран начин на употребата на она што се нарекува податоците и информации. Немој да сметате дека ќе дојде до одредена злоупотреба. Нашиот народ има една поговорка и вика вака: Чесните, и искрените, може да спијат и со отворени врати, а оние другите можат да купуваат и блендирани врати, но сон нема да ги фати.
Оттука би сакал да ви укажам на забелешката дека нема потреба од параноичност во однесувањето дека некој ќе биде прислушкуван или не знам што. Не станува збор за онеи цедеа на Хари Костов кој што ги извади во негово време, затоа што и тогаш и сега следењето на комуникациите е нормална работа за борбата против организираниот криминал и тероризмот. И денеска и денеска воопшто овој закон го регулира истото. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Госпоѓа Бендевска Весна има контра реплика, повелете.
Весна Бендевска: Благодарам.
Колега Грозданов, нема послаба карика во македонското општество од владеењето на правото и заштита на човекови права и слободи. 4 години со ред, во сите извештаи и од Европската комисија и од Стејдепартментот и од невладините мониторинг мисии и од ОБСЕ, добиваме жолто црвен сигнал. Почнете да работите на заштитата на човековите права и слободи со добра законска регулатива која ќе оделува жртви од вистински носители на криминални дејства. Овде е се измешано, бидејки постои намера, постои систем за монтирање на ново ВМРО-овско општество и се разбира дека за ова не се бираат никакви инструмени и цели.
И уште еднаш да ви кажам, повелете ќе бидеме пред врата за да можеме да учествуваме во расправата по идните точки на закони. Опозицијата ве остава сами да си носите европски закони.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Бидејки е исрпена листата на пријавени за збор, констатирам дека општата работа по Предлогот на законот е завршена.
Врз основа на извештаите на Комисијата за транспорт, врски и екологија како матично работно тело и Законодавно-правна Комисија и расправата на седницата на Собранието, на Собранието му предлагам да го усвои следниот заклучок.
1.Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за електронски комуникации е прифатлив и може да се даде на натамошно односно второ читање.
2.Овој заклучок заедно со стенографските белешки од седницата на Собранието да се достави до Комисијата за транспорт врски и екологија и Законодавно-правна Комисија на Собранието на Република Македонија.
Пред да го ставам предложениот заклучок на гласање, ги повикувам пратениците да влезат во салата и тие пратеници што се пред сала 1 да влезат внатре во салата за да прејдеме на гласање, поготово оние пратеници што дискутираа по законот. Мислам дека треба да бидеме коректни кога дискутираме барем и да се произнесеме со своето гласање, дали сме за, против или воздржани.
Ги повикувам сите пратеници да влезат во салата, повторувам и оние што се пред сала 1 и што искажуваат дека намерно нема да влегуваат за да не гласаат.
За жал камерата не може надвор да покаже кои се пред сала 1.
Предложениот заклучок го ставам на гласање.
Ве повикувам да гласаме.
Вкупно гласаа 54 пратеници, од нив за предложениот заклучок гласаа сите 54, нема воздржани, нема против.
За жал нема доволно пратеници за да биде полноважно гласањето.
Ги повикувам повторно пратениците да влезат во салата, за да можеме да преминеме на гласање.
Ги повикувам пратениците да седнат на своите места, преоѓаме на гласање.
Претходно молам службите да утврдат точен број на присутни пратеници во салата.
(Службите утврдуваат точен број на присутни пратеници во салата)
Во салата има присутни 60 пратеници.
Ги повикувам пратениците да влезат во салата.
(Во салата влегуваат пратеници)
Во салата има присутно 61 пратеник.
Може полноважно да се гласа.
Предложениот заклучок го ставам на гласање.
Ве повикувам да гласаме.
Благодарам.
Вкупно гласаа 61 пратеник. Сите 61 гласаа за, нема воздржан, нема против.
Констатирам дека Собранието го усвои предложениот заклучок.
107 седница 16.06.2010
Минуваме на точка 24 – Дополнет Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за електронски комуникации – второ читање
Дополнетиот предлог на Комисија за транспорт, врски и екологија како матично работно тело и на Законодавно правната комисија, ви е доставен.
Врз основа на член 156 став 1 од Деловникот на Собранието, на второто читање на седницата на Собранието се води претрес само по членовите 2, 11, 19, 27, 28, 30, 56, 59, 88 и 90, што се изменети со амандмани на работните тела.
Отворам претрес по членовите 2, 11, 19, 27, 28, 30, 56, 59, 88 и 90 на дополнетиот предлог.
Ги повикувам предлагачот и пратениците кои сакаат да говорат по членовите 2, 11, 19, 27, 28, 30, 56, 59, 88 и 90 да се пријават за збор.
Благодарам.
Молам, да се подели на пријавени пратеници за збор.
Има збор пратеникот Јани Макрадули, повелете.
Јани Макрадули: Благодарам претседателе.
За жал денес сте пред одлука да влезете во сценариото на големиот брат или големот уво, или таа варијанта да ја одбиете. Денес, колеги од парламентарно мнозинство имате шанса да станете дел или да бидете жртви на тој систем што сами го инсталиравте, или да изразите протест против обидот на мала врата, надвор од Уставот на Република Македонија со подла измама од страна на Министерството за транспорт и врски да ви ги следат вашите комуникации движења или животи и тоа да го направите само во интерес на човекот на кого му сметаат политичките партии, телевизиите, неистомислениците. Затоа не знам денес дали да му се заблагодарам на премиерот што ме спомна вчера, или да се наежам дека сум на некоја листа. Сепак, ниту сум се плашел, ниту ќе се уплашам, без разлика на методите кои се применуваат врз мене, врз СДСМ, а кога ќе станете свесни дека се применуваат и на вас ќе биде доцна. Кога ќе си ги видите вашите роднини и пријатели во тие листи, тогаш ќе се каете зошто денес ќе го притиснете зеленото копче.
Денес со дополнетиот предлог не се изменија членовите за кои што се загрижени сите демократски институции во Република Македонија. Сите луѓе кои што сакаат да живеат во слободно, демократско општество, сите оние говорите од 70 минути им се страни или мислат дека за тоа само можат да го направат јужно американските комунистички лидери.
Со дополнителниот предлог не се измени Комисијата да работи стручно и компетентно, најмалку еднаш месечно, туку со 4 состаноци во годината да ја одработува агендата на воведување, легализирање на големиот брат во Република Македонија. Со дополнителниот предлог и дел од измените се обидува да се прикрие лошото финансиско работење на Агенцијата за електронски комуникации за кои што и Владата во својот извештај потпишано од Зоран Ставрески укажува – со дополнителниот предлог се обидува вишкот на средства кој што се одземени од операторите од 2005 година, значи 5 години наназад да се трансферираат во некој фонд, не знам дали е тоа можно, со кој што ќе се обиде да се забошотат финансиските дубиози што има направено Агенцијата за електронски комуникации во изминатата година, а за што. Повторувам и господинот Зоран Ставрески со свој потпис укажал на тоа. Со дополнетиот предлог не се излезе во пресрет на операторите во Република Македонија, со дополнителниот предлог не се излезе во пресрет на граѓаните на Република Македонија, со дополнителниот предлог се загрозуваат човековите права и слободи во Република Македонија. Денеска вие ќе се определите да Министерството за внатрешни работи и луѓето кои работат во Агенцијата за безбедност и контраразузнавање надвор од европските директиви, надвор од демократските капацитети и надвор од една нормална, слободна и демократска држава има техничка можност да може да го превземе сообраќајот од било кого, било каде и било колку време. За жал, денеска вие ќе бидете соучесници на легализирањето на големиот брат во Република Македонија, ќе бидете соучесници на следење на луѓето во Република Македонија, без разлика дали зборуваат, дали молчат и без разлика дали работат на својот компјутер или не. Ќе ги следат луѓето откако ќе ги завршат разговорот до местото до каде што ќе отидат и тоа без налог, без заштита, без контролни механизми. Јас не можам да ја разберам индолетноста на надлежните судски органи и Јавното обвинителство кои што мирно гледаат дека им се одземаат ингеренциии дека досегашната законска обврска, дадена со закон кој што се носи со двотретини, а тоа е само со налог од истражен судија кој е вклучен во процедурата и обвинител да може во одреден временски период да се следи комуникација за кривични дела кои што се дадени по список да може Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за безбедност и контраразузнавање тоа да си го прави кога сака, како сака и колку време сака. Господинот Павле Трајанов кога беше дебата за извештајот Судскиот совет наведе примери во кои што, не како конкретни, туку наведе како бројка, дека се злоупотребени средствата за следење на комуникации, господинот Грчев тоа го потврди дека и тој знае и дека не се согласува со тие работи, ама дека е немоќен. Занчи живееме во држава во која Судскиот совет знае, коалиционите партнери на ВМРО ДПМНЕ знаат, ДУИ не знам, како по обичај молчи, невладините организации го креваат својот глас, јавниот обвинител, за греота има само еден Службен весник што го добива, ќе треба да му обезбедиме, еве мојот примерок нека го добива и живееме во општество во кое сите знаат што се случува само не сакаат заради лични потреби да ги кренат својот глас. Денес пратениците од парламентарно мнозинство ќе влезат во шемата на Никола Груевски да следат луѓето што не мислат како него, ќе влезат во шемата на Никола Груевски да збранува или да кажува која телевизија да се гледа, веројатно наместо членовите на ВМРО ДПМНЕ, бидејќи сега имаат забрана да гледаат А1 телевизија, ќе им бидат прикажувани разговорите од членовите на опозицијата, а во вечерните часови и членовите на ВМРО ДПМНЕ кога ќе разговараат со некој друг. За жал, судството и Обвнителството молчи на ваков предлог кој не е ниту согласно Устав от, ниту законите во Република Македонија.
Законот за следење на комуникации кој е донесен со 2/3 мнозинство ја решава оваа проблематика. Техничките предуслови се дадени и во тој закон.
СДСМ предлага концепт во кој оваа регулатива ќе биде решена во Законот за следење на комуникации. Дополнителниот предлог само ќе предизвика дополнителен хаос во оваа чувствителна сфера. Дополнителниот предлог одзема ингеренции на Собранието, на Министерството за одбрана, со закон кој се носи со 41 пратеник, а одзема ингеренции од закон кој се носи со двотретинско мнозинство. Јас затоа уште еднаш ќе апелирам, не го гласајте овој дополнителен предлог, не го легализирајте прислушкувањето на сите вас граѓаните на Република Македонија. Закон за следење на комуникации е јасен и е согласен со Уставот. Не дозволувајте на мала врата да станете дел од едно сценарио каде граѓаните ќе се делат на подобни и неподни, на оние што треба да се гледаат и оние што треба да се слушнат и оние што треба да се сатанизираат. Со овој дополнителен предлог ќе станете соучесници на незаконското следење на комуникации и во Република Македонија, ќе станете соучесници на кршење на човеките права и слободи и јас тоа никогаш нема да ви го опростам. Благодарам.
Рафис Алити: Благодарам.
За реплика е јавен пратеникот Александар Николовски, повелете.
Александар Николовски: Би сакал да кажам дека се она што беше изнесено како став на колегата Јани Макрадули е неточно. Оваа генерација на ВМРО ДПМНЕ ниту некогаш ги прислушкувала своите политички противници и неистомисленици, ниту тоа го прави во моментот, ниту има намера било кога да го прави понатаму. За жал, некои други луѓе го правеле тоа во минатото, но за жал тие времиња се зад нас.
Би сакал уште еднаш да ја уверам македонската јавност не се случува, а она што го прави СДСМ едноставно е лага и манипулација со цел добивање на дневни политички поени. Така што се она пто беше кажано и се што она што ќе биде искажано во оваа насока е апсолутно неточно.
Рафис Алити: Благодарам.
Контра реплика има господинот Јани Макрадули, повелете.
Јани Макрадули: Благодарам.
За жал ВМРО ДПМНЕ, оваа генерација на ВМРО ДПМНЕ ги дели членовите на оваа генарација која не го прави тоа и генерација како што кажа господинот Николов, што го правела тоа. За жал оваа генерација на ВМРО ДПМНЕ ќе биде означена во историјата како најнедемократскиот дел од ВМРО ДПМНЕ, во својата историја, затоа што овие методи што ги применува сега и оваа забрана да се гледаат телевизии, да се слушаат луѓе, да се следат комуникации, никогаш не била својствена на ВМРО ДПМНЕ и идеалните од деведесетите години. Оваа генерација на ВМРО ДПМНЕ, на пример не дозволува да се дебатира во Собранието и да се стави точка на дневен ред и слободата и права на луѓето во Република Македонија. Благодарам.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Реплика има пратеникот Катерина Димеска, повелете.
Катерина Димеска: Благодарам.
Во целост ќе го демантирам она што беше кажано од колегата Макрадули. Ценам дека беа изнесени многу шпекулации во насока на намерата што сака да се постигне со Предлог законот за измена и дополнување на ЗАконот за електронски комуникации, затоа што со вој закон се оди во правец на измена на одредени одредби каде што има недоречености и проблеми при неговата имплементација, како и во контекст на наодите утврдени од страна на Европската комисија истаканти на релеватни подкомитети, затоа што овој закон треба да се доусогласи и треба да се оди во насока на она што значи следење на електронски комуникации во развојот. Сите други работи се невистини и она што беше кажано дека ќе се врши прислушкување од било кого, било каде итн., но не било како туку по закон се спроведува тоа. Колегата добро знае дека ние имаме закон за следење на електронски комуникации. Овој закон само врши технички решенија на апаратите кои треба да бидат унифицирани и да биде олеснета можноста за електронско комуницирање. Тоа е востината и македонската јавност тоа треба да го знае. Се останато што се кажува овде е манипилација.
Рафис Алити: Контра реплика има господинот Јани Макрадули, повелете.
Јани Макрадули: Благодарам.
Македонската јавност треба да знае, а ако имаат доблест, совест и чест претставниците на Министерството за транспорт и врски ќе кажат дека членовите за следење на луѓето во Република Македонија никогаш не стигнале како предлог до Европската комисија. Членовите за следење на луѓето во Република Македонија никогаш не биле разгледувани на Комитетот за стабилизација и асоцијација. Еве го самиот документ што го понуди Министерството. Тие членови не се опфатени овде. Затоа Хелсиншки комитет, Метарморфозис, Транспаретност Македонија и редица други невладини организации го кренаа својот глас за измените во Законот за електронски комуникации кои се против луѓето на Република Македонија. Јас сум загрижен за членовите на ВМРО ДПМНЕ.
Рафис Алити: Благодарам.
Збор има пратеникот Цветко Грозданов, повелете.
Цветко Грозданов: Благодарам.
Нема потреба од грижа за членовите на ВМРО ДПМНЕ, ниту за граѓаните на Република Македонија. Има институции кои што се грижат и кои се застанати зад она што се нарекува заштита на човековите права и слободи. Има институции кои се грижат за теритиријалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, така што носењето на овој закон претставува само усогласување со она што е донесен и претходно Законот за следење на електронски комуникации.
Во одредените изјави кои претходно беа искажани велат дека законот е донесен согласни Уставот на Република Македонија. Штом законот за следење на електронски комуникации е донесен согласни Уставот на Република Македонија не гледам причина за неподржување на законот. Законот се следење на електронски комуникации претставува само на веќе дадените одредби кои се јавуваат во Законот за следење на електронски комуникации.
Би сакал да цитирам и одредени членови од Законот за следење на комуникациите за да ги уверам граѓаните, почитувани колеги пратеници, дека станува збор за сеење страв од говорницата на Собранието на Република Македонија во Република Македонија, при што се укажува паушално дека следењето на одредени лица, следењето на одредени политички противници, следењето на обичните граѓани е доведено во прашање.
Јас би сакал да укажам на Законот кој што го донесовме за следење на комуникациите, кој е излезен во Службен весник на Република Македонија на 21 ноември 2006 година, на член 5, каде се вели: следењето на комуникациите се остварува под услови определени со овој закон и начин во постапка со која не се загрозуваат човековите слободи и права што не се предмет на ограничување согласно со овој закон итн.
Членот 8 кој што дефинира одредена област вели: следењето на комуникациите на одредено лице судот може да нареди кога постојат основи на сомневање дека тоа лице е сторител на кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку 4 години или пет години, дело за кое е пропишана казна затвор до 5 години, за кое постојат основи за сомневање дека го врши или е извршено од страна на организирана група, банда или други злосторнички здруженија.
Членот 9 од Законот за следење на комуникациите, почитувани граѓани и почитувани колеги пратеници, вели: Барањето за донесувањето наредба за следењето на комуникациите врз основа на членот 8 на овој закон до судот поднесува надлежниот јавен обвинител. Значи, немојте да сееме страв меѓу граѓаните дека секој може да биде прислушкуван и секој ќе може да биде следен без разлика на политичката припадност, етничката припадност, половата припадност и ред други работи. Тука точно е дефинирано дека јавниот обвинител по сопствена иницијатива или на предлог на овластено лице од Министерството за внатрешни работи доколку постојат основи на сомневање дека прави кривично дело за кое е пропишано со Законот казна затвор над 5 години и кое е во согласност со грижата за слободата и правата на граѓаните во Република Македонија ќе донесе одлука за следењето на комуникациите на овие лица или оваа група на граѓани.
Би сакал да напомнам дека Законот за електронски комуникации само претставува усогласување со Законот за следењето на комуникациите во делот на неприкосновено давање на следењето на комуникациите на Министерството за внатрешни работи. Доколку Законот за следењето на комуникации пропишува во кој наврат ќе можат да бидат следени одредени групации, терористички здруженија, криминални структури, тогаш ако во делот на комуникациите ја немаме регулирано обврската на давателот на услугата дека е должен по Законот да му даде непрекинато и неприкосновено следење на комуникациите, како и лоцирање на самиот сторител на кривично дело, тогаш не знам како нашите служби би се грижеле за сигурноста на граѓаните, она што Уставот на Република Македонија го предвидува во членовите 25, 26 и 27. Секој граѓанин има право на слобода на движење низ целата територија на Република Македонија. Доколку постојат појави на одредени терористички здружувања, како што и во изминатиот период се случувало во одредени држави, кажете ми како ќе биде можноста или каква ќе биде можноста да се откријат тие зруженија или закани што претставуваат закана за територијалниот интегритет, суверенитетот на Република Македонија, како што претставуваат закана за безбедноста на одредени граѓани во Република Македонија, без разлика дали станува збор за некои кои се бават со бизнис, политика или ред други активности. Како ќе дојде до нивно откривање и до лоцирање на оној што се заканил. Во изминатиот период сведоци сме дека имавме по меил пуштање дека некој си „командант“ кажува нешто, па тогаш одредена држава ни излезе во пресрет преку Инерпол со тоа што ни ја даде точната локација од каде е испратено, од кој компјутер е испратено и дали има таква можност. Ако другите држави во Европа и светот го имаат истиот овој сегмент, истите овие задолженија, имаат идентични закони за следењето на комуникацијата, зошто Република Македонија да ги нема.
Очекувам голема поддршка од сите пратеници во Соборанието на Република Македонија, без разлика дали доаѓаат од опозицијата или власта, кога зборуваме за територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, кога зборуваме за основните слободи и права на човекот и граѓанинот во Република Македонија, кога зборува за непреченото движење на целата територија на Република Македонија, кога зборуваме за отстранување на заканите од одредени терористички групации, кога зборуваме за спречување на организираниот криминал, кога зборуваме за спречување на одредени криминални структури кои сакаат да влезат во Република Македонија или се наоѓаат на територијата на Република Македонија, нормално е да има соодветна комуникација меѓу дадените министерства, поточно меѓу центрите кои ја даваат оваа услуга, а кои со Законот за електронски комуникации сега што го донесуваме денес се обврзуваат дека непречено ќе дадат можност за следење на комуникациите на овие појави, за спречување на овие појави. Но исто така, со Законот за следењето на комуникациите е дефиниран начинот кога, во кој временски период, за кој временски период треба и се издава и кој е органот кој што поднесува барање за следењето на комуникациите. Не можеме да зборуваме дека ќе настане следење на комуникациите кај секого, без разлика дали има причина. Со Законот за следењето на комуникации точно се предвидува дека треба да има основи на зомнение, дека групациите кои се на територијата на Република Македонија или групациите кои од надвор би сакале да влезат на територијата на Република Македонија ќе нанесат одредени тешкотии во функционирањето на државата, во функционирањето на нормалниот живот на граѓаните во Република Македонија. Ние како пратеници пред се треба да се грижиме за слободата и правата на граѓаните. Ако на некого му го ограничите просторот, ако на некого му го ограничите начинот на изразување, ако на некого му ограничите движењето, протокот на капиталот, тогаш доаѓа до застој од самите државни институции. Тогаш граѓаните не ѓе може да функционираат. Но, доколку спречиме одредени терористички акции, доколку спречиме одредени групации кои што се занимаваат со организираниот криминал, тогаш, сме ја постигнале целта, тогаш, во рамките на Уставот во она што членот 25, 26 и 27 го предвидува, ќе им овозможиме на граѓаните кои што сакаат легално да рабортат, да се бават со бизнис да тоа го направат. Да граѓаните кои што сакаат да се движат низ Република Македонија, низ територијата на Република Македонија непречено им дадеме можност да тоа и го направат. Како што остварување на одредени контакти, така и остварувањето на она што се целите за развојот на економијата и стопанството во Република Македонија. Па оттука не гледам причина да некој се сомнева дека овој Предлог на закон е поднесен со одредена тенденција, напротив овој предлог на закон е поднесен само околу она што се нарекува контактибилноста на граѓаните со законите но исто така и усогласување на Законот со електронски комуникации и Законот за следење на комуникациите. Благодарам.
Рафис Алити: Благодарам и јас.
Реплика има пратеникот Макрадули Јани.
Јани Макрадули: Благодарам потпретседателе.
Јас само ќе прочитам што пишува во Законот, а пратениците на ВМРО ДПМНЕ нека гласаат онака како што им рекле или онака како што пишува во Законот за да го спречат.
Во членот 72 пишува операторите на овластениот орган за следење на комуникациите, тоа Министерството за внатрешни работи, се должни да му овозможан постојат и директен пристап до своите електронски комуникациски мрежи како и услови за самостојно превземање на податоците за сообраќајот. Тука не пишува налог, тука не пишува време, тука пишува дека операторите се должни да купат опрема, да го земат линкот, да го однесат до Министерството за внатрешни работи и да инсталираат софтвер со кој што вработените во Министерството за внатрешни работи само со еден клик или со притискање на ентер ќе го земат сообраќајот меѓу Коцев и Бонева, ќе го земат сообраќајот меѓу Миле Јанакиески и директорот на една градежна фирма, или со еден клик ќе го земат разговорот на еден бизнисмен во една кафеана кој што сега е во притвор. Само со еден клик на тастерот ентер, затоа што вие ќе му го овозможите ова, вие ќе му овозможите техничка поврзаност на операторот со Министерството за внатрешни работи, ќе му овозможите дозвола за софтверско инсталирање на програма со која може да го земе сообраќајот на било кој од вас, ви било кое време, онолку време колку што сака. Овој член нема налог, овој член нема истражен судија, овој член нема обвинител. Во овој член има само кршење на правата и слободите на граѓаните на Република Македонија, вклучувајќи ги и членовите на ВМРО ДПМНЕ. Тука нема теротирсти, тука нема 11 септември, тука нема ништо, тука само на луѓето кои работат во ДБК им се дава можност да го земат сообраќајот само со притискање на ентер од било кој во Република Македонија, било колку време, онака како што тие ќе сакаат, сабајле или можеби во ноќната смена. Денес ќе гласате за ова. Тука нема налог, тука нема истражен судија, тука нема обвинител. Тука има само влегување во шемата на Никола Груевски, а тоа е воведување диктатура во Република Македонија. Благодарам.
Рафис Алити: Благодарам и јас.
Контра реплика има пратеникот Грозданов Цветко, повелете.
Цветко Грозданов: Благодарам потпретседателе.
Кога се читаат членовите, треба да се читаат целосно, не да се читаат само одредени сегменти од членовите.
Член 72 точка 7 вели: операторите на јавните комуникациски мрежи и давателите на јавни комуникациски услуги се должни на барање на надлежните државни органи да им ги достават податоците за сообраќаот итн. Во Законот за следењето на комуникации, член 9, се вели: под органи се подразбираат, член 9,: барањето за донесувањето наредба за следењето на комуникациите врз основа на член 8 на овој закон го поднесува надлежниот јавен обвинител по сопствена иницијатива или на предлог на овластено лице од Министерството за внатрешни работи.
Значи, она што го кажуваме тука го извлекуваме од она што е член 72. Не може членот 72 во целина да го препише законот за следење на комуникаици. Ние се повикуваме на Законот за следење на комуникациите кој се усогласува со Законот за електронски комуникации. Благодарам.
Рафис Алити: Благодарам и јас.
Збор има пратеникот Бучковски Владо, повелете.
Владо Бучковски: Благодарам потпретседателе.
Почитуван заменик министер, почитувани колеги пратеници,
Пред нас е едно скандалозно решение и јас жалам што колегата Цветко Грозданов добил задача да брани нешто што е неодбранливо или младиот колега Александар Николовски да рече се што ќе говори опозицијата тоа е апсолутно невистина, бидејќи тој говореше дека било апсолутно неточно се ние што ќе кажеме. Што ќе каже ВМРО ДПМНЕ,тоа е точно, што ќе каже телевизија блиску до вас, тоа е точно, што ќе каже печатен медиум блиску до вас, тоа е точно, не ги слушајте опозиционерите, не гледајте А1 телевизија, не читајте Утрински весник. Тоа беше и вчерашната ваша порака од централнот митинг на кој 70 минути говореше вашиот претседател во стилот на оние лидери за кои тврдат дека се диктатори и бивши комунистички авторитарни водители. Јас не очекувам кога ќе добиете од таков водач задача да браните нешто, ќе се обидете од петни жили да не убедите нешто, види богати, со овој закон кој требало да се усогласи, а е технички закон, со двотретинскиот закон ќе направиме акробација. Тоа го нема никаде, само во Република Македонија, за време на владеењето на Никола Груевски и на овој режим. Јас ви тврдам дека сте доведени во заблуда и не можете да се задскривате зад тероризмот и заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија и да дозволите некој неовластено да го крши Уставот.
Затоа, ве повикувам колеги од ВМРО ДПМНЕ, вие сте овде избрани, да го почитувате Уставот и законите. Не може грубо да го кршите Уставот и законите. Немојте да се скривате зад колективната одговорност. На неколку пати докажавте и направивте преседани, за колективни одлуки може индивидуално да се одговара. Последен случај ви е Судскиот совет каде што од пет соизвршители двајца се виновни, тројца се невини. Ќе се преиспитуваат сите овие одлуки и кој во која улога во кривичните постапки што следат кој бил потикнувачот, кој бил извршителот, со кои цели итн. Немој господине Цветко Грозданов да ми го спомнувате јавниот обвинител кога и тој е прислушкуван. Тоа е следна точка, ќе говориме со претседателот на Советот на јавни обвинители. Во овој башибозлук кој владее во овој момент во Република Македонија, кој владее последните 4 години јавна тајна е дека масовно се прислушуваат граѓаните на Република Македонија, пред се, не истомислениците, второ, оние кои се податливи за рекетирање и за заплашување, на крајот се теерористите и оние кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет.
Имавте право да говорите вака ако еднаш излезете со бројката и на поставено пратеничко прашање пред 2,5 години да ми се даде ако треба доверливо во дадениот момент, во тој момент кога прашав колку граѓани на Република Македонија се прислушкувани. Никој не одговара. А може штом пратениците не знаат, а треба да ја контролираме извршната власт, како вие сметате овие сироти оператори кои секојдневно очигледно од вас се рекетирани и тормозени, тука пред се мислам на оние кои не се во директна љубов со вас, очиглендо дека имате голема љубов со Т-мобиле и се виде зошто, Аналитико не случајно беше доказ на таа љубов. Треба да се погледне под кои услови работат денес словенечкиот оператор ОНЕ, треба да се погледне под кои услови работи ВИП операторот, односно австриските сопственици и на какво тормозење и рекетирање тие се изложени. Јавна тајна е тоа. Уште да барате на овој начин тие да овозможат, да не се лажеме, да овозможат многу пософистицирано како што говореше колегата Макрадули да се злоупотребува приватноста на граѓаните на Република Македонија со едно кликнување да се влезе во постоечки разговор, што можеби вие сега го правите. Дополнително да си има увид во листинзите, значи во деталните телефонски сметки, дали се тоа од мобилните телефони, дали се тоа од фиксните телефони, да се има во секој момент влез во интернет пораките кои постојано ги праќаат граѓаните на Република Македонија, да се користи можноста во секој момент да се лоцираат, следат сите оние кои условно речено според вас, може да ја загрозат безбедноста на Република Македонија, а тука се опозиционерите. Што ако знаете дека опозицијата ќе организира митинг за десетина дена? Дали тоа значи дека овие мерки ќе бидат веднаш применети кон сите оние кои потенцијално ќе се најдат на тој митинг? Да, јас ви одговарам да. Затоа, немојте овде да ја лажеме македонската јавност дека вие правите некое усогласување. Напротив, бидејќи ви треба двотретинско мнозинство, а бидејќи за вакви суштествени прашања очигледно не разговарате со вашиот коалиционен партнер, вие сте свесни дека и ДУИ нема да даде поддршка неовластено да прислушувате без судски налог онака како што утврдува основниот закон, тоа е Законот за следење на комуникациите.
Јас затоа ќе предложам во духот на конструктивноста која ние ја прокламираме. Ова решение ставете го во основниот закон, во Законот за следење на комуникациите. Седнете, прво договорете се со вашата коалиција, дојдете преговарајте со опозицијата, со двотретинско мнозинство ако ни понудите аргументи и компаративни искуства да го прифатиме. Но, ние тврдиме дека никаде во Европа и во светот, каде што владее правото и каде што функционира демократијата, не може Министерството за внатрешни работи или Управата за безбедност и контраразузнавање да нема контрола. И не може со ова решение да се кршат основните решенија кои таму се предвидени. Значи, вие правите микс и правите овде една груба манипулација. Читате нешто од измените, а потоа го читате Законот за следење на комуникациите. Тоа не е усогласување. Значи, никаде нема поврзување на Законот за следење на комуникациите со овој закон. Може да има само за техничките можности. Министерството за транспорт и врски не случајно е избран тој кутар министер, кој самите го втурнавте таму во редица криминал и скандали и сега е прежален, самиот веројатно е прежален и сега да не се сетат властите, ајде ќе оди божем некое техничко усогласување со основниот закон, па ќе нудиме вакво решение. Ви се молам, ова е скандалозно. Не случајно реагираат сите невладини организации кои во изминатиот период исто така ги ставивте на тапет. Значи, покрај опозицијата А1, Утрински и овие веројатно, невладини организации не треба да ги слушаат граѓаните на Република Македонија. Треба да ве слушаат само вас, затоа што ќе цитирам, вие велите: ова што јас го говорам е апсолутна вистина, помладиот колега Николовски ќе рече, се што ќе говори опозицијата, тоа е апсолутно неточно. Значи, не са обидувате да има дијалог и грѓаните самите да пресудат дали има релативна информација, дали има релативна вистина, се што ќе кажете вие мора да биде вистина. Простете, во овој случај вие директно се обидувате да го кршите Уставот и да го кршите основниот Закон за следење на комуникациите, кој макотрпно го усогласувавме. И со двотретинско мнозинство го усвоивме овде, за да ја спречиме злоупотребата да не се случи она што за жал, се случува, илјадници граѓани на Република Македонија, кои не се злосторници, кои не се терористи и кои не мислат ништо лошо за територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, секојдневно да се прислушуваат. Вие со ова решение сакате тоа да се легализира, затоа што има бројни случаи за кои и вие знаете каде што без судски налог се прислушуваат илјадници граѓани на Република Македонија. Затоа би ве замолил колеги од власта добро да размислите, бидејќи дадовте заклетва дека ќе го почитувате Уставот, ова решение кое се нуди е противуставно. И нанесува голема штета на приватноста на граѓаните на Република Македонија. Наша должност, како пратеници овде е да се обидеме ваквите законски решенија да ги оспориме, да ги вратиме на предлагачот, да ги направи да бидат согласно Уставот и законите. А вие самите рековте овде мора да се води сметка за основниот закон, а тоа е Законот за следење на комуникациите. Јас би прифатил ова што го читате од тој закон, членот 72, ова што се предлага да биде предлог за дополнување на тој член 72 и да се каже дека во таа и таа ситуација, заради подобро совладување на тероризмот и заштита на интегритетот и суверенитетот ќе може да се користат листинзите и интернет пораките, да се лоцираат и следат терористите итн. Благодарам.
Рафис Алити: Благодарам и јас.
Реплика има пратеникот Гозданов Цветко, повелете.
Цветко Грозданов: Благодарам потпретседателе.
Јас би сакал да укажам на неколку работи. Најточно станува збор само за едно усогласување на можноста на операторите кои што делуваат во дадениот момент на територијата на Република Македонија, или можеби нови оператори кои што ќе дојдат да делуваат на територијата на Република Македонија, кои што подлегнуваат, или подлежат на Законот за електронски комуникации, да имаат обврска услугите кои што ги бараат одредени институции во Република Македонија, а тие се преку Министерството за внатрешни работи, да им бидат во целост достапни. Доколку го немаме регулирано во самиот Закон за електронски комуникации, тогаш, операторите немаат обврска тие побараувања од институциите на државата да ги дадат.
Јас би сакал да укажам на еден факт дека Владата на Република Македонија води сметка за отстранување на она што се нарекува организиран криминал, на она што се нарекува суверенитетот и интегритетот на Република Македонија. Неодамна имаше една таква акција, која што беше пофалена и од амбасадорот на Америка во Република Македонија, ако се сеќавате, тоа беше акцијата во Радуша, каде што кажавме дека најпрофесионално и навремено е реагирано. Без вакво следење на комуникациите сигурно дека никој не е видовид. Господине Бучковски, нема да одиме покојна е веќе баба Ванѓа, па да ни гата, да ни каже дали ќе се случи нешто. Значи, мора да имаме следење на комуникациите.
Втора работа, се сеќавате на претходно поплаката на граѓаните дека за едно боледување, или за инвалидска пензија потребно е да платат одредени средства. Акцијата Метастаза беше исто така изведена со помош на она што се нарекува следење на комуникациите. Мадам Пепи исто така. Значи, зборуваме за она што е суверенитетот и интегритетот на Република Македонија. Внесувањето на големо количество на оружје на територијата на Република Македонија што се открива, сузбивањето на криминалот, организираниот криминал, како што беше Метастаза. Прекинување на безброј ланци, на она што се нарекува нарко канали. Затворањето на најголемиот нарко бос во Република Македонија во изминатиот период, пред две три недели, исто е со помош на следењето на комуникациите. Со ова, пристпот до мрежите на тур операторот, целосно е усогласен, а со тоа е регулирано согласно европското законодавство. Значи, ова е само едно усогласување на Законот за електронски комуникации, со она што се нарекува европското законодавство. Имено, со пристапот до мрежата на операторите, целосно се усоглсува со директивата за пристап, која што е донесена во 2002 година, а тоа можете да го проверите. Ви благодарам.
Рафис Алити: Благодарам.
Контра реплика има пратеникот Бучковски Владо, повелете.
Владо Бучковски: Ќе се обидам да одговорам за една минута.
Почитуван Цветко, ВМРО-ДПМНЕ како ги применува законите гледаме секој ден. И не мешајте баби и жаби. Овде е проблемот зошто бегате од тоа секогаш да обезбедите судски налог. Инаку, класичен пример како има двојни аршини за граѓаните на Република Македонија во примената на законите беше вчерашниот ден. Еден аршин за стечајците, друг аршин за вас кога славите. Еден аршин ако од кафулето во мојата зграда има гласна музика, ако се јави некој од ВМРО-вците ќе дојдат и ќе го затворат кафулето, а друго е кога вие во 23,30 часот пукате со плотуни и правите некој огномет и ги разбудивте и моите деца и сите деца кои се во центарот на Скопје. Кој ќе ја поднесе одговорноста. Каде е инспекторот, бучавата колку децибели беше да се измери и колку ќе биде паричната казна, или каква казна не знам. Кој ќе ја сноси одговорноста, еве директно ве прашувам.
Рафис Алити: Благодарам.
Реплика има пратеникот Димевска Катерина, повелете.
Катерина Димевска: Благодарам почитуван потпретседателе.
Сакам да му реплицирам на почитуваниот колега дека целта која што треба да се постигне со овој закон не е како што тој презентираше пред макеоднската јавност за таа намена, туку целта е во насока на развој на конкуренцијата, либерализација на електронските комуникации, влез на нови оператори, воведување на нови услуги со поприфатливи цени за граѓаните на Република Македонија, подобрување на регулативата во делот на електронските комуникации, повик со степен на транспарентност кон операторите на пазарот на електронските комуникации, повисок степен на заштита на правата на крајните корисници итн.
Почитуван колега, она што вие го говорите дека ќе се презмаат дејствија од одредени институции за кои што велите дека ќе бидат на своја рака и по своја волја, почитуван колега тоа е казниво со закон. Се знае, кога и зошто се постапува, во рамките на она што значи закон, се друго е спротивно на Законот и претставува кривично дело и се санкционира. Ова го кажав во однос на вашите претпоставки кои што ги кажавте како би можеле да постапуваат одредени институции во насока на другите ваши забелешки кои што ги искажавте јавно на говорницата за различни аршини. Нема почитуван колега различни аршини. Сите граѓани, сите институции, сите политички партии се еднакви во Република Македонија. Тоа го покажавме и го докажавме во сите претходни изминати периоди. Она што го кажавте за кафулето, вие колега сте пратеник и доколку имате констатирано таква појава, знаете дека можете да пријавите. Може пријавувањето да биде и анонимно, да не се знае дека Владо Бучковски се јавува, па да мислите дека заради вас нема да постапат релевантните фактори, така да ценам дека тие забелешки кои што ги искажавте беа со друга намера. Значи, уште еднаш сакам да потенцирам, намерите кои што се во насока на измените на законот, се во насока и на подобрување и предности на граѓаните, тука нема време во една реплика да ви искажам што добиваат корисниците со овие измени кои се предлагаат во законот. Само можеби во некоја наредна реплика тоа ќе го потенцирам, а вие доколку во целост сте го разгледале законот, сте го прочитале и сами ќе констатирате кои се предностите кои што ги добиваат граѓаните на Република Македонија со вака предложените измени и дополнувања на Законот. Значи, ќе се постапува исклучиво по закон, нема никоја институција, нема Министерството за внатрешни работи да постапува спротивно на она што пишува во законот. Ќе има судски налог и по то судски налог ќе се постапи, а предложените измени се во насока на осовременување на сите услуги кои што ќе ги даваат операторите во Република Македонија.
Рафис Алити: Благодарам.
Контра реплика има пратеникот Бучковски Владо, повелете.
Владо Бучковски: Почитувана колешке, се навикнавме на вас, кога има предлог од Министерството за транспорт и врски вие сте неформалниот портпарол на Миле Јанакиески, без да кажете, но ова што го кажавте беше тотално конфузно и нејасно, затоа што не ја разбирате проблематиката. Тоа што го разбирате дали јас сум пријавил. Да, јас пријавив и јавно од говорницата ги повикувам надлежните институции да го казнат организаторот ВМРО-ДПМНЕ за вчерашното нарушување на јавниот ред и мир и неовластеното испукување на плотуни со кои беа вознемирени граѓаните на Скопје. Исто како што беше минатата година за слична манифестација казнет синот, на сопственикот на Канал 5, синот на вашиот пратеник од вашата коалиција, господинот Стојменов.
Рафис Алити: Благодарам.
Збор има пратенико Чинговски Томе, повелете.
Томе Чинговски: Благодарам почитуван потпретседателе.
Еве, уште едно катастрофално законско решение како и претходниот за кој зборував од истото ресорно министерство, од Министерството за транспорт и врски. Кога цела македонска јавност, кога сите невладини организации зборуваат дека овој закон не е добар, односно е лош, вие се трудите од петтни жили. Додуша, денес си молчите, не зборувате, на комисиите кажавте по некоја реченица, меѓутоа не успеавте да не убедите дека ова законско решение, како што вие и некои пратеници сакаат да кажат дека е добро. Далеку е од добро, тоа го кажуваат апсолутно сите оние што го прочитале и што работеле на оваа проблематика. Значи, можеби е добро она законско решение кое што го понудивте на Европска комисија, или она решение кое го понудивте на операторите за кого овој закон би требало да значи нешто. Меѓутоа, на тие одговори, кои што ги добивте, на тие закони кои што ги испративте, од тоа нема ништо. Се нуди едно ново, едно сосема друго законско решение за кое што ниту операторите се согласуваат, а сигурен сум дека Европска комисија апсолутно нема да се согласи со ваквиот начин на кој што вие во овој момент, во овие месец дена ни го нудите нас овде во Републичкото собрание. Меѓутоа, тоа е вашиот стил на комуницирање, тоа е вашиот стил на разбирање или неразбирање, тоа е вашиот стил воопшто на практикување на власта во Република Македонија. Да кажам, што можеби е добро во ова законско решение. Доброто е тоа што кога ќе се прислушкува некој телефонски апарат, обезбедувате добар прием. Тоа во моментот е доброто решение кое што во законот го нудите и можеби во некоја од измените ќе додадете и пријатна музика на тие што ги прислушкувате, човекот да не се тревожи, туку да биде задоволен од тоа што е прислушкуван. И што ќе добиеме во тој случај во Република Македонија? Ќе добиеме листа на чекање на личности кои што ќе имаат голема желба да бидат прислушкувани, затоа што при нивното прислушкување приемот е добар и замислете си имаат и пријатна музика. Ништо чудно од ваша страна, можете и едно такво решение да понудите, кое што во тој случај очекувам од граѓаните на Република Македонија, на писмено ќе ви се обраќаат со молба за да бидат преслушкувани. Тоа е доброто решение, дава квалитетен прием на сите оние што ќе бидат прислушкувани.
Друго што е добро, тоа е Комисијата која што со стариот закон имаше обврска еднаш месечно да се состанува и да ги решава проблемите и да го работи она за што е задолжена. Добро е тоа сега што го направивте, таа Комисија да има обврска да се состанува 4 пати во текот на годината и тоа е добро. Знам зошто го имате тоа направено, затоа што со старото решение тие треба да бидат стручни лица, да имаат познавање од областа за која се работи овој закон, а сега со новиот закон, таквите обврски не се битни, само да се членови на ВМРО-ДПМНЕ и друго не мора да имаат апсолутно никакви квалификации. Ниту познавање од ова единствено да имаат мобилен телефон, не дај Боже да немаат мобилен телефон, затоа што утре треба и тие да бидат прислушкувани да го имаат апаратот за да не го купувате вие да не се срамите.
И друго, зошто велам добро е што одлучивте да се среќаваат четири пати, па нормално луѓе кои што не се стручни можат да зборуваат глупости таму и да донесат глупи одлуки, па да се смее цела нација, или вие да се срамите. Е сега, одлучите вие, наместо 12 пати во текот на годината да се срамите, подобро е да се срамите 4 пати во годината, затоа велам дека ова решение е добро. Патем речено морам да кажам дека оваа Комисија онаа материјалната надокнада што дали ќе се заседава 12-тата или 4 пати морам да потенцирам поради македонската јавност дека 120 илјади денари месечно ќе си земаат плата која што им е загарантирана, па дали биле средбите 4 пати, 12 пати или еднаш тоа не е битно и тоа не го дават вие од вашиот џеб, тоа го давате од Буџетот и не е така страшно. Не е многу лошо, затоа велам дека ова е еден од деловните кои што мислам дека се добри, сте се сетиле за срамот кој што можете да го јадете и за да не јадете голем срам 12 месеци подобро е само да јадете само 4 пати во текот на годината.
Друго што ме зачудува во овој закон тоа е што оние инвеститорите кои што ги граделе зградите сега им наметнувате како Министерството за транспорт и врски и нови обврски. Нови обврски наметнувате сега да мораат не само новоизградените објекти туку и објектите кои се изградени 15, 30 и повеќе години да мораат да обезбедат квалитетен прием. На инвеститорот и како тоа го имате замислено стварно на никој во оваа држава не му е јасно.
Тоа можеби вам ви е јасно, а не се потрудивте во ниту еден момент да ни го разјасните, за да и оваа одредба која што ја имате ставено да ја пофалиме, како што ги пофалив претходните две одредби, за квалитетот за прислушкување и Комисијата што треба да заседава само четири пати.
Навистина јас сум член на таа комисија, ниту заменик министерот, ниту директорот на Дирекцијата не ме повикал, не се потрудивте да кажете како ќе го направите тоа со оние стари изградени објекти. На кој инвеститор ќе му дадете обврска да го направи тоа. Дел од тие градежни фирми веќе и не постојат. Да не мислите дека трошокот треба да го сносат самите граѓани во таа зграда. Нови давачки да не им наметнете. Тука се поставува реално прашање. Голем број од граѓаните тоа ги интересира. Многу помалку ги интересера и квалитетот на приемот, меѓутоа многу повеќе ги интересира кој ќе ги подмири тие обврски. Дали е тоа некој нов трик на оваа владеачка гарнитура. Кога мене како пратеник не ми е јасно, замислете си како им е на обичниот граѓанин, кој утре, според законот изведувачот кој што не постои треба да му обезбеди квалитетен прием. На ова прашање ниту се потрудивте на комисиите, го поставив и на комисиите ова прашање, не се потрудивте да ми одговорите, не очекувам и денес затоа што не знаете, или ако знаат малку луѓе знаат за кои што, сугурен сум, убеден сум дека тоа ќе го наметнат на терет на граѓаните. И само се вртиме во круг. Свесно правите, се повикувате на народот, а свесно правите, земате од народот. Благодарам.
Рафис Алити: Благодарам и јас.
Има збор пратеникот Цветанка Иванова, повелете.
Цветанка Иванова: Благодарам господине потпретседателе.
Почитувани колеги пратеници, особено колеги пратеници од парламентарното мнозинство.
Јас очекував дека од времето откако завршивме со расправа на матичното работно тело до денес навистина ќе имате поинаков став околу овој закон, или ако не друго барем ќе го вратевте законот повторно во владина процедура, за да се исправат, испеглаат сериозните забелешки кои што ги имаме на измените на Законот за електронски комуникации, а кои што не доаѓаат само од опозицијата, туку тие доаѓаат и од медиумите, доаѓаат и од невладиниот сектор кој што ја следи оваа област. Секако многу наскоро ќе дојдат и од Европската комисија која што е задолжена да ја следи оваа област и овој процес на усогласување.
Почитувани колеги пратеници, јас сметам дека денеска со изгласувањето на измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации вие ќе станете соучесник или ќе ставете печат на уште едно губење на основно човеково право и слобода. Тоа е најважното право, слободно да комуницираат граѓаните без никој да ги следи.
Почитувани колеги пратеници, сега јасно ми е зошто некој од пратениците од парламентарното мнозинство правник не станува да го брани овој закон. Не видов затоа што навистина да сте праник и да излезете да дебатирате по овој закон треба да си удрите шамар на себе и да браните нешто што не може да се брани. Да сте правник господине Китаноски можеби и вас ќе ве прислушкуваат по овој закон, затоа што и кај вас почнаа поделбите на вакви вмро-овци, оснивачи, неоснивачи, бугарофили, србомани, не знам по кои уште линии. Можеби сте ставени од страна на премиерот на некоја листа која што е спротивна на неговите политики и вас ќе ве прислушкуваат. Затоа добро би било да послушате малку, да видите што е она што ние овде реагираме како опозиција дека не е добро.
Целта за донесување на овие измени почитувани колеги пратеници не е она што пишува во образложението како прво не е технички. Никако не може да се подведе под техничка, таа е многу суштинска. Целта не е за усогласување на некои одредби или овозможување на некои права на операторите или дорегулирање на состојбите на статусот на операторите. Според она што досега, од влегувањето во процедура на овој закон денес може да се чуе дека основната цел на овој закон е единствена. Да се озакони на перфиден начин прислушкувањето во Република Македонија. Владата, односно читај Министерството за внатрешни работи, ама се знае кој е во Министерството за внатрешни работи, братството предводено од министерката и премиерот да може не само да ви ги следи комуникациите, туку и да знае во кое време и на кое место се наоѓате. Значи вас ви е сега ускратено и правото на слобода на движење. Имаме удар врз две основни темелни уставни вредности во Република Македонија. Никако не може да држи образложението кое што го давате, туку е ова што јас го тврдам и го тврди цела опозиција, го тврдат медиумите, го тврдат експертите, а тоа е со една единствена цел. Што е можно повеќе оваа власт да се одржи на власт затоа што кој ги има информациите, како ве следат, што правите, тој е господар на ситуацијата во државата.
Втората причина заради која што ги донесувате овие измени, а не се помалку важни, тоа е да се следи движењето на капиталот за кој што фамилијата е особено заинтересирана.
Почитувани колеги пратеници, никогаш нема да се согласиме со вакви измени.
Прво, тие се спротивни на Уставот на Република Македонија. Ќе ви кажам зошто.
Со Уставот на Република Македонија, со уставниот амандман 19 овозможивме следење на комуникации заради високи државни интереси и заради борба против организираниот криминал и корупција.
Почитувани колеги пратеници, затоа со закон е уредено прашањето за донесување на овој закон. Овој закон се донесува со 2/3 мнозинство. Сега вие го рушите и Уставот и Законот за следење на комуникациите.
А сега ќе ви кажам како, затоа што секогаш кога немате аргументи велите дека не важи она што го зборувате и јас сега ќе ви читам што е она што е спротивно.
Прво, што е спротивно со Уставот?
Со уставниот амандман велиме: „само врз основа на одлука на суд под услови и во постапка утврдена со закон може да се отстапи од правото на неповредливост на писмата и на сите други облици итн“.
Тој закон со кој што се отстапува од уставното начело на неповредливост на писмата или комуникациите меѓу граѓаните е Законот за следење на комуникациите и никој друг. Доколку сте сакале да доуредите некакво прашање, а не било доволно јасно тоа требало да го направите со Законот за следење на комуникациите. Со измени и дополнувања на Законот за следење на комуникациите, но никако со спореден закон, Закон за електронски комуникации.
Почитувани колеги пратеници, во Уставот е дадена уставна основа за донесување на закон, во законот се целосно уредени прашањата околу оваа област и постапка. И никако со друг закон не може да се менува постапката на следење на комуникациите, а вие тоа го правите со овој закон.
Сега ќе ви кажам како.
Прво, прочитајте си ги дефинициите.Значи, имаме неусогласеност на поимниците на специјалниот, лекспецијалист, Законот за следење на комуникациите и овој закон.
Овластен орган за следење на комуникации според Законот за следење на комуникациите, а тоа е членот 7 став 1 точка 7 се Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана. Кој тоа сега со овој закон, овластен орган за следење на комуникации е исклучиво Министерството за внатрешни работи. Кој тоа му го одзема правото на министерството за одбрана, кое што му е дадено со овој закон да ги следи комуникациите. Или, сметате дека државната безбедност е помалку важна, или сметате дека тероризмот не е поврзан со државната безбедност, па сега Министерството за внатрешни работи е најповикан орган, а не Министерството за одбрана.
Понатаму, следење на комуникации. Вие толку сте го искасапиле законот за просто веќе и нема потреба. Според Законот за електронски комуникациите веќе имате посебна постапка и поинакви услови и основи за следење на комуникации. Следење на комуникации, под следење на комуникации во Законот за следење на комуникациите се подразбира тајно познавање на содржина на која и да е комуникација меѓу луѓето и истовремено создавање технички запис за содржината на комуникација со можност да се репродуцира, ама дознавање на таква комуникација меѓу луѓето врз утврдена по овој закон. Вие што велите тука. Ја менувате и тука суштината на дефиницијата. Следење на комуникација е техничка можност, можност која овозможува следење на комуникациски услуги, а се остварува со воведување на соодветна техничка или софтверска поддршка и никаде немате упатна одредба со која што ќе упатите дека ова следење на комуникациите, овој закон ќе се врши согласно Законот за следење на комуникациите од страна на органите утврдени во постапка утврдени со Законот за следење на комуникациите.
И да ве потсетам кога се донесување Законот за следење на комуникациите и кога пристапивме кон измени на Уставот за создавање на уставен основ за следење на комуникации најбурни расправи се водеа точно за членот 8 од Законот за следење на комуникациите, каде што беа уредени прашањата кои се условите кога може да се нареди следење. Сега сето ова паѓа во вода.
Практично со овие измени вие во целост го дерогирате, не само што го кршите Уставот, го дерогирате целосно Законот за следење на комуникациите. Затоа почитувани колеги пратеници јас ги почитувам оние колеги правници кои што не стануваат да го бранат овој закон затоа што навистина не може да се брани.
Нема да зборувам дека овој закон е донесен без поширока јавна расправа. Нема да зборувам дека со овој закон се воведуваат уште две посебни мерки. Мислите и сега немаат листинг од сите наши разговори? Имаат. Затоа што верувајте увото ми пука кога зборувам со некој од фонии стварање. Имаат, ама сега не е работата дека досега не сте го правеле, туку причината е зошто сега градиме демократија, а со овој закон создавате законски основ, ништо не може да го сопре Министерството за внатрешни работи мене да ме прислушкува. Добро е што е тука претседателката на Советот на јавни обвинители на Република Македонија. Таа обвинител била претходно, добро нека го разгледа, ова е страшен удар. Кршење на Уставот, кршење на Законот за следење на комуникациите и страшен удар врз две уставни темелни вредности. Слобода на комуникацијата и слобода на движење.
Ако операторот во секој момент може да доставува листинзи на моите разговори и да утврдува, да доставува податоци од кое место јас разговарам, која е таа личност и на кое место се наоѓа мислам дека навистина веќе Големиот брат, или Големото око орбелово виси над нас. И досега висеше, но сега сето ова е направено со закон. Верувајте вакви закони, навистина ...
(Реакција на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ)
Јас ве слушав вчера како плачете сте биле злоупотребувани, дискриминирани, прогонувани, тепани, враќани ...
(Реакција на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од кого?)
Од комунистите. Половина од вас немаат ни по 30 години, јас не знам како сте запамтиле. Јас имам 52 години, па не памтам такво нешто да имало.
Значи, ако нешто се плачете значи ли сега дека вие во демократска Македонија која што се стреми да биде членка на Европската унија и НАТО воведувате механизам на тоталитаризам. Воведувате механизми со кои што ќе го следите секој човек. Воведувате механизми со кои индиректно кажувате пази што правиш затоа што јас те гледам каде одиш, затоа што јас те слушам што зборуваш, затоа што јас знам што ќе правиш. Ако вака ја сфаќате демократијата, ако вака ја сфаќате демократизацијата на македонската држава мислам дека навистина е поразително, мислам дека навистина граѓаните нема што да очекуваат, мислам дека можеби еден извесен период ќе се плашат, но има периоди, или има време во развојот кога навистина достига кулминација и се кажува доста е. Тоа време ќе си искористи секако своја фактура која што некој мора да ја плати. Благодарам.
Рафис Алити: Благодарам и јас.
Процедурално за збор се јави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, повелете.
Силвана Бонева: Благодарам потпретседателе.
Почитувана колешке Цветанка Иванова, почитуван потпретседателе, ве молам во иднина да ги предупредувате говорниците, посебно координатор на пратеничка група кога си дозволува недолично и непотребно да дели квалификации на друга пратеничка група. ВМРО-ДПМНЕ никогаш не се делела на такво или вакво, специјалист за делби е сегашниот ваш лидер госпоѓа Цветанка кој систематски го уништуваше СДСМ, Бучковски, па Радмила, да го доведе СДСМ до дното од себични лични причини за да може да се ...
(Реакција на пратениците на СДСМ)
врати во СДСМ како спасител.
(И понатаму реакција на пратениците на СДСМ од место)
Рафис Алити: Ве молам да ја слушнеме процедуралната забелешка, па потоа реагирајте.
Силвана Бонева: Тоа е процедурално.
(Бурна реакција на пратениците на СДСМ од место)
Процедурално е, прекршена е процедурата. Овде не зборуваме за партии овде зборуваме за закон.
За реплика се јавува кога се зборува за закон. Госпоѓата Цветанка Иванова зборуваше за ВМРО-ДПМНЕ.
(И понатаму бурна реакција на пратениците на СДСМ)
Како ве боли вас кога се зборува за вас така треба да мислите дека не треба и другиот да го повредувате.
Рафис Алити: Благодарам на Силвана Бонева.
Јас не можам однапред да знам кој што ќе каже, така што процедурално има збор координаторот на пратеничката група на СДСМ, Цветанка Иванова.
Цветанка Иванова: Благодарам потпретседателе.
Јас очекував дека ќе реагирате на „процедуралното“ на мојата колешка Силвана Бонева, затоа што ништо не беше овде процедурално. Особено јас не мислев дека денеска ќе се однесувате така, после вчерашните песни.
Почитувана колешке Бонева, навистина ова што го кажав не е мое мислење. Тоа вчера го слушнав и од вашиот премиер во говорот, тоа вчера го слушнав и од поранешниот ваш лидер на А2 и ништо јас не измислувам. Навистина ништо не измислувам.
Тоа вчера го слушнав и од поранешниот ваш лидер на А2 и ништо јас не измислувам. Навистина ништо не измислувам. Значи, за втората работа немојте да се секирате за СДСМ. Набврзо ќе ви стане јасно што значи СДСМ.
Рафис Алити: Благодарам.
Навистина кога се бара процедурално треба да биде тоа процедурално. Ова е еден пример од тоа како тие празнини на Деловникот ги злоупотребуваме за да реплицираме еден на друг.
Реплика има пратеникот Грозданов Цветко, повелете.
Цветко Грозданов: Благодарам потпретседателе.
Нас ни е многу јасно со кого имаме работа и со какви особи имаме работа. Тоа го кажаа граѓаните на анкетата од ИРИ. Со луѓе кои имаат 10% рејтинг не знам колку треба да се надеваат за да ни биде јасно што понатака.
Би сакал да се вратам на точката на дневниот ред и да укажам на тоа дека со сиот почит кон госпоѓата Цветанка Иванова, но оваа проблематика најверојатно не ја обработила добро, или така и кажале да зборува.
Би сакал да кажам за кои работи станува збор, поточно што ќе се постигне. Со предложените измени на Законот за електронски комуникации не се менуваат одредбите утврдени со Законот за следење на електронски комуникации, госпоѓо Цветанка Иванова. Значи ниту пак се предлагаат решенија спротивни на Законот за следење на електронски комуникации со кои се утврдени условите и постапките за следење на комуникациите, начинот на поставувањеото, чувањето и користењето на добиените информации, рокот на следење на комуникациите. Дека станува збор за два комплементарни закони јасно и недвосмисленоукажува одредбата од членот 74 став 1 од Предлог измените на Законот за електронски комуникации со кои е одредено операторите на јавните комуникациски мрежи и давателите на јавни комуникациски услуги се должни на свој трошок да обезбедат соодветна опрема и интерфејс за спроведување на мерката следење на комуникациите која ќе се врши под услови и начин утврдени по законот. Инаку, кога станува збор за предложените измени на Законот за електронски комуникации само се врши усогласување на Законот за електронски комуникации во делот кој ги уредува правата и обврските на операторите со решенија предвидени од Законот за следењето на комуникациите. Во однос на оваа материја се јавува како лекс специјалис, ако имаме лекс генералис, ќе имаме лекс специјалис.
Она што би сакал да го кажам е следното, дека секогаш се фаќате за членот 72 во кој што укажувате и на одредени невладини организации итн. Она што се утврдува, значи измените до пристапот, до мрежата на операторите целосно се усогласени со директивата за пристап во 2002/19 на европската заедница. Тоа може да се провери. А инаку во Законот за електронски комуникации во точка 24, пристапот на достапните комуникации и средства е целосно опишан. Значи немаме тука ништо што би било симптоматично, нешто што не би било докажано, нешто што не би било додефинирано. Овде станува збор за закон кој што е целосно издржан, овде станува збор за закон кој што ги гаранатира правата и слободите на граѓаните, овде станува збор за чувањето на интергритетот и суверентитот на Република Македонија, на станвуа збор за никакви злоупотребите. Злоупотребите беа во минатото и треба да завршат, дали тоа беше она: ало, Зечевиќ јави се.
Рафис Алити: Благодарам.
Контра реплика има пратеникот Цветанка Иванова, повелете.
Цветанка Иванова: Благодарам потпретседателе.
Жалам што имам само една минута. Значи, не реагираат само невладините организации. Ако мислите поинаку, каде е мислењето на Европската комисија за овој закон? Нели овој закон го носевме со европско знаменце, нели сите измени треба да одат со европско знаменце, нели законите кои што ги носиме со европско знаменце се носат во посебна процедура во ова Собрание. Донесени ли се овие измени во ова Собрание? Молам да ми одговорите. Друга работа, не се косел овој закон со Законот за следење на комуникации. Не да се коси, како што вие викате, туку целосно го дерогира законот за следење на комуникации затоа што со овој закон се уредува друга постапка без да има упатна одредба. И за какви луѓе се работи за нас, а за какви луѓе се работи за вас, убаво кажале граѓаните, анкетата многу ја милувате 45% велат дека Македонија оди во погрешна насока, 38% рекле дека животот им е влошен, 56% викаат дека Владата нема план за излез од кризата и 48% бараат Груевски да не биде повторно избран. Еве каква е анкетата, ако вие толку ја сакате.
Рафис Алити: Благодарам.
Реплика има пратеникот Живко Пејковски, повелете.
Живко Пејковски: Благодарам почитуван потпретседателе, почитувани колеги пратеници, почитувана колешке Иванова.
Која колку ќе се задржи на власт кажува народот. Тоја дава, тој зема. А многу убаво знаеме и јас и вие што кажува народот и како кажува. Тоа е една работа.
Втора работа, ајде сега да ги тргнеме малку на страна тие лоши мисли што ги имате. Прво, би се запражал и вас би ве запрашал која би била потребата на некого да ме прислушкува мене, или вас. Прво, убаво знаеме и јас и вие дека не сме државни непријатели. Второ, не сме злосторници. Трето, ниту сме терористи. Четвро, уште помалку сериски убијци. Која би била сега потребата наса да не прислушкуват луѓето и да губат време. Не би имало потреба да се замараат со нас. Треба да ги бркаат сите овие 4 работи кои што ги спомнав. А и кога би се осудиле тоа да го прават, веќе кога одлучиле да прислушкуваат, ако има такви, тогаш прво треба да знаат дека има закон за кој што тие дејности што ги прават во врска со прислушкување, мене или вас, утре, друг ден ќе одговараат по тој закон.
Второ, вие сте правник, јас не сум правник, меѓутоа многу убаво знаете дека колективната одговорност многу одамна ја завршивме. Сега има поединечна одговорност. Сигурен сум дека никој од тие луѓе таму нема да се осудат да ме прислушуваат мене, или вас кои што не спаѓаме во ниту една од овие наведени 4 категории. Заради тоа што утре, друг ден како што самите велите и самите се фалите, ќе дојдете еден ден на власт, знаат дека тие луѓе имаа поединечна одговорност. И од кои причини би се осудиле да не прислушкуваат? И на крајот на краиштата јас од тоа не се плашам, сигурен сум дека и вие не се плашите од сето тоа. Еве слободно можат мене да ме прислушкуваат, нема што да кријам, нема од што да се плашам. Тој што има намери нешто да прави против оваа држава, треба да го прислушкува. Благодарам.
Рафис Алити: Благодарам и јас.
Цветанка Иванова: Благодарам потпретседателе.
Прво, која би била потребата да не прислушкуваат нас? Па се докажува веќе 4 години упорно прислушкувате затоа што сме политички противници, затоа што сакате да следите се што се случува во спротивниот табор. Велите дека кој колку ќе се задржи на власт, одлучува народот. Да, народот одлучува, ама Владата има и механизми за одрежување на власт. Еден од најјаките механизми за одржување на власт да бидете господар на сите информации, на сите случувања. Тогаш не ви треба, доволно е. Вие ќе манипулирате како што ќе манипулирате со граѓаните. Трето, кажавте, дека колективната одговорност одамна е заборавена. Не е господине Пејковски, колективната одговорност повторно вие ја отворивте. Потсетете се на случајот на Јорго Ќука, на случајот со судиката Дума. Ова ви се класични примери за враќање на колективната одговорност во Република Македонија.
Рафис Алити: Реплика има пратеникот Катерина Димеска, повелете.
Катерина Димеска: Почитуван потпретседателе, почитувана колешке госпоѓо Цветанка Иванова.
На почетокот пред да ви реплицирам на дискусијата, сакам да кажам дека ми е многу мило што на вчерашната прослава на ВМРО ДПМНЕ по повод 20 годишнината сте учестувале лично за да го слушнете лидерот на ВМРО ДПМНЕ како ја зборува вистината пред цела македонска јавност, затоа што ние тоа го правиме транспаретно, не го правиме во затворена просторија како што тоа го прави Бранко Црвенковски, затоа што сакаме да слушнат тоа што го мислиме и што го правиме сите граѓаните на Република Македонија и членовите на СДСМ, а вие вчера сте биле на нашата прослава.
Сега сакам да се осврнам на делот на она што го дискутиравте по законот. Почитувана колешке, не и се одземаат ингеренциите на одбрана. Тие следат во делот на одбраната, а тоа е во членот 7 став 7 од пречистениот текст на Законот за следење на комуникации. Тоа е втора работа.
И третата работа која што многу подетално наверојатно ќе ви ја образложи мојата колешка Благородна Дулиќ се осрвнавте на амандманот 19 од Уставот. Сакам да ве потсетам на членот 72, односно на ставот 7 каде што се вели дека операторите на јавните комуникациски мрежи и давателите на јавни комуникациски услуги се должни на барање на надлежните државни органи да им ги достават податоците за сообраќај кога тоа е потребно заради спречување, или откривање на кривични дела заради водење на кривична постапка, или кога тоа го бараат интересите на безбедноста и одбраната на Република Македонија. Тоа е она што го прочитавте во амандманот каде што се вели, само врз основа на одлука на суд, под услови и во постапка утврдена со закон може да се отстапи од правото на неповредливост на писмата и на сите други облици на комуникација, а тоа е неопходно заради спречување или откривање кривични дела, заради водење кривична постапка, или кога тоа го бараат интересите на безбеност и одбрана на Република Македонија. Не сум правник, меѓутоа ова е недвосмислено. Ќе ви се даде подетално образложение и по тој основ. Благодарам.
Рафис Алити: Благодарам и јас.
Контра реплика има пратеникот Цветанка Иванова, повелете.
Цветанка Иванова: Благодарам потпретседателе.
Една минута за одговор на реплика е многу малку. Колешке, јас не бев на прославата затроа што не бев поканета од вас. Тоа зборува за политичката култура која што ја има во ВМРО ДПМНЕ. Ама имам информации дека не сте поминале баш најдобро. Такви митинзи се под нивото на ВМРО ДПМНЕ до сега. Такви митинзи организираме ние во Струмица на локално ниво, како што вие сношти организиравте.
И сега за Законот. Колешке, Катерина Димеска, вие верувате што ќе ви кажат од Министерството за транспорт и врски или читате. Ако читате, ќе го прочиртате ова. На овластениот орган за следење на комуникации, операторите на јавните комуникациски мрежи и давателите на јавни комуникациски услуги се должни да му овозможат постојан и директен пристап до своите електронски мрежи како и услови за самостојно преземање на податоци за сообраќал . Каде ви е Законот за следење на комуникациите.
Рафис Алити: Реплика има пратеникот Благородна Дулиќ.
Благородна Дулиќ: Благодарам потпретседателе.
Колеги само да ве потсетам на Уставот и на законоските одредби кои што се во врска со дискусиите од страна на опозицијата.
Во амандманот 19 се вели: се гарантира слободата и неповредливоста на писмата и на сите други облици на комуникација. Став 2: само врз основа на одлука на суд под услови и во постапка утврдени со закон може да се отстапи од правото на неповредливост на писмата на и на сите други облици на комуникација ако е тоа неопходно заради спречува или откривање кривични дела заради водење кривична постапка, или кога тоа го бараат интересите на безбедноста и одбраната на Републиката. Мислам дека еова многу јасно. Во врска со ова е донесен и Законот за следење на комуникациите каде што во челн 8 вели: следење на комуникции за одредено лице судот може да нареди итн.
Во член 10 алинеја 7 вели: видот, можноста и технички средства кои што треба да се применат и можните локации на средствата од кои ќе бидат следени и комуникациите. Сега јас да ве прашам, обвинителството, судот одредиле да се следат електронски комуникации, меѓутоа операторот ќе рече, немам технички можности, а времето тече. Техничките можности и унапредувања поготово во електронските комуникации е секојдневно. И сега ние колеги како можеме да ги спроведеме законот на комуникации во оваа област, ако не се пристапи кон измената што треба да ја изгласаме денес. На кој начин? Значи ние свесно сакаме да оневозможиме заштита на граѓаните од тероризам, од крадци, од терористи, од било што што е погубно за нашата држава и за граѓаните. И сега кога ќе се обрати судот со решение да изврши тоа и тоа, операторите ќе кажат, немаме технички можности тоа да го направиме. И што сме направиле тогаш? Токму заради тоа драги колеги е пристапено на измената во член 74 и ништо тука нема нејасно. Заштитата на граѓаните ја гарантира Уставот, а како ја гарантира Уставот и вие тоа го знаете преку Уставниот суд не може, за жалбата што не сакате тоа да се спроведе.
Рафис Алити: Благодарам.
Контра реплика има пратеникот Цветанка Иванова, повелете.
Цветанка Иванова: Благодарам потпретседателе.
Почитувана колешке Дулиќ, после оваа изјава и покрај тоа што е покрената иницијатива за измена на Уставниот суд, нема да ве изберат за судија на Уставен суд, затоа што не го читате, политички го читате уставниот амандман. Читајте само врз основа на одлука на суд под услови и во постапка утврдени со закон кој се донесува со двотретинско мнозинство. Тој закон е само Законот за следење на комуникации и ништо друго. Ако сте сакале да уредувате прашања кои што се поврзани со следењето на комуникации, не со техниката, тоа требало да го направите со Законот за следење на комуникации. Вие не гледате дека ви се воведуваат две посебни специјални истражни мерки кои што се уредени со Законот за кривична постапка. И тој закон се носи со двотретинско мнозинство. Не може да дерогирате закони вака со решенија кои што ги вметнувате во посебни закони за да си ја постигнете вашата политичка цел.
Рафис Алити: Благодарам.
Тука ќе прекинеме со седницата.
Објавувам пауза до 15,15 часот.
(Пауза од 14,17 часот)
(По паузата седницата продолжи со работа во 15,20 часот)
Светлана Јакимовска: Продолжуваме со работа.
Има збор госпоѓа Бендевска Весна, повелете.
Весна Бендевска: Благодарам госпоѓо заменик претседател.
Тројца колеги од ВМРО ДПМНЕ ќе го слушаат последниот обид од опозицијата, последниот апел, пратениците од ВМРО ДПМНЕ да не гласаат повторно антиевропски закон. Затоа сум спремна наредните 10 минути да елаборирам.
Каде ви е Силвана Бонева, почитувани колеги, вашата координаторка која потоа ќе се чуди од каде тоа опозицијата импутира дека ќе добиеме негативен ивештај о.г. Со гласање на антиевропски закони, почнувајќи од Бонева, завршувајќи таму на последната најнова колешка,ќе гласате антиевропски закон, бидејќи по кој знае кој пат демагогијата на ВМРО ДПМНЕ буквално е разбиена. Овој закон е антиеворпски, во оној дел за кој елабориравме и прво читање, имавме поднесено и амандмани и заменик министерот си се занимава од него не зависи. Не дека е припадник на Социјалистичката партија, туку буквално ова е еден од законите кој во концепт се носеа, а сите до еден значат потреба да се навлезе и да се наруши во приватноста на секој граѓанин во Република Македонија. Лага број 1 е, дека овој закон се усогласувал со Законот за следење на комуникација, лага број 2 што е уште поголема дека со овој закон и со решенијата во Законот за елекетронски комуникации ќе сме добиеле претпоставка за поефикасна борба против организиран криминал и корупција. Ајде ве молам. Па се докажа дека главни државни непријатели на Никола Груевски најмалку му се луѓето кои навистина можеме да ги цврстиме во луѓе кои вршат криминал и корупција. Тие не се непријателите. Тие се заштитените. 4 години се заштитуваат, државните непријатели се бараат во опозицијата, во медиумите,во невладините организации, во бизнисмените, во секој, се разбира или не е истомисленик со Груевски и груевистите, бидејќи сега тоа е од синоќа веќе јасно. ВМРО ДПМНЕ не можеме како популација да ги наречеме, веќе јас не ги разбирам како ВМРО-вски. Вчера имаше митинг груевистите има митинг, по мене, по мое длабоко убедување. Законот за внатрешни работи, Законот за следење на комуникации, измените септември 2008, Законот за националната криминалистичо разузнавачка база на податоци и токму овој закон за електронски комуникации, служат само за едно, да се бајпасираат, основниот матичниот закон за следење на комуникации и Законот за заштита на лични податоци и Законот се разбира за кривична постапка. Кога го носевме 2006 Законот за следење комуникации, го носевме само за да ја стесниме можноста за злоупотреба на следење на комуникации. Сега тоа се бајпасира. На вас почитувани колеги кој ќе го гласате овој закон, и кој ќе имате директна одговорност за негативниот извештај што ќе следи во претпоставувам во еден дел ќе биде спомнат и овој закон, ќе мора да обрнете внимание дека треба да гласате во функција на граѓаните. Пред неколклу дена на јавната расправа знаете колку од вас се пријавивте за говор на тема инклузија на невладиниот на граѓанскиот сектор во процесот на креирање закони и политики. Малку ви се овие мислења. Мислења на Метаформозиз фондација за одржливи информатички решенија, членка на асоцијацијата на европски дигитални права ЕДРИ, која вели вака: мислењето гласи - повик за заштита на приватноста на граѓаните. Транспареност Македонија вели ерозија на приватноста во Република Македонија. Хелсиншки комитет, приватноста под лупа. Каде ви се вашите заложби за почитување на мислењето на невладините организација кои работат на ова поле. Чиста демагогија правите. Вие едно говорите на говорница, друго работите на терен. И тоа се разбира треба да се санкционира. Инаку овие закони служат да ја задоволат веќе класичната параноја на вашиот лидер Груевски. Дека е параноичен, покажа и вчерашниот митинг, кога беа проверувани шахти, која 14 часа, беше затворена улицата само да се види дали има некоја ситна мува. И почитувани колеги, среќа што законот не е стапен веќе во сила.
Сега на пузата побарав инсајдерска информација, бидејќи има чесни, дури и припадници на ВМРО ДПМНЕ кои признаа дека вчера собирот го следеа помалку од 12 илјади луѓе. Бидејќи Илија Димовски говореше, дека се кој знае колку, меѓу 20 и 50 илјади. Само 12 илјади луѓе. И се разбира дека со решенијата од овој закон ќе мора нели, да се обезбеди претпоставка, да се следи секој за да може да се рекетира и тоа од највисоко државно ниво. Ниту е наивно, ниту е така едноставно да преминете и да гласате за ваков закон. На ваш терет, на ваша совест ќе биде. Исто како Законот за заштита од дискриминација. Ви упатувавме дека се работи за Закон кој е спротивен на европските директиви, вас тоа ништо не ви значеше. Криевте писма, одлуката ја донесовте сега, почлитувани колеги имате уште три минути да го смените вашето мислење. На 4 јуни невладините организации кои се потпишани и меѓу кои има и граѓани на Република Македонија кои дадоа лична поддршка до вас, да го примите апелот кој значи 6 причини зошто не смеете да го поддржите овој закон.
Причина број 1. - Затоа што е спротивен на нашиот Устав. Затоа што навлегува во слободата на комуникации и навлегува длабоко во приватноста која е заштитена со членот 25 од Уставот.
Причина број 2. - Со овој закон се прекршува европската конвенција за човекови права, ние сме ја ратификувале. Таа е дел од нашиот правен систем. Немојте да се залажувате и немојте повторно да аминувате закон, за кој се разбира во извештајот повторно ќе добиеме црвен сигнал.
Трето, овој закон не е во согласност со директивата 136 од 2009 година. Сосема спротивно од она што го тврдат претставниците на Министерството за транспорт и врски.
Причина број 4. - Со овој Предлог закон скандалозно се проширува основата за следење на комуникациите, со што се поништува и дерогира Законот за следење на комуникациите, двотретински закон и Законот за кривична постапка, двотретински изгласан од Собранието.
Петта причина - За која не треба да имате дилема кога ќе гласате против Законот е тоа што со ваквите решенија Министерството за внатрешни работи ќе има постојан и директен пристап до електронските комуникации, што вероватно ќе не сврста во единствената земја во светот, во која државен орган има вакви овластувања без никаква можност за контрола.
И шесто, што е најважно некоја од колешките, ми се чини Димеска, кажа ова ќе е придобивка за граѓаните. Колешке Димеска излезете и на граѓаните вака ќе им кажете. Со овој закон, на комерцијалните оператори, Министерството за внатрешни работи му налага скапа опрема, за да може нели да го пуштаат директно сигналот во Министерството, а тоа ќе чини пари, кои ќе ги наголеми услугите кои директно ќе ги плаќаат граѓаните. Затоа немојте да манипулирате граѓаните од ова ќе имаат двојна штета. Ем ќе бидат прислушкувани, ем ќе плаќаат повисоки услуги кои ќе ги бараат комерцијалните оператори. Затоа, вашите манипулации, вашите тези апсолутно не држат. И за тоа ви говорат, навистина една група на невладини организации, кои на 4 јуни во присуство на експертска јавност го кажаа своето мислење по ваквите предлог измени.
И на крај, колега Цветанов, пошто претпоставувам дека ќе имаме можност и да реплицираме и контрареплицираме, ќе бидете љубезни, бидејќи гледам дека се јавувате како вонреден познавач на овој систем на следење на комуникации. Ќе може ли да ја објасните барем германската шема, како тоа во Германија се следи, се издава наредба за следење на комуникации и како е тоа контролирано. Јас се надевам дека ќе имаме можност конечно пред граѓаните да ги спротивставиме ставовите. Затоа само за на крај уште 20 секунди. Антиевропски измени овде, европски донесен закон. Ова нема да помине. Колеги, заради и во функција и во интерес на граѓаните на Република Македонија, за да направиме последен обид, да добиеме макар неутрален извештај годинава ве молам, немојте да давате поддршка на ваков закон.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Има реплика господинот Грозданов Цветко, повелете.
Цветко Грозданов: Благодарам претседателе.
Зборувавте за лаги. Најголемата лага 15 септември. Господинот Арсен Лупен пардон, се извинувам господинот Бранко Црвенковски, укажа на тоа дека на тој ден, и после тој датум ќе имаме по едно вработување во државата. Госпоѓо Бендевска не е ништо случајно, вие сте продолжување на лагите на вашиот претседател господинот Бранко Црвенковски. Кажувате за дирекцијата за заштита наподатоците, затоа нареков дека е лага, огромна лага, во кое што еве го документот, потпишан и во последната реченица пишува во однос на текстот на Предлогот на законот, Дирекцијата дава позитивно мислење, ако го немате ќе ви го умножам да ви го дадам. Немојте да манипулирате со фактите, немојте да лажете. Ова се податоци од Агенцијата за заштита на податоците, на личните податоци.
Второ, зборувате за она што е следење на комуникациите. Денеска не станува збор за никаква промена во Законот за следње на комуниакција. Денеска станува збор за она што се нарекува лекс специјалис и лек генералис. Станува збор за усогласување на материјата која што ја предвидува Законот за следење на комуникации со Законот за електронски комуникации. И ќе ви кажам уште еднаш. Она што го кажувате од метаморфозис, постојајни и директен пристап до електронските комуникации. Тоа претставува само усогласување на техниката и техничките работи во однос на набавката на техничката опрема од страна на операторите. Ако сите оператори имаат различите техника, тогаш инфорамциите од институциите кои што треба да се грижат за доведувањето или за преземањето на самата информација може да се доведе во прашање. И јас на крајот сум згранет. Кога претседателката на Комисијата укажува на тоа дека криминалци, криминални сруктури, терористи, и луѓе кои што се во групацијата на организираниот криминал, треба да му обезбедиме основни човекови права и слободи, основно движење, да не знаеме каде се движат, за разлика од нив, значи 99% од населението во Република Македонија треба да страда, треба да се плаши, треба да се плаши кога ќе излезе во сопствениот двор, треба да неможе да продолжи, значи да има движење во територијата на Република Македонија, треба да се плаши за својот имот, треба да се плаши да инвестира затоа што некој, кој што не ќе може значи институцијата да го спречи сето тоа, ќе може да добие или да се стекне со одредено богатство. Тоа се случуваше во 2002 до 2006 година. Тој филм не го гледате повеќе.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Госпоѓа Весна Бендевска има контра реплика.
Весна Бендевска: Колега Грозданов вашата опседнатост со Бранко Црвенковски ја сфаќам, ја разибрам и ие неопходна. И одразува страв и навистина треба да се плашите.Вчера собравте помалку од 12 илјади луѓе.
Јас сега ќе ви кажам изјава на Бранко Црвенковски од 16 јуни 2010 година. И тоа ќе го цитирам, вели вака и се однесува лично до вас. Ние сме за победничка Македонија. - Тоа е нашиот слоган со кој ги повикувам сите наши граѓани без разлика на нивната партиска етничка или верска определба да ни се пдридружат. Господине Цветко Грозданов, имате лична покана од Бранко Црвснковски да се придружите и да станете дел од граѓаните, кои на 27 јуни навистина ќе бидат предводници на она што значи симнување на диктаторски режим и навистина означување на европската иднина на Македонија.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Ова е јавна понуда, таа има обврска.
Дулиќ Благородна има реплика, повелете.
Благородна Дулиќ: Морам да кажам дека апелот да не гласаме за овој закон не фати место, прво никаков аргумент не се кажа и не е ни чудно затоа што не е тоа факт на колешакта.
Меѓутоа мене ме чуди она застапување од правниците кои што се сметаат и мегуврвни правници во рамките на СДСМ што изнесоа работи кои што немаат врска со правото, и немаат врска со законот, и нема врска со толкување на законските прописи.
Колеги, тоа е во сите држави кои што држат до себе едно јасно. Државната безбедност, општа безбедност на граѓаните е на право место и во име на тоа се дозволува ограничување на индивидуални права на поединци. Сега ние крокодилски солзи лееме за оние кои се потенцијални извршители на кривични дела од кои општеството сака да се заштити на начин како што е пропишано во Законот за следење на комуникации. Ако е тоа така, мислам дека е неспорно, дека електронските комуникации се дел од овој закон, од Законот за следење на комуникациите, како можеме да кажеме да не се обезбедат услови и во тој домен да се примени Законот. Вие заправо тоа го потенцирате, никако да не се обезбеди државните органи кои се надлежни за прогон да не влезат во електронските комуникации кои сега се софистицирано и основно средства за комуницирање помеѓу лицата кои дејствуваат како организиран криминал, не само во земјата туку и надвор од неа. Како ќе се поврзиме ние со надвор кога на исти начин се постапува во сите европски земји и ние сега велиме дека тоа е антиевропски закон. Не ми одговоривте како е тоа антиевропски закон.
Трајко Вељаноски: Процедурално госпоѓа Цветанка Иванова, повелете.
Цветанка Иванова: Благодарам.
Јас очекував дека колешката Благородна Дулиќ ќе ја прекинете во делот на репликата, согласно член 89 став 2 од Деловникот. Имено, пратеник се пријавува за реплика на говор на пратеник на кого сака да му реплицира. Дел од репликата на колешката Дулиќ упатена кон Весна Бендевска, се однесуваше кон мене затоа што единствено од пратеичката група кој зема збор по овој закон, а е правник, тоа сум јас. Затоа сметам дека требаше да ја прекинете.
Доколку колешката Благородна Дулиќ сакаше да спротивстави со мене аргументи, имаше можност, според Деловникот, да се пријави за дискусија, сите ние да го видиме нејзиниот став, особено нејзиниот правен став околу овој закон. Колку сакате зборувајте на реплики, не можете да го симнете чувството на граѓаните дека со секој нов донесен закон укинувате уште едно и уште едно право на граѓаните. На крај мислам дека Уставот и нема да е потребен во делот на основните човкови слободи и права.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
За жал и вие одредбите од Деловникот ги злоупотребивте сега, за да го искажете својот став спрема репликата на госпоѓа Благородна Дулиќ.
Контра реплика има госпоѓа Весна Бендевска, повелете.
Весна Бендевска: Благодарам.
Колешке Дулиќ, ќе гласате антиевропски закон бидејќи е спротивен на директивите и сега ќе ви кажам како е решено прислушкувањето во Германија.
Таму не е дозволен директен линк помеѓу Министерството за внатрешни работи и комерцијалниот оператор. Вака изгледа шемата, полицијата и тајните служби доставуваат барање директно до Јавното обвинителство и судот, еднострана комуникација, само Јавниот обвинител и судот стапува во контакт со независен државен оператор кој е буквално формиран само за да биде посредник во следењето на комуникацијата. Само тој независен државен оператор има право потоа да стапи во контакт со комерцијалните. Во тоа време, 24 часовно време, Комисија од Бундестагот може да врши во било кое време контрола дали во следењето на комуникации можно е да се изврши злоупотреба. Така изгледа во Германија, а во диктаторска земја како Република Македонија буквално Мијалков ви ги следи и вашите телефони колешке.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Госпоѓа Димеска Катерина има реплика, повелете.
Само ве молам соодветни зборови да употребуваме.
Катерина Димеска: Благодарам почитуван претседателе.
Почитувана колешке Бендевска, сакам една работа да ви потенцирам и да ја сфатите. Значи, едно е битно дека на Поткомитетот за стабилизација и асоцијација одржан на 28.01.2010 година дадено е почитувана колешке позитивно мислење по Предлог измените и кажано е дека се усвоени и имплементирани забелешките на Европската унија. Тоа е првата работа.
И втора работа почитувана колешке, обврска од Поткомитетот за стабилизација и асоцијација, одржан на 28.01.2010 година е после усвојување на измените од страна на Собранието на Република Македонија истите повторно да се вратат во Европската унија, за да нема простор да правиме нешто што не е усогласено со европските директиви.
Зарем мислите почитувана колешке дека Владата е несериозна да си оди сама против себе и да постапува согласно препораките кои ги дава Европската унија? Не, колешке, оваа Влада е одговорна, оваа Влада ги следи препораките на Европската унија и точно тоа го прави со овие Предлог измени кои сака да ги усогласи со препораките кои се дојдени од страна на Европската унија.
И трета работа, ме прозвавте и ме прашавте што ќе добијат граѓаните со Предлог измените што сега ги имаме пред нас, еве ќе ви кажам што ќе добијат: обезбедување на целосен телефонски именик, телефонска служба за информации на сите оператори, јавни говорници прилагодени за лицата со посебни потреби почитувана колешке, фиксна телефонска линија на било која локација на Република Македонија по прифатлива цена, без надомест по барање на претплатниците во рок од пет дена од денот на приемот на барањето ќе им се достави детална сметка со приказ на поединичните податоци за сите телефонски услуги. Со воведување на рокот за решавање на спорот во случај на приговор за максимум до 42 дена, значи се воведува таков рок, доколку претплатникот поднесе приговор за износот на сметката, операторот не смее истиот да го исклучи се до донесување на конечна одлука, а претплатникот е должен да го плати износот на месечната претплата во определениот рок и многу други предности кои следуваат со овој закон. Меѓутоа, изгледа вие не сакате тоа да го сфатите, сакате да правите политика од еден закон кој што Владата има намера сериозно да го усогласи со препораките на Европската унија и истиот закон да биде во согласност со она што значи директиви на Европската унија. Тоа се прави со овој закон, се друго е политика.
Трајко Вељаноски: Благодарам.
Госпоѓа Бендевска Весна има контра реплика, повелете.
Весна Бендевска: Колешке Димоска кажавте лага, значи нема да кажам многу помеко, лага. На 28 јануари 2010 година во Брисел на Поткомитетот за иновации и информатичко општество и социјална политика доставивте верзија од законот каде што не ги вклучивте членовите каде што се предвидува незаконско следење на комуникациите. Тука кажете ми основен и ординарен, ако Поткомитетот дал зелено светло, каде вие на законот европското знаменце? Ќе ја сносите одговорноста за лагите и за гласањето повторно на антиевропски закон и не ви е прв пат. Во Брисел око не и трепна на оваа Влада да оди со една верзија на Законот за антидискриминација, да ја добие визната либерализација, а после вие, меѓу кои лично вие Катерина Димеска го гласавте се разбира со подршка на Трајко Вељаноски кој го сокри писмото од европарламентарците, го гласавте сами антиевропскиот закон за дискриминација. Не ви е прв пат, се плашам вакви случаи нема да ви бидат ни последни.
Трајко Вељаноски: Благодарам, заврши времето за контрареплика.
Инаку, тоа писмо ќе ви го урамам и на вас лично ќе ви го дадам.
Бидејќи е исцрпена листата на пријавени за збор, констатирам дека претресот по членовите 2, 11, 19, 27, 28, 30, 56, 59, 88 и 90 е завршен.
Врз основа на член 156 став 2 од Деловникот на Собранието, за седницата на Собранието не се поднесени амандмани на Дополнет предлог на закон.
Поради тоа што Собранието не усвои ниту еден амандман на Дополнетиот предлог, врз основа на член 162 од Деловникот на Собранието, преминуваме на гласање по Предлогот на законот во целина.
Предлогот на законот во целина го ставам на гласање.
Ве повикувам да гласаме.
Вкупно гласаа 65 пратеници. Од нив за Предлогот на законот гласаа 55, еден воздржано, 9 против.
Констатирам дека Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за електронски комуникации.
Повелете госпоѓо Иванова Цветанка.
Цветанка Иванова: Без оглед на начинот на кој што е забележано моето гласање, еднаш притиснав против, не се регистрира и често пати знае...
(Смеење во салата)
Не е смешно. Еве, јавно ќе кажам дека јас гласав против, меѓутоа е забележан мојот глас за и барам да се забележи мојот глас против.
Трајко Вељаноски: Да се сослушаме. Веројатно погрешно сте притиснале, но во секој случај службите ќе забележат дека вие сте гласале против, ако тоа ве задоволува, немам против.